Слушнете колку многу може да постигнат вашите слушалки WF-1000XM5

Задлабочете се во звукот и дознајте како да извлечете максимум од вашите нови слушалки WF-1000XM5. Тука ќе дознаете како да ги користите и приспособувате лесно достапните функции за да го прилагодите звукот по ваша желба.

Откријте што сè можат да ви понудат вашите слушалки
Запознавање
Прво користење на вашите слушалки

При првото вклучување, слушалките автоматски ќе преминат во режим на впарување. Потоа има три начини за впарување на WF-1000XM5 со вашиот уред. 

fast pair
Google Fast Pair

Ставете ги слушалките во режим на впарување во близина на вашиот телефон со Android и Fast Pair ќе ги поврзе со еден допир. 

swift
Swift Pair

Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.

рачно
Рачно впарување

При првото вклучување, слушалките автоматски ќе преминат во режим на впарување. За секое следно впарување треба да го притиснете и задржите копчето за вклучување 5 секунди. Индикаторот ќе почне да трепка по двапати и ќе ја слушнете пораката „впарување“.

headphones connect
Извлечете максимум од
слушалките WF-1000XM5 со Sony | Headphones Connect

Преземете Sony | Headphones Connect за да ги прилагодите поставките, како поврзување со повеќе уреди, режим за амбиентален звук и многу повеќе. Многу од поставките спомнати на оваа страница може да се прилагодат по ваша желба во апликацијата. За да пристапите до достапните функции во апликацијата мора да се најавите или да направите сметка.

Како да ги носите
Погледнете како може да добиете најостар звук

Погледнете го видеото за да дознаете како да ги вметнете вашите слушалки за да добиете најквалитетен звук.

Поврзување со повеќе уреди

Поврзете ги вашите слушалки со два уреди со Bluetooth® истовремено, за да можете да чекате дојдовни повици на едниот уред и да слушате музика од другиот уред.

Функции на звук
Приспособлива контрола на звук 

Приспособливата контрола на звук е паметна функција која открива што се случува околу вас и ги прилагодува поставките за поништување шум или амбиентален звук за да овозможи идеално доживување при слушањето.

приспособлива контрола на звук
Активирање и прилагодување приспособлива контрола на звук

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и вклучете ја за да го користите нејзиниот зададен режим за откривање.

Ако сакате да го приспособите, тогаш прилагодете ги поставките за поништување шум или снимање надворешни звуци во апликацијата.

оптимизирајте
Оптимизирано менување на поставките

Оваа функција учи како ги користите слушалките кога е активна приспособливата контрола на звукот и ги менува поставките во оптимално време.

Активирајте ја функцијата и следете ги пораките за да се најавите на вашата сметка на Headphones Connect.

Поставки врз основа на движења

Апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и што правите. Потоа автоматски ги прилагодува поставките како поништување на шум и амбиентален звук. На пример, ако трчате, нивото на амбиентални звуци може да се зголеми, или да се намали ако седнете во кафе-бар.

врз основа на движења
Како да почнете да користите поставки врз основа на движења

Во Headphones Connect, на картичката Статус, изберете ја стрелката за десно покрај функцијата за приспособлива контрола на звук.

Вклучете Приспособлива контрола на звук, потоа кликнете на иконата во вид на запчаник покрај „Откривање движења“. Така ќе се прикажат зададените поставки за секое движење: стоење, одење, трчање и транспорт.

Може да ги задржите зададените поставки или да ги промените, на пример, да го зголемите нивото на амбиентален звук кога пешачите за да слушате сè околу вас.

Поништување шум и фокусирање гласови

Изолирајте се од светот и слушајте тоа што сакате - ништо или само гласови.

Менување на поставките според локацијата

Поставете ги слушалките да ги менуваат поставките по ваша желба за местата што редовно ги посетувате.

Автоматска репродукција
auto play
Автоматска репродукција

Auto Play репродуцира музика и аудиоизвестувања секогаш кога ќе ви бидат потребни. Поставете ја музиката да се репродуцира во време што ќе го изберете, на пример, кога ги ставате слушалките или одите на прошетка за време на паузата за ручек. Аудиоизвестувањата ќе ве потсетат за сите важни настани, без да го вадите телефонот од џеб.

Поврзете се со апликациите Spotify, Endel и Music  за брз пристап до вашата омилена музика и релаксирачки звуци. Апликацијата Auto Play е во бета-верзија, што значи дека нејзините функции може да се променат и подобрат   .

