Правила и услови на BRAVIA CORE
(1) BRAVIA CORE („Програмата“) е достапна во Европа*1 на телевизори од Sony што се дел од Програмата („Избрани телевизори“)*2. (2) Во цената на избраните телевизори спаѓа привремен пристап до BRAVIA Core, што подлежи на правила и услови: i) ограничени кредити за филмови, 15 кредити за A84L и A83L, 10 кредити за A95L, A80L, X95L, X90L, Z9K, A95K, A90K, A84K, A83K, X94K, X93K, X92K, Z9J и A90J или 5 кредити за останатите избрани телевизори со кои ќе можете да изнајмувате филмови од колекцијата со најмалку 300 филмови (еден кредит е доволен за изнајмување еден филм). Рокот на кредитите ќе истече по 12 месеци откако ќе ги добиете на вашата сметка за BRAVIA CORE по регистрацијата, но филмовите што ќе ги изнајмите преку BRAVIA CORE ќе можете да ги гледате до 23 февруари 2028, што подлежи на правилата на услугата BRAVIA CORE; и ii) привремен пристап до содржини од типот видео на барање со претплата, 24 месеци претплата на BRAVIA CORE за видео на барање за A84L, A83L, A95L, A80L, X95L, X90L, Z9K, A95K, A90K, A84K, A83K, X94K, X93K, X92K, Z9J и A90J или 12 месеци за останатите избрани телевизори. Периодот на претплата ќе започне од регистрацијата на сметката за BRAVIA CORE. На крајот од привремениот период на претплатата ќе заврши и вашиот пристап до видеосодржините на барање. Обновувањето на претплатата ќе подлежи на договор со операторот на BRAVIA CORE, согласно правилата и условите на услугата. (3) За да користите придобивки од програмата, регистрирајте сметка за BRAVIA CORE на вашиот избран телевизор до 23 февруари 2026 година. Ако не направите регистрација до овој датум, вашиот пристап до BRAVIA CORE ќе заврши. По регистрацијата ќе добиете е-порака за потврда на сметката, а кредитите и претплатата за BRAVIA CORE автоматски ќе се додадат на вашата сметка. Правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на BRAVIA CORE управуваат со употребата на BRAVIA CORE. За да регистрирате сметка за BRAVIA CORE мора да имате најмалку 18 години и да ги прифатите правилата за користење, правилата на услугата и политиката за приватност на BRAVIA CORE. За користење на оваа Програма треба да ја ажурирате апликацијата BRAVIA CORE во вашиот Избран телевизор со најновата верзија. Најновата верзија на апликацијата BRAVIA CORE е достапна на Google Play Store. (4) Во моментот не е можно да купувате кредити како дел од програмата. Достапните филмови подлежат на промена. Филмовите се нудат во стандардна резолуција, висока резолуција, 4K, 4K HDR или 4K IMAX ® Enhanced. Содржините IMAX® Enhanced го нудат максималното доживување на IMAX ® Enhanced - филмовите IMAX® Enhanced се достапни само на телевизори со сертификат за IMAX® Enhanced. (5) Може да проследувате на најмногу 4 избрани телевизори со една сметка за BRAVIA CORE во исто време. Услугата BRAVIA CORE не е достапна или може да не биде поддржана во сите земји и на сите јазици. Sony го задржува правото да ја менува, да го прекине пристапот до и/или да ја укине платформата BRAVIA CORE во секое време. BRAVIA CORE нуди Pure Stream™ што овозможува брзина на проследување од 30 Mbps до 80 Mbps. За да добиете брзина од 30 Mbps од Pure Stream™, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 43 Mbps. За максимален квалитет од Pure Stream™ со 80 Mbps, вашиот интернет мора да има минимална брзина од 115 Mbps. За да уживате во функцијата Pure Stream™ со 80 Mbps, поврзете се на интернет преку Wi-Fi (безжичен LAN) што поддржува IEEE 802.11 n/ac/ax*3. BRAVIA CORE не презема одговорност за мрежните ограничувања или достапниот сообраќај на податоци. Можно е да важат ограничувањата и правилата на операторите за мрежни услуги. (6) Sony не нуди можност за враќање пари или кредити за какви било делумни периоди или неискористени кредити и/или содржини што не биле гледани на BRAVIA CORE. Вашиот пристап до услугата BRAVIA CORE во рамките на Програмата не може да се префрли на друго лице и не може да се рефундира. Кредитите немаат парична вредност и не може да се продаваат или препродаваат. (7) Sony Europe B.V. (8) „SONY“, „BRAVIA“ и „BRAVIA CORE“ се заштитни знаци или регистрирани заштитни знаци на Sony Group Corporation или нејзините подружници. Google TV и поврзаните лого ознаки се заштитни знаци на Google LLC. Google Play Store е заштитен знак на Google LLC. IMAX ® е регистриран заштитен знак на IMAX Corporation. Другите производи и имиња на компании може да бидат заштитни знаци на нивните соодветни сопственици. Иконите и сликите се симулирани и имаат само илустративна намена. Сите права, што не се изречно доделени тука, се задржани. Сите правила подлежат на промени.