Уживајте во вашата музика максимално со
WF-C700N
WF-C700N
Овие потполно безжични слушалки за во уво со поништување на шум не само што се неверојатно лесни и водоотпорни согласно стандардот IPX4, тие можат и да ја подобрат целата ваша музика - за да потонете во неа без ограничувања. Овој водич ќе ви понуди совети за поставување, инструкции за функциите, поддршка и грижа за производот по купувањето.
Откријте што може да направите со вашите нови слушалки.
Запознавање
Прво користење на вашите слушалки
При првото вклучување на слушалките, режимот за впарување се активира автоматски. Потоа има три начини за впарување на WF-C700N со вашиот уред.
Google Fast Pair
Ставете ги слушалките во режим на впарување во близина на вашиот телефон со Android и Fast Pair ќе ги поврзе со еден допир.
Swift Pair
Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат инструкции за впарување.
Рачно впарување
Кога слушалките се ставени во отворена футрола за полнење, притиснете и задржете врз копчето на задната страна на футролата 5-7 секунди. Индикаторот ќе почне да трепка во сина боја.
Извлечете максимум од вашите
слушалки WF-C700N со Sony| Headphones Connect
слушалки WF-C700N со Sony| Headphones Connect
Преземете Sony | Headphones Connect за да ги прилагодите поставките, како поврзување со повеќе уреди*, режим за амбиентален звук и многу повеќе. Многу од поставките спомнати на оваа страница може да се прилагодат по ваша желба преку апликацијата. За да пристапите до сите достапни функции во апликацијата мора да се најавите или да направите сметка.
*Потребно е ажурирање на фирмверот. Ќе стане достапно на лето 2023 година.
Каква функција имаат копчињата?
Левото копче на WF-C700N ви овозможува да избирате помеѓу поништување на шум и режим за амбиентален звук со едно притиснување. Со десното копче може да репродуцирате, паузирате или прескокнувате песни.
Двете копчиња нудат лесен пристап до гласовниот помошник на вашиот телефон и примање повици без користење на рацете.
Јачината на звукот може да ја зголемите со притиснување на десното копче 4 пати или повеќе, или да ја намалите со притиснување на левото копче 4 пати или повеќе. За контролата на јачина на звук може да биде потребно ажурирање на фирмверот.*
*Ќе стане достапно на лето 2023 година
Поврзување со повеќе уреди
Поврзете ги вашите слушалки со два уреди со Bluetooth® истовремено, за да можете да чекате дојдовни повици на едниот уред и да слушате музика од другиот уред.
Забелешка: За функцијата е потребно ажурирање на софтверот, што ќе стане достапно на лето 2023 година. Фирмверот може да го ажурирате преку апликацијата Headphones Connect.
Функции на звук
Приспособлива контрола на звук
Приспособливата контрола на звук е паметна функција која открива што се случува околу вас и ги прилагодува поставките за поништување шум или амбиентален звук за да овозможи идеално доживување при слушањето.
Активирање и прилагодување приспособлива контрола на звук
Отворете ја апликацијата Headphones Connect и вклучете ја за да го користите нејзиниот зададен режим за откривање.
Ако сакате да го приспособите, тогаш прилагодете ги поставките за поништување шум или снимање надворешни звуци во апликацијата.
Оптимизирано менување на поставките
Оваа функција учи како ги користите слушалките кога е активна приспособливата контрола на звукот и ги менува поставките во оптимално време.
Активирајте ја функцијата и следете ги пораките за да се најавите на вашата сметка на Headphones Connect.
Поставки врз основа на движења
Апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и што правите. Потоа автоматски ги прилагодува поставките како поништување на шум и амбиентален звук. На пример, ако трчате, нивото на амбиентални звуци може да се зголеми, или да се намали ако седнете во кафе-бар.
Како да почнете да користите поставки врз основа на движења
Во Headphones Connect, на картичката Статус, изберете ја стрелката за десно покрај функцијата за приспособлива контрола на звук.
Вклучете Приспособлива контрола на звук, потоа кликнете на иконата во вид на запчаник покрај „Откривање движења“. Така ќе се прикажат зададените поставки за секое движење: стоење, одење, трчање и транспорт.
Може да ги задржите зададените поставки или да ги промените, на пример, да го зголемите нивото на амбиентален звук кога пешачите за да слушате сè околу вас.
