Сите спецификации и функции
Звук
- ВИД НА ЗВУЧНИК
- Комплетна палета
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- 58мм
- РЕЖИМИ ЗА ЗВУК
- ЗВУК ВО ЖИВО, EXTRA BASS™, стандарден звук
Големина и тежина
- ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д)
- 291 мм x 104 мм x 105 мм (11 1/2 инчи x 4 1/8 инчи x 4 1/4 инчи)
- ТЕЖИНА
- 1.500 гр. (3 lb 5 oz)
Безжични врски
- NFC
- Да
- ФУНКЦИЈА ЗА КОРИСТЕЊЕ БЕЗ РАЦЕ
- Да
Спецификации на Bluetooth®
- СИСТЕМ ЗА КОМУНИКАЦИЈА
- Version 4.2
- МАКС. ОПСЕГ НА КОМУНИКАЦИЈА
- 30 м
- КОМПАТИБИЛНИ ПРОФИЛИ
- A2DP / AVRCP / HSP / HFP / SPP
- ПОДДРЖАНИ КОДЕЦИ
- SBC / AAC / LDAC
- ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
- ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
- 2,4GHz фреквентен појас
Интерфејс
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- Мини стерео приклучок (влез), приклучок USB A (само DC-излез), микро USB (DC-влез), DC-влез
Општи карактеристики
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 24 часа (стандарден режим / исклучено осветлување) Прибл. 14 часа (режим EXTRA BASS / вклучено осветлување)
- ЗАШТИТА ОД ВОДА
- IP67
Опции на бои
Што има во пакетот
- AC адаптер

Функции
Засилете ги вашите омилени хитови со EXTRA BASS™.
Засилете го секој ритам и внесете енергија на забавата благодарение на EXTRA BASS™.
Режим за ЗВУК ВО ЖИВО
Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук - создавајќи атмосфера како на концерт каде и да одите.
Како работи режимот за ЗВУК ВО ЖИВО
Звучниците на SRS-XB41 се внимателно дизајнирани за да ви овозможат реално тродимензионално доживување. Сините линии покажуваат како звучниците поставени под агол со новата технологија DSP ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да се наоѓате.
Два звучници од 58 мм
Звучникот од 58 мм создава моќен звук и бас.
Звучник засилен со мика и раб за големо поместување
Бидејќи се одликува со цврст и лесен целуларен конус засилен со мика (MRC) и раб за големо поместување, не мора да се грижите за загуба на квалитетот. Двете функционираат беспрекорно за да го контролираат звукот и да ја засилат неговата моќ.
Линиска светилка
Без светилки за забава нема забава, а новите линиски светилки на SRS-XB41 се наоѓаат околу звучникот и се синхронизираат со ритамот на вашите омилени хитови.
Светилка во звучникот
Загрејте ја атмосферата со светилки во звучниците што се синхронизираат со ритамот на музиката.
Трепкачка светилка
Трепкачката светилка на SRS-XB41 создава атмосфера како на забава.
Внесете дополнителна енергија на забавата со Party Booster
Благодарение на вградениот држач за полесно држење, со допирање на звучникот на различни места тој ќе репродуцира различни звуци - скреч, тапан, бас и ѕвоно. Контролирајте ја јачината на звукот според применетата сила - допрете нежно за тивок звук или удрете силно за гласен звук.
Безжичен Party Chain (проследување забава)
Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain. Поврзете најмногу 100 безжични звучници преку технологијата Bluetooth®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за да танцувате во ист ритам.
Контролирајте ја забавата со апликацијата Sony | Music Center
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Бидете диџеј - апликација Fiestable
Преземете ја апликацијата Fiestable за да го контролирате осветлувањето и да додавате ефекти за диџеи - со само неколку допири на апликацијата.
Потполно отпорен на прав
Вашиот SRS-XB41 е отпорен на ‘рѓа, така што не само што изгледа одлично, туку може и да го потопите во морска вода без проблем.
Може целосно да се мие и е водоотпорен
Ознаката IP67 укажува дека вашиот звучник може да се потопи во вода, а благодарение на висококвалитетниот материјал изработен во Јапонија може да се мие без никаков проблем.
Потполно отпорен на прав
Благодарение на рејтингот IP67, вашиот звучник може да го носите на плажа, во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате - SRS-XB41 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.
Долгo траење на батеријата
Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на SRS-XB41 да ве забавува подолго отколку што може да издржите.Дури и кога е вклучен режимот EXTRA BASS, може да се забавувате до 14 часа
Безжичен звук преку технологијата BLUETOOTH® и NFC™
Проследувањето преку BLUETOOTH® и поврзувањето преку NFC™ го олеснуваат проследувањето на вашите листи за репродукција.
USB-приклучок за полнење
Дали батеријата на паметниот телефон е слаба? Приклучете го во USB-приклучокот што е поставен странично на SRS-XB41 за да ја наполните батеријата.
Едноставна контрола преку копче
Не мора да користите никаков уред за да ракувате со звучникот SRS-XB41. Користете ги само копчињата на вашиот звучник за сè што ви е потребно.