Мемориска картичка CFexpress Type B од серија CEB-G
128GB|256GB|512 GB
Мемориска картичка CFexpress Type B од серија CEB-G
Уживајте во брзината со новата мемориска картичка CFexpress од тип B
Со неверојатни брзини до 1700 MB/s(читање) и 1480 MB/s(запишување), оваа мемориска картичка е подготвена за идните врвни модели на фотоапарати и видеокамери. Мемориската картичка CFexpress од тип B од Sony е дизајнирана за професионални фотографи, видеографи и ентузијасти кои сакаат забрзување на работните процеси со ненадмината брзина и извонредна сигурност.
Како природна еволуција на стандардите XQD® и CFAST®, мемориските картички CFexpress од тип B отвораат нови можности за професионалците. Овозможувајќи работа со датотеки со голема резолуција и снимки со голема брзина во мал и моќен формат, тие се совршени за побрзо работење и поголема продуктивност за да имате повеќе време за креативна работа.
Со брзина на запишување до 1480 MB/s, ова е една од најбрзите мемориски картички. Таа е идеална за континуирано фотографирање динамички случувања во некомпресиран RAW-формат, како моторни трки и диви животни.
CFexpress од тип B овозможува стабилно снимање видео со висока бит-стапка и 4K-резолуција или поголема, поради што е идеален партнер за врвните видеокамери.
Префрлувајте и архивирајте серии на фотографии со висока резолуција или видеоснимки со висока бит-стапка во компјутер со најголема брзина досега преку читачот на картички MRW-G1, за да имате повеќе време за дообработка и уредување на вашите содржини.
Носете ја картичката CFexpress од тип B на спортски настани, надворешно фотографирање и експедиции. Дизајнирана е за долготрајна професионална употреба во опкружувања со најлоши услови како снежни планини и песочни пустини за да можете безгрижно да фотографирате, префрлувате и складирате.
Мемориските картички CFexpress од тип B со издржлив дизајн нудат цврстина што е над 3x поголема од стандардот за виткање на CFexpress од тип B, со дополнителна издржливост тестирана со сила од 70 њутни, а отпорни се и на паѓање од висина до 5 метри.
Мемориските картички CFexpress од тип B ќе работат беспрекорно при екстремни температури, рендгенски зраци, статички електрицитет и интензивни UV-сончеви зраци.
Со тек на време, флеш меморијата се аби и престанува да снима податоци. Media Scan Utility автоматски ја скенира вашата мемориска картичка CFexpress од тип B и ве информира за нејзината состојба. Потребен е читачот на картички „MRW-G1“ за скенирање на мемориските картички CFexpress од тип B од Sony.
Избегнете катастрофа со софтверот за обновување датотеки наменет за сопственици на мемориски картички од Sony што овозможува обновување на случајно избришани датотеки и оштетени фотографии и видеоснимки во денешните најкористени формати.
Оптимизиран за картички CFexpress од тип B од Sony, овој читач за картички „MRW-G1“ овозможува пренос на податоци преку USB-интерфејс, правење резервни копии со големи брзини и поефикасни работни процеси. Тој е компактен, практичен за носење и поддржува мемориски картички од сериите CFexpress од тип B, XQD G и M од Sony.