Слушнете колку многу може да постигнат
вашите ​LinkBuds S

Извонредно лесни и удобни - Linkbuds S се дизајнирани да ги носите цел ден. Тука ќе дознаете како да ги користите и приспособите лесно достапните функции за да се поврзете со сите ваши светови и да го прилагодите звукот по ваша желба.

Откријте што сè можат да ви понудат вашите слушалки


Запознавање
Прво користење на вашите слушалки

Има три начини за впарување на Linkbuds S со вашиот уред.

Google Fast Pair
Google Fast Pair

Ставете ги слушалките во режим на впарување покрај телефон со Android и Fast Pair ќе ги поврзе со еден допир.
​​Со Fast Pair може да пронајдете каде сте ги оставиле слушалките со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку Find My Device од Google во вашиот телефон. 

Swift Pair
Swift Pair

Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 или Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.

Рачно впарување
Рачно впарување

При првото вадење на слушалките од футролата за полнење, тие автоматски ќе преминат во режим на впарување. За секое следно впарување треба да ги оставите слушалките во футролата со отворен капак. Задржете го копчето за впарување на футролата за полнење приближно 5 секунди или повеќе. Индикаторот на футролата ќе трепне двапати и слушалките ќе преминат во режим на впарување. По активирање на режимот за впарување може да ги извадите слушалките од футролата.​


Headphones Connect
Извлечете максимум од ​LinkBuds S со
апликацијата Sony | Headphones Connect

Преземете Sony | Headphones Connect за да ги прилагодите поставките за амбиентален звук, поништување шум, приспособлива контрола на звукот и друго. Многу од поставките спомнати на оваа страница може да се прилагодат по ваша желба преку апликацијата.​

Контроли чувствителни на допир

Слушалките LinkBuds S нудат поставки за интуитивна контрола на допир. Може да доделите функции по ваш избор на двете слушалки преку апликацијата Headphones Connect.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Како да ги користите контролите на допир

Погледнете го ова видео за да дознаете како да ја контролирате репродукцијата, јачината на звукот, дојдовните повици и многу повеќе, со помош на практичните контроли на допир.

Поврзување со повеќе уреди

Поврзете ги вашите слушалки со два уреди со Bluetooth® истовремено, за да можете да чекате дојдовни повици на едниот уред и да слушате музика од другиот уред. За оваа функција е потребно да го ажурирате фирмверот на слушалките, а тоа може да го направите преку апликацијата Headphones Connect.​

Функции за звук
Приспособлива контрола на звук 

Со приспособливата контрола на звукот, апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и ги прилагодува поставките за поништување шум или контрола на амбиенталниот звук.

2 слики од Headphones Connect што ги прикажуваат поставките за приспособлива контрола на звук и како се вклучува откривањето движења
Активирање и прилагодување приспособлива контрола на звук

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и вклучете ја за да го користите нејзиниот зададен режим за откривање. 

Ако сакате да го приспособите, тогаш прилагодете ги поставките за поништување шум или снимање надворешни звуци во апликацијата.

Оптимизирано менување
Оптимизирано менување на поставките

Оваа функција учи како ги користите слушалките кога е активна приспособливата контрола на звукот и ги менува поставките во оптимално време.

Активирајте ја функцијата и следете ги пораките за да се најавите на вашата сметка на Headphones Connect.

Поставки врз основа на движења

Апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и што правите. Потоа автоматски ги прилагодува поставките како поништување на шум и амбиентален звук. На пример, ако трчате, нивото на амбиентални звуци може да се зголеми, или да се намали ако седнете во кафе-бар.

2 слики од Headphones Connect што прикажуваат како да изберете режими за движења и да ги промените поставките по ваша желба
Како да почнете да користите поставки врз основа на движења

Во апликацијата Headphones Connect, во поставката за приспособлива контрола на звук, „Откривање движења“ ќе се активира со зададените поставки за откривање. ​

Може да ги задржите зададените поставки или да ги промените, на пример, да го зголемите нивото на амбиентален звук кога пешачите за да слушате сè околу вас.



Поништување шум и фокусирање гласови

Изолирајте се од светот и слушајте тоа што сакате - ништо или само гласови.

Како да го прилагодите поништувањето на шумот

Не пропуштајте ги омилените звуци, независно каде се наоѓате. Приспособливата контрола на звукот го поништува надворешниот шум, а воедно ги пропушта гласовите за да не пропуштите важни известувања, на пример, при секојдневните патувања.

Со поништување на шум
Менување на поставките според локацијата

Поставете ги слушалките да ги менуваат поставките по ваша желба за местата што редовно ги посетувате.

