Сите спецификации и функции
Звук
- ВИД НА ЗВУЧНИК
- Вуфер (Л / Д) / високотонец (Л / Д)
- РЕЖИМИ ЗА ЗВУК
- Clear Audio+, DSEE, ЗВУК ВО ЖИВО, EXTRA BASS TM, РЕЖИМ ЗА ИЗДРЖЛИВОСТ
Големина и тежина
- ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д)
- Прибл. 325 ммx123 ммx117 мм (ш / в / д)
- ТЕЖИНА
- Прибл. 2950 гр.
Безжични врски
- NFC
- Да
- ФУНКЦИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ БЕЗ РАЦЕ
- Да
Спецификации на Bluetooth®
- СИСТЕМ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
- Верзија 5.0
- КОМПАТИБИЛНИ ПРОФИЛИ
- A2DP/AVRCP/HSP/HFP/SPP
- ПОДДРЖАНИ КОДЕЦИ
- SBC, AAC, LDAC
- ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
- ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
- 2,4GHz фреквентен појас
Интерфејс
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- Мини стерео приклучок (влез), USB-A(само за DC-излез)
Апликација
- КОМПАТИБИЛНИ АПЛИКАЦИИ ЗА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
- Sony | Music Center / Fiestable
Општи карактеристики
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 24 часа
- НАПОЈУВАЊЕ
- Внатрешна батерија на полнење
- USB-ПРИКЛУЧОК ЗА ПОЛНЕЊЕ ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ
- USB A (5 V 1 A)
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
- Прибл. 15 W
- ЗАШТИТА ОД ВОДА
- IP67
Еколошки, заштеда на енергија
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ)
- Прибл. 0,3 W
Опции на бои
Што има во пакетот
- AC адаптер за напојување

Функции
Уживајте во моќен звук насекаде
Уживајте во длабок и моќен звук секаде каде што ќе посакате со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори и 2-системските звучници ги подобруваат ниските тонови за да го засилат басот.
X-Balanced Speaker Unit ги зголемува квалитетот и моќноста на звукот
X-Balanced Speaker Unit, создаден од Sony, нуди висококвалитетен звук и моќен звучен притисок за да добиете побогато, подлабоко и подобро доживување при слушањето.
Како функционира X-Balanced Speaker Unit
За разлика од кружната мембрана кај стандардните звучници, новосоздадениот X-Balanced Speaker Unit кај XB43 има приближно правоаголна мембрана. Освен тоа што максимално ја искористува површината на мембраната на звучникот за да го зголеми звучниот притисок и да создаде посилен бас, правоаголниот облик на уредот го намалува и движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок што резултира со помало изобличување и појасни вокали.
Високотонецот ја зголемува острината на вокалите
2-системските звучници кај XB43 претставуваат комбинација од вуфер за ниски до средни фреквенции и наменски високотонец за повисоки фреквенции. Како резултат добивате извонредно јасни вокали.
Конус на звучникот од влакна засилени со мика и капаче за заштита од прав
Цврстиот и лесен конус на звучникот што е изработен од влакна засилени со мика (MRC), како и капачето за заштита од прав, го зголемуваат квалитетот на звукот.
Странични пасивни радијатори
Распоредот на страничните пасивни радијатори е оптимизиран за да добиете јасен звук со бас.
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо
Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.
Како работи режимот за ЗВУК ВО ЖИВО
Звучниците на SRS-XB43 се прецизно дизајнирани за да создадат реално тродимензионално доживување. Нашите звучниците поставени под агол со DSP-технологија ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да сте.
Потполно отпорен на прав
Благодарение на ознаката IP67, звучникот може да го носите на плажа, во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате - SRS-XB43 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.
Водоотпорен е и може целосно да се мие
Звучникот има ознака IP67 за отпорност на слатка и солена вода, па затоа не треба да се грижите кога го користите покрај морето или базенот, а може и да го миете.
Долгo траење на батеријата
Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на SRS-XB43 да ве забавува многу долго. Дури и кога се вклучени светилките во режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 14 часа.
Осветлете ја забавата
Без светилки за забава нема забава. SRS-XB43 има светилка во високотонецот, светилка во звучникот и линиска светилка што трепкаат во синхронизација со звучникот. Можете дури и да ја промените бојата на линиската светилка според вашето расположение.
Уживајте во гласна музика со Party Connect
Уживајте во истата песна од повеќе звучници со Party Connect. Поврзете најмногу 100 компатибилни безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за да можат сите да танцуваат по истиот ритам. Поставете случајна шема или поставете ги светилките да трепкаат во круг.
Контролирајте ја забавата со апликацијата Sony | Music Center
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Апликација Fiestable
Преземете ја апликацијата Fiestable и ќе можете да го контролирате осветлувањето на SRS-XB43, а ќе можете и да користите гестикулации за контрола со движење преку екранот на паметниот телефон.
Повици без користење на рацете
Функцијата за звучник нуди практичен начин за разговарање без да ги користите рацете, независно дали тоа е конференциски повик за работа или разговор со пријателите.
Поставете го вертикално или хоризонтално
Без разлика дали ќе го поставите хоризонтално или вертикално, SRS-XB43 нема да се помести, па затоа ќе можете секогаш да му најдете место без разлика каде се забавувате.
Проследувајте музика преку BLUETOOTH® и NFC™
NFC (поле за комуникации во близина) и технологијата Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Допрете го вашиот уред што поддржува NFC до звучниците за брзо и беспрекорно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.
Приклучоци USB Type-C® и USB за полнење
SRS-XB43 може да се полни преку USB Type-C®-кабел, а ако ви преостанува малку енергија во паметниот телефон, тогаш приклучете го во USB-приклучокот на звучникот за да ја наполните батеријата. Вклучен е и AC-адаптер со кој може да репродуцирате музика без да се грижите за енергијата во батеријата, а нуди и практичен начин за полнење на вашиот XB43.