Серија X - нова палета на звучници

LIVE LIFE LOUD

Животот треба да се живее максимално. Тоа значи да се соберете со пријателите, да ја засилите музиката максимално и да танцувате цела ноќ на јасен и богат звук. Со нашите нови звучници од серија X ќе можете максимално да ги искористите сите моменти, да организирате забави што ќе ги паметите засекогаш и постојано да го живеете животот гласно.

Подобрете ја забавата

Музиката е создадена за да се сподели, а серијата X ќе ви помогне да ја споделите со многу повеќе луѓе. Сите наши звучници од серија X се специјално дизајнирани за да создадат моќен и просторен звук, независно дали слушате внатре или надвор, сами или со група пријатели. Останува само едно прашање: која е вашата следна дестинација?

 По ваша желба

Сакате еден звучник што ќе одговара за сите места каде што сакате да слушате и на сите ваши расположенија. Со серијата X може да изберете звучник што совршено ќе одговара на вашиот стил, со различни опции за квалитет на звукот, преносливост, издржливост и осветлување.

Иновативна технологија за побогат звук

Секогаш се трудиме да создаваме иновации, а серијата X не е исклучок. X-Balanced Speaker Unit нуди уникатен начин за обединување на моќниот и просторен звук со подобро доживување при слушањето. Можеби не верувате, но штом го стиснете копчето за репродукција, веднаш ќе ја забележите разликата.

Поголема површина на звучникот, подобар бас

Мембраната без кружна форма, наместо стандардна кружна мембрана, максимално ја искористува површината на звучникот, го зголемува звучниот притисок за да создаде посилен и подлабок бас и го намалува одот на звучникот заради помало изобличување и поголема острина на вокалите. Затоа, не правете компромис. Земете звучник од серијата X и живејте го животот гласно.