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Како функционира Auto Play

Погледнете го видеото за да дознаете како функционира Auto Play кај
WF-1000XM5

Квалитет на звукот

Прилагодете ги поставките на еквалајзерот и поставките за проследување и зголемување на квалитетот за да уживате во подобро доживување при слушањето.

Прилагодете го звукот по ваша желба

Пронајдете звук што е совршен за вас и содржините што ги слушате со помош на еквалајзерот, поставките за висококвалитетен Bluetooth® и подобрување на звукот со DSEE Extreme.

Уживајте во звук од сите страни

Дознајте како да уживате во ново аудиодоживување со револуционерниот 360 Reality Audio.

Слушалки со сертификат за 360 Reality Audio

360 Reality Audio нуди прекрасно музичко доживување со кое вашите слушалки WF-1000XM5 создаваат сферично звучно поле од 360 степени - за да уживате во музика од сите страни. Отворете ја апликацијата Headphones Connect за да започнете.

Како да слушате 360 Reality Audio

Почнете да слушате 360 Reality Audio и дознајте како да проследувате песни со 360 Reality Audio од телефонот.

Практични функции

 Дознајте како функционираат гласовниот помошник, копчето за брз пристап, безбедното слушање и гестикулациите со глава.

Гласовен помошник

Дознајте како да користите гласовен помошник со вашите слушалки WF-1000XM5. Треба само да кажете „Hey Google, what is the weather today?“ за да одлучите дали да го понесете палтото пред да излезете.

гласовен помошник
Како да поставите гласовен помошник

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и активирајте го гласовниот помошник од картичката за системот. Потоа изберете го гласовниот помошник што го користите (Google, Alexa, Siri) за да започнете.

Приспособување на копчето за брз пристап

Брз пристап до вашата омилена музика.

Брз пристап до вашата омилена музика

Со функцијата за брз пристап, слушалките продолжуваат да репродуцираат музика од Spotify или од Endel  - не треба да го допирате телефонот.

Пронајдете ја поставката за брз пристап. Изберете ја иконата во вид на запчаник за да прилагодите што ќе прави копчето за брз пристап [NC/AMB]. На пр., притиснете го копчето [NC/AMB] двапати за да продолжите да слушате од Spotify.

брз пристап
Гестикулација со глава
гестикулација со глава
Контролирајте ги слушалките со гестикулации со глава

Ракувајте со слушалките користејќи гестикулации со глава, како одговарање или отфрлање повици  или активирање Auto Play со движење на главата.

Гестикулациите може да се активираат во Headphone Connect. Функцијата треба да се калибрира пред првото користење. Потоа може да ги вклучувате или исклучувате функциите во апликацијата.

Безбедно слушање

Оваа функција поттикнува безбедно слушање за да ги заштити вашите идни музички доживувања.

Слушајте безбедно со апликацијата Sony | Headphones Connect

За заштита на вашите уши, споредете ја јачината на звукот што го слушате со податоците од СЗО. Кога ќе достигнете 80% од неделниот стандард за звучен притисок на СЗО, јачината на звукот автоматски ќе се намали на помало ниво. Ако сакате да ги следите придобивките, тогаш може да го визуализирате времето во кое поништувањето на шум ги штитело вашите уши од звуци што можат да го оштетат вашиот слух.

безбедно слушање
Грижа по купувањето и поддршка
Чистење на вашите слушалки

Дознајте како да ги чистите вашите слушалки WF-1000XM5 правилно, без да ги оштетите.

грижа по купувањето
Чистење на вашите слушалки

Чистете ги слушалките редовно за да бидат во оптимална состојба. Ако слушалките или футролата за полнење се валкани, избришете ги со мека сува крпа.

Ажурирања на фирмверот

Ажурирајте ги вашите слушалки со најновите верзии на фирмверот.

Најново ажурирање на фирмверот

Ако ја користите апликацијата Sony | Headphones Connect, таа ќе ве извести кога ќе има ново ажурирање за преземање.

Ажурирајте го фирмверот на слушалките со најновата верзија за да ги добиете сите подобрувања и корекции на грешки.

Ако сè уште не сте ја преземале апликацијата Headphones Connect, тогаш преземете ја преку линковите или QR-кодовите подолу.

ажурирања на фирмверот

Често поставувани прашања

Имате прашање што сакате да го одговориме? Прво погледнете тука и дознајте повеќе за најчесто поставуваните прашања од други корисници на слушалките WF-1000XM5.

водич за помош
Водич за помош

Дознајте сè што треба да знаете за WF-1000XM5.

поддршка
Поддршка и новости

Добивајте информации за најновите ажурирања на фирмверот, вести и известувања.