SRS-XB41
МУЗИКА ВО ДВИЖЕЊЕ СО БАС
EXTRA BASS™ за моќен звук. Време е за гласна музика со новиот XB41. XB41 е поцврст и поиздржлив и ќе ви овозможи да ја пренесувате забавата насекаде, дури и покрај вода.
EXTRA BASS™ за моќен звук. Време е за гласна музика со новиот XB41. XB41 е поцврст и поиздржлив и ќе ви овозможи да ја пренесувате забавата насекаде, дури и покрај вода.
Погледнете како SRS-XB41 ќе ве увери дека сте на настап во живо. Сè што ви треба се пријателите.
Засилете ги сите ритами и подобрете ја вашата забава со EXTRA BASS™.
Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук - создавајќи атмосфера како на концерт каде и да одите.
Звучниците на SRS-XB41 се внимателно дизајнирани за да ви овозможат реално тродимензионално доживување. Сините линии покажуваат како звучниците поставени под агол со новата технологија DSP ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да се наоѓате.
Без светилки за забава нема забава. SRS-XB41 нуди разнобојни трепкачки светилки што се синхронизираат со ритамот, вклучувајќи нови линиски светилки околу звучникот, светилка во звучникот и трепкачка светилка.
Благодарение на држачот за полесно држење, со допирање на звучникот на различни места тој ќе репродуцира различни звуци - скреч, тапан, бас и ѕвоно. Контролирајте ја јачината на звукот според применетата сила - допрете нежно за тивок звук или удрете силно за гласен звук.
Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain (проследување забава). Поврзете најмногу 100 безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Преземете ја апликацијата Fiestable за да го контролирате осветлувањето и да додавате ефекти за диџеи - со само неколку допири на апликацијата.
Новиот дизајн не само што изгледа одлично, туку е и доволно цврст за да издржи во секакви ситуации.
Вашиот SRS-XB41 е отпорен на ‘рѓа, така што не само што изгледа одлично, туку може и да го потопите во морска вода без проблем.
Ознаката IP67 укажува дека вашиот звучник може да се потопи во вода, а благодарение на висококвалитетниот материјал изработен во Јапонија може да се мие без никаков проблем.
Благодарение на рејтингот IP67, вашиот звучник може да го носите на плажа, во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате - SRS-XB41 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.
Батеријата на SRS-XB41 што трае до 24 часа ќе ве забавува подолго отколку што може да издржите. Кога е вклучен EXTRA BASS ќе се забавувате до 14 часа.
Системот го помина тестот за пад од 1,22 м врз иверка од 5см и го исполни стандардот MIL-STD 810 F Method 516.5-Shock.
Што има во пакетот
AC адаптер