SRS-XG300 

Носете гласна музика со вас секаде

XG300 е создаден да ви понуди висококвалитетен звук каде и да одите. Без разлика дали организирате забава во градината или сте на плажа, треба само да го наполните овој издржлив и пренослив звучник, да го фатите за практичната рачка и да го понесете со вас. 

Осветлување
Издржливост и преносливост 
Функции за повици
LIVE LIFE LOUD

Животот треба да се живее максимално. Тоа значи да се соберете со пријателите, да ја засилите музиката максимално и да танцувате цела ноќ на јасен и богат звук. Со нашите звучници од серија X ќе можете максимално да ги искористите сите моменти, да организирате забави што ќе ги паметите засекогаш и постојано да го живеете животот гласно.

Одете каде што ќе ве понесе забавата

Ви треба звучник што ќе репродуцира моќен звук каде и да одите. Со XG300 ќе можете да носите моќен звук за забава со вас, а со вграденото осветлување ќе можете и да ја разубавите атмосферата. Рачката на извлекување нуди полесно носење на уредот кога сакате да го понесете со вас и се вовлекува кога не ви е потребна.

Моќен звук за забава

Уживајте во моќен звук за забава од вуферите, предните високотонци и пасивните радијатори што создаваат моќен бас и остри вокали, независно каде слушате.

Слика од луѓе на музички настан
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо 

Звукот од музиката во живо нуди нешто специјално. Со LIVE SOUND може да создадете уникатна атмосфера и повторно да уживате во вашите омилени музички настапи во живо.

Икона за MEGA BASS
Засилете го басот

MEGA BASS нуди значително зголемување на басот. Затоа, ако слушате музика со моќен ритам, ќе добиете звук со длабок и моќен бас. 

Совршена осветленост

Концептот за осветлување „амбиентално осветлување“ создава модерен и стилски впечаток. Светлината се синхронизира со ритамот на музиката и одговара на сите стилови, вклучувајќи и забава и секојдневно користење. Шемата на осветлување се поставува преку апликацијата Sony | Music Center за да ја осветлите забавата или собата во ваш стил.

Рачка што се вовлекува

Носете ја забавата со вас со помош на рачката што се вовлекува и што е дизајнирана за лесно пренесување на XG300.

Икона за батерија
Траење на батеријата до 25 часа 

Звучникот XG300, со батерија што трае 25 часа кога е целосно наполнета, може долго да репродуцира музика за да се забавувате без да се грижите за ненадејно прекинување на мелодиите.

Икона за брзо полнење
Брзо полнење

Ако немате многу време за подготовка, не грижете се. Брзото полнење ви нуди време на репродукција од 70 минути со полнење од само 10 минути.

Икона за грижа на батеријата
Грижете се за батеријата

Функцијата за грижа на батеријата спречува прекумерно полнење и ја чува батеријата во оптимална состојба подолг период.

Создаден да трае

XG300 е создаден да оди насекаде со вас и да биде издржлив како вас. XG300 е отпорен на прав и вода (ознака IP67) и можете да го носите на плажа, во парк или секаде каде што ќе посакате, а тој ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.

Слика од луѓе околу лаптоп и преносливиот безжичен звучник SRS-XG300 од серија X
Уживајте во поквалитетни повици со поништување на ехото

Подобрете ги состаноците и повиците со поништување на ехото. Тоа овозможува да говорат двајца во исто време. Со функцијата за поврзување повеќе уреди може да поврзете два уреди истовремено.

Икона за апликацијата Sony I Music Center
Sony | Music Center

Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center. Избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.

Лого за Преземете од Google Play

Sony | Music Center за Android

Лого за Преземете од App Store

Sony | Music Center за iOS

Забавни функции со Fiestable

Забавувајте се повеќе со апликацијата Fiestable. Контролирајте забавни функции како правење листа за репродукција, караоке и контрола со движења.

Слика од човек кој танцува
Слика од суровини
Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на XG300 содржи помалку од 5% пластика, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Спецификации и функции

Звучникот XG300 е совршен за внесување моќен звук во преносливите забави. Без разлика дали сте дома или на плажа, во паркот или покрај базенот, овој звучник ќе ви понуди одличен звук дури и при голема јачина на звукот, а ќе има и доволно енергија за да ве забавува сè додека можете да се забавувате. Благодарение на удобната рачка што се вовлекува, може да го земете и да си одите дома кога ќе заврши забавата.
  • Ознака IP67 за отпорност на вода и ‘рѓа

  • Траење на батеријата до 25 часа и брзо полнење

  • Рачка што се вовлекува

  • Моќен звук за забава

  • X-Balanced Speaker Unit

Вид на звучникот
Вуфер (Л / Д) / високотонец (Л / Д)
Димензии на звучник
Високотонец: прибл. φ 20 мм, Вуфер: прибл. 61 мм x 68 мм
Траење на батеријата
Прибл. 25 часа
Влезни и излезни приклучоци
Мини стерео приклучок (влез) ,USB C, USB A (само за DC-излез)
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина