Мемориска картичка XQD од серија G
Функции
Извлечете максимум од секвенцијалното фотографирање
XQD мемориските картички од серија G на Sony, со својата екстремно голема брзина на запишување, се идеални за континуирано секвенцијално фотографирање во RAW-формат со DSLR-фотоапарати од висока класа. Снимајте до 200 RAW-слики во една серија, што е 1,5 пати повеќе отколку со најбрзите картички Compact Flash.
Доловете повеќе одлучувачки моменти
XQD мемориските картички од серија G на Sony се дизајнирани да ја следат брзината на фотографирање на вашиот фотоапарат и брзо да ја испразнат меѓумеморијата. Ќе можете да доловувате повеќе одлучувачки моменти и низи слики од континуирано фотографирање, дури и со DSLR-фотоапарати од висока класа.
Сигурно снимање на 4K-видеоснимки
Уникатниот контролер за податоци од Sony овозможува стабилно снимање 4K-видеоснимки со 2-насочна комуникација кај компатибилните фотоапарати, за регулација на насобирањето податоци. Картичката од 240 GB нуди снимање од приближно 45 минути во 4K XAVC Intra со 4K PXW-FS7 II од Sony.
Куќиште со екстремно цврста структура
Уникатните технологии на Sony ја зголемуваат цврстината на куќиштето за да ја подобрат издржливоста. Вовлечените контактни пинови нудат заштита од оштетувања, прав и електростатички електрицитет, за сигурни перформанси дури и во лоши опкружувања.
Брз пренос на податоците во компјутер
Читачот на XQD/SD картички и USB адаптерите од Sony се најсоодветни за картичките XQD од серија G. Со двојно поголеми брзини на пренос од најбрзите Compact Flash картички , правењето резервни копии од податоците и работните процеси се многу поефикасни. (1) XQD серија G на Sony (2) Compact Flash (3) минути.
Дознајте повеќе за XQD USB адаптерот и адаптерот за XQD/SD картички
Извонредна издржливост дури и при интензивна употреба
QD-G240F, QD-G120F и QD-G64F се до 5x поиздржливи во споредба со стандардот XQD. Најновите картички од серијата G се тестирани да издржат пад од 5 м (16,4’) за да бидете посигурни кога ракувате со нив или ги менувате, дури и кога фотографирате во лоши, напорни или темни услови.(1)Стандард XQD (2)QD-G240F/QD-G120F/QD-G64F
Неверојатна цврстина
QD-G240F, QD-G120F и QD-G64F се дизајнирани за професионална употреба и нудат 2,5x поголема цврстина од стандардот XQD. Дополнителната цврстина е тестирана со сила до 50 њутни за да се спречи свиткувањето предизвикано при транспорт и постојано вметнување во отворите за мемориски картички . (1)Стандард XQD (2)QD-G240F/QD-G120F/QD-G64F
Дизајнирани за професионалци
XQD мемориските картички од Sony се отпорни на удари, магнети, статички електрицитет и кршење и нудат максимални перформанси дури и при екстремни температури, при изложеност на интензивна UV светлина и рендгенски машини на аеродромите. XQD картичките од Sony се дизајнирани за долготрајна професионална употреба и се тестирани за сигурно складирање, независно каде фотографирате.
Софтвер File Rescue
Понекогаш настанува проблем и податоците, како фотографии и датотеки, се оштетуваат или бришат. File Rescue од Sony е моќна алатка за пронаоѓање на оштетени или избришани податоци која е доволно едноставна за секој да може да ја користи. Користејќи напреден алгоритам, File Rescue од Sony остварува повисока стапка на обновување RAW слики, MOV датотеки и датотеки со 4K XAVC-S видео снимени со уреди од Sony и Nikon. Достапна е како бесплатно преземање за корисниците на мемориски картички.
Спецификации
- Брзина на пренос (запишување)
- 400 MB/s
- Брзина на пренос (читање)
- 440 MB/s