Поништување шум и фокусирање гласови
Изолирајте се од светот и слушајте тоа што сакате - ништо или само гласови.
Како да го прилагодите поништувањето на шумот
Не пропуштајте ги омилените звуци, независно каде се наоѓате. Приспособливата контрола на звукот го поништува надворешниот шум, а воедно ги пропушта гласовите за да не пропуштите важни известувања, на пример, при секојдневните патувања.
Однапред поставени параметри за амбиентален звук
Засилувањето на амбиенталниот звук со 20-те однапред поставени параметри ви овозможува да слушате поприроден амбиентален звук, дури и кога ги носите слушалките. Треба само да го поместите лизгачот во поставките за контрола на амбиенталниот звук.
Фокусирање гласови
Користете и „Фокусирање гласови“ за да ги подобрите гласовите и да го намалите шумот за да можете да разговарате без да ги извадите слушалките. За да го направите тоа, треба да го означите полето „Фокусирање гласови“.
Менување на поставките според локацијата
Поставете ги слушалките да ги менуваат поставките по ваша желба за местата што редовно ги посетувате.
Квалитет на звукот
Прилагодете ги поставките на еквалајзерот и поставките за проследување и зголемување на квалитетот за да уживате во подобро доживување при слушањето.
Прилагодете го звукот по ваша желба
Пронајдете звук што е совршен за вас и содржините што ги слушате со помош на еквалајзерот, поставките за висококвалитетен Bluetooth® и подобрување на звукот со DSEE. Во апликацијата „Sony | Headphones Connect“, одете во [Sound] (Звук) за да пристапите до овие функции и да ги прилагодите.
Јасни повици
Сигурни повици во секое време со функции за одговарање без користење на рацете и намалување на шумот од ветер.
Како се оптимизира квалитетот на повиците
Лесно воспоставување повици без користење на рацете благодарение на вградениот микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Мрежестата структура околу микрофонот го минимизира шумот предизвикан од ветер за време на повиците, за вашиот глас секогаш да се слуша јасно, дури и на отворен простор.
Уживајте во звук од сите страни
Дознајте како да уживате во ново аудиодоживување со револуционерниот 360 Reality Audio.
Слушалки со сертификат за 360 Reality Audio
360 Reality Audio нуди прекрасно музичко доживување со кое вашите слушалки WF-C700N создаваат сферично звучно поле од 360 степени - за да уживате во музика од сите страни. Отворете ја апликацијата Sony | Headphones Connect за да започнете.
Како да слушате 360 Reality Audio
Почнете да слушате 360 Reality Audio и дознајте како да проследувате песни со 360 Reality Audio од телефонот.
Практични функции
Дознајте како работат функциите за гласовен помошник, брзо полнење и употреба на една слушалка.
Гласовен помошник
Дознајте како да користите гласовен помошник со вашите слушалки WF-C700N. Треба само да кажете „Hey Google, what is the weather today?“ за да одлучите дали да го понесете палтото пред да излезете.
Како да го користите гласовниот помошник
На десната слушалка, притиснете го и задржете го копчето за да ја активирате функцијата за гласовен помошник. Така ќе активирате Google Assistant (Android) или Siri (iPhone) и ќе добиете помош без да ја исклучите вашата музика.
Брзо полнење
Енергија за цел ден и брзо полнење.
Колку брзо се полни?
Слушајте до 15 часа* благодарение на практичната футрола за полнење - добијте 7,5 часа од слушалките и уште 7,5 часа од футролата за полнење.
Ако се брзате, со брзото полнење од 10 минути ќе добиете максимум еден час за репродукција.
* со ВКЛУЧЕНО поништување на шум
Една слушалка
Идеално за вршење повеќе процеси истовремено.
Слушајте музика додека разговарате
Ако сакате да слушате музика додека разговарате со некого до вас, отстранете само една слушалка од футролата за полнење и користете ја како вообичаено.
Грижа по купувањето и поддршка
Чистење на вашите слушалки
Дознајте како да ги чистите вашите слушалки WF-C700N правилно, без да ги оштетите.
Чистење на вашите слушалки
Чистете ги слушалките редовно за да бидат во оптимална состојба. Ако слушалките или футролата за полнење се валкани, избришете ги со мека сува крпа.
Ако слушалките со микрофон се многу валкани, натопете крпа со раствор од неутрален детергент и исцедете ја добро пред да ја искористите за чистење на слушалките. Не користете разредувач, бензен или алкохол бидејќи можат да ја оштетат површината на слушалките или да предизвикаат други штети.