Игри со AR

Уживајте во ново аудиодоживување со игрите со изменета реалност и слушајте звуци што доаѓаат кон вас од различни правци и создаваат реално доживување при играњето игри.​


AR-игри
Ново уживање во игрите

Гејмери, ова е нова функција што мора да ја пробате! Користејќи нов сензор, технологија за просторен звук и следење на главата, LinkBuds S репродуцираат реален звук кога играте игри со изменета реалност, како што е „Ingress“ од Niantic.
Кога слушате звук што доаѓа кон вас од различни правци, според случувањата во играта, ќе станете попрецизни и подобри од конкуренцијата.
​​
За да пробате, преземете ја апликацијата „Ingress Prime“ на вашиот паметен телефон и играјте ја играта додека ги носите слушалките LinkBuds S.

Speak-to-Chat

Поставете ги слушалките, за кога ќе сакате да разговарате, сè што ќе треба да направите е да почнете да зборувате.


Квалитет на звукот

Прилагодете ги поставките на еквалајзерот и поставките за проследување и зголемување на квалитетот за да уживате во подобро доживување при слушањето.


Прилагодете го звукот по ваша желба

Пронајдете звук што е совршен за вас и содржините што ги слушате со помош на еквалајзерот, поставките за висококвалитетен Bluetooth и подобрување на звукот со DSEE Extreme.

Уживајте во звук од сите страни

Дознајте како да уживате во ново аудиодоживување со револуционерниот 360 Reality Audio.

Опкружете се со звук од сите страни со 360 Reality Audio

360 Reality Audio нуди прекрасно музичко доживување со кое вашите слушалки Linkbuds S создаваат сферично звучно поле од 360 степени - за да уживате во музика од сите страни. Отворете ја апликацијата Sony | Headphones Connect за да започнете.

Како да слушате 360 Reality Audio

Почнете да слушате 360 Reality Audio и дознајте како да проследувате песни со 360 Reality Audio од телефонот.

Практични функции

Дознајте како работат функциите за гласовен помошник, брз пристап, сензор за носење и брзо полнење.​


Гласовен помошник

Дознајте како да користите гласовен помошник со вашите слушалки Linkbuds S. Треба само да кажете „Hey Google, what is the weather today?“ за да одлучите дали да го понесете палтото пред да излезете.


2 слики од Headphones Connect што прикажуваат отворање на поставките за гласовен помошник и избирање на саканиот гласовен помошник.
Како да поставите гласовен помошник

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и активирајте го гласовниот помошник од картичката за системот. Потоа изберете го гласовниот помошник што го користите (Google, Alexa, Siri) за да започнете.

Приспособување на функцијата за брз пристап

Пристапете до омилената музика и звуци - брзо.​

Брз пристап до вашата омилена музика и звуци

Со функцијата за брз пристап, слушалките продолжуваат да репродуцираат музика од Spotify или од Endel - не треба да го допирате телефонот.

​​Пронајдете ја поставката за брз пристап. Изберете ја иконата во вид на запчаник за да прилагодите што ќе прави функцијата за брз пристап. На пр., два допира за да продолжите со репродукција од Spotify.

Spotify Tap
Сензор за носење

Моментална пауза. Моментална репродукција.

Сензор за носење

Ако треба да ги извадите слушалките на кратко, музиката автоматски ќе се паузира. Кога ќе ги ставите повторно, музиката ќе продолжи од таму каде што сте престанале да слушате.​

сензор за носење
Брзо полнење

Слушајте цел ден, полнете неколку минути.​

Брзо полнење
Брзо полнење

Се брзате? Со брзото полнење од само 5 минути ќе добиете време за репродукција до 60 минути, а апликацијата Headphones Connect ќе ве извести кога енергијата во футролата за полнење ќе падне под 30%.​

Грижа по купувањето и поддршка
Чистење на вашите слушалки

Дознајте како да ги чистите вашите слушалки Linkbuds S правилно, без да ги оштетите.


4 слики од приклучоците на слушалките, начинот за нивно чистење, каде стојат во футролата за носење и како да ги чистите во футролата за носење.
Чистење на вашите слушалки

Ако слушалките се валкани, избришете ги со мека и сува крпа. Ако слушалките се многу валкани, натопете крпа со растворен неутрален детергент и исцедете ја добро пред да ги исчистите слушалките. Не користете разредувач, бензен или алкохол бидејќи можат да ја оштетат површината на слушалките или да предизвикаат други штети.​

Ажурирања на фирмверот

Ажурирајте ги вашите слушалки со најновите верзии на фирмверот.​

Најново ажурирање на фирмверот

Ако ја користите апликацијата Sony | Headphones Connect, таа ќе ве извести кога ќе има ново ажурирање за преземање.

Ажурирајте го фирмверот на слушалките со најновата верзија за да ги добиете сите подобрувања и корекции на грешки.

ажурирање на фирмверот

Често поставувани прашања

Имате прашање што сакате да го одговориме? Прво погледнете тука и дознајте повеќе за најчесто поставуваните прашања од други корисници на слушалките LinkBuds S.

Илустрирано лого со молив и пенкало
Водич за помош

Дознајте сè што треба да знаете за LinkBuds S.​

Илустрирано лого од човек кој носи слушалки
Поддршка и новости

Добивајте информации за најновите ажурирања на фирмверот, вести и известувања.​