SRS-XB33 

Забава насекаде и во секое време

SRS-XB33 е отпорен на вода, прав и удари и нуди комбинација од цврст дизајн и долготрајна батерија. Повеќе нема граници за уживање во звук како на музички фестивал.

Запознајте се со SRS-XB33

Погледнете некои од функциите и технологиите што го прават SRS-XB33 толку специјален.

Уживајте во моќен звук насекаде

Уживајте во длабок и моќен звук секаде каде што ќе посакате со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори и звучниците со целосен опсег ги подобруваат ниските тонови за да го засилат басот.

Издржливост

SRS-XB33, со својот цврст дизајн и издржлива батерија, нема да ве разочара.

Секогаш подготвени

SRS-XB33 е неверојатно издржлив и ви овозможува да се забавувате насекаде и во секое време.

  • Отпорност на вода
  • Отпорност на прав
  • Отпорност на удари
Лого за траење на батеријата до 24/14 часа
Долгo траење на батеријата

Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на SRS-XB33 да ве забавува многу долго. Дури и кога се вклучени светилките во режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 14 часа

X-Balanced Speaker Unit 

X-Balanced Speaker Unit, создаден од Sony, нуди висококвалитетен звук и моќен звучен притисок за да добиете побогато, подлабоко и подобро доживување при слушањето.

  • Што е тоа?
  • Што придонесува?
  • Други придобивки
Конус на звучникот од влакна засилени со мика и капаче за заштита од прав
Конус на звучникот од влакна засилени со мика и капаче за заштита од прав

Цврстиот и лесен конус на звучникот што е изработен од влакна засилени со мика (MRC), како и капачето за заштита од прав, го зголемуваат квалитетот на звукот.

SRS-XB33 со странични пасивни радијатори
Странични пасивни радијатори

Распоредот на страничните пасивни радијатори е оптимизиран за да добиете јасен звук со бас.

Слушајте ја музиката како да се изведува во живо

Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.

  • ЗВУК ВО ЖИВО