Ажурирања на фирмверот
Ажурирајте ги вашите слушалки со најновите верзии на фирмверот.
Каде да го пронајдам најновото ажурирање на фирмверот
Ако ја користите апликацијата Sony | Headphones Connect, таа ќе ве извести кога ќе има ново ажурирање за преземање.
Ажурирајте го фирмверот на слушалките со најновата верзија за да ги добиете сите подобрувања и корекции на грешки.
Ако сè уште не сте ја преземале апликацијата Headphones Connect, тогаш преземете ја преку линковите или QR-кодовите подолу.
Често поставувани прашања
Имате прашање што сакате да го одговориме? Прво погледнете тука и дознајте повеќе за најчесто поставуваните прашања од други корисници на слушалките WF-C700N.
- Активирајте го режимот за впарување на слушалките (притиснете го и задржете го копчето за вклучување 5 секунди).
- Овозможете Bluetooth® на вашиот лаптоп/компјутер.
- Впарете го и поставете го уредот.
- Активирајте го режимот за впарување на слушалките (притиснете го и задржете го копчето за вклучување 5 секунди).
- Активирајте впарување кај вториот уред. Инструкциите се различни во зависност од уредот - следете ги упатствата во следната статија за повеќе информации.
Електронското коло за поништување шум го открива надворешниот шум користејќи вградени микрофони и испраќа еднаков, но спротивен сигнал за поништување во слушалките. Со создавање на спротивниот сигнал, слушалките блокираат голем дел од надворешните извори на звук. Сепак, важно е да не заборавите на следното:
- Ефектот може да не е забележлив во тивки опкружувања, а можно е и да слушнете некои звуци. Ако има мал амбиентален шум, ви препорачуваме да не ја вклучувате функцијата за поништување шум, бидејќи ѝ треба амбиентален шум за да работи оптимално.
- Поништувањето шум не продолжува да биде активно при телефонски повици. Иако ве заштитува од шумот во вашето опкружување, вашиот соговорник најверојатно ќе го слуша шумот во заднина.
За повеќе информации, прочитајте ја следната статија.
Звукот може да патува само ако има медиум што ќе го транспортира, како воздух, вода, стакло или метал. Ако застанете во празна соба со звучник што репродуцира музика, тогаш ќе можете да ја слушнете музиката. Меѓутоа, ако воздухот од таа соба се отстрани, звучникот ќе продолжи да функционира, но нема да можете да слушнете никакви звуци бидејќи ќе нема медиум за транспортирање на звучните бранови.
Кога користите поништување на шум може да слушате надворешни звуци поради:
- Заробен воздух помеѓу вашиот аудиоуред и ушното тапанче.
- Различни нивоа на високи тонови. Поништувањето шум функционира најдобро кога високите тонови во амбиенталниот шум имаат мал или среден интензитет и шумот е константен. На пример, моторот на авионот создава константен звук со мал интензитет, што значи дека нивото на звук што го слушате не се менува. Спротивно на тоа, кога некој говори, звучните бранови се распространуваат според јачината на звукот и енергијата што се создава за секој збор. За разлика од моторот на авионот, интензитетот на говорот се менува често. Затоа може да слушнете како некој говори покрај вас.
Прочитајте ја статијата за да дознаете како да го подобрите поништувањето на шумот.
Проверете ги спецификациите на вашиот уред на страницата за поддршка за модели, за да утврдите дали вашиот телевизор и слушалките, звучниците и звучникот во вид на лента со Bluetooth® поддржуваат A2DP (Advanced Audio Distribution Profile).
Ставете го поврзаниот уред каде што го користите со слушалките и репродуцирајте музика или звук најмалку 2 минути. Потоа, веднаш допрете "Help" во апликацијата "Sony | Headphones Connect" и изберете "Проверка на јачината на Bluetooth-сигналот" за да ги прикажете резултатите.
- Поврзете ги слушалките со компјутерот преку Bluetooth®. Инструкции за впарување ќе пронајдете во водичот за помош на слушалките.
- Потврдете ги поставките на апликациите за видеоповици. Прочитајте ја статијата подолу за да дознаете повеќе информации.
Водич за помош
Дознајте сè што треба да знаете за WF-C700N.
Поддршка и новости
Добивајте информации за најновите ажурирања на фирмверот, вести и известувања.