Прескокни до содржина

SRS-XB40

МУЗИКА ВО ДВИЖЕЊЕ СО БАС

EXTRA BASS за моќен звук. Овој моќен безжичен звучник со длабок бас и светилки што светат според ритамот ви овозможува да ја носите забавата со вас - дури и кога врне.

Почувствувајте ги вибрациите

Моќен звук во кој ќе уживате.

Огромна моќ на музиката со EXTRA BASS™ 

Притиснете го копчето EXTRA BASS за да започнете. Двата пасивни радијатори заедно со двата звучници со целосен опсег ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот.

Внесете позитивна енергија со трепкачките светилки 

Гледајте го и слушајте го ритамот со вградената линиска светилка во повеќе бои, светилките во звучниците и трепкачката светилка.

Понесете го басот без разлика каде ќе одите

Безжичниот SRS-XB40 се преместува лесно. Благодарение на долгото траење на батеријата и површината која е отпорна на вода, може да го ставите каде што ќе посакате.   

Водоотпорен

Водоотпорен дизајн

Без разлика дали слушате музика во домот или надвор од него, опуштете се бидејќи безжичниот звучник е отпорен на вода IPX5.

Век на траење на батеријата

Траење на батеријата до 24 часа

Репродуцирајте музика деноноќно со батеријата што трае до 24 часа. Гласовната функција ќе ве известува за преостанатата енергија во батеријата и за потребата од полнење

Уживајте во гласна музика со безжичниот Party Chain

Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain (проследување забава). Поврзете најмногу 10 безжични звучници преку технологијата Bluetooth® и синхронизирајте ја музиката и осветлувањето за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.

Поврзете дополнителен звучник за стерео звук што ќе ја исполни просторијата

Поврзете два безжични звучници за да добиете поширок стерео звук.

SongPal

Едноставна контрола со Sony | Music Center

Управувајте со музиката брзо и едноставно преку паметниот телефон со Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal). Инсталирајте ја апликацијата и преземете ја контролата врз музиката, светилките и многу повеќе.

Забавна и едноставна контрола со апликацијата Fiestable

Преземете ја контролата над репродукцијата, светилките во звучникот и диџеј ефектите за звук преку вашиот паметен телефон со помош на апликацијата Fiestable. 

Апликација Fiestable

Подобар звук преку Bluetooth®

LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање.

NFC

Слушање со еден допир со NFC

Едноставно допрете го вашиот паметен телефон кој поддржува NFC до звучникот и веднаш започнете да слушате музика.

USB

Поврзување преку USB

Поврзете го вашиот паметен телефон преку USB за полнење на батеријата. 

Поврзување со повеќе уреди

Поврзување со повеќе уреди

Поврзете најмногу три уреди и избирајте омилени песни за репродукција. 

Sony Design

СЕРИЈА EXTRA BASS™

Спецификации и функции
Направете сопствен ноќен клуб со безжичниот звучник SRS-XB40 без разлика каде сте. Со длабокиот бас и трепкачките светилки ќе ја разубавите ноќната атмосфера.
  • EXTRA BASS за длабок и моќен звук

  • Линиска светилка во повеќе бои, светилки во звучникот и трепкачка светилка

  • Траење на батеријата до 24 часа

  • Отпорност на вода за безгрижно користење

  • Уживајте во гласна музика со безжичниот Party Chain

Вид на звучникот
целосен опсег
Димензии на звучник
Сателитски звучник: 61 мм
Траење на батеријата
прибл. 24 часа
Влезни и излезни приклучоци
USB A приклучок, Мини стерео приклучок (влез)

Што има во пакетот

AC адаптер за напојување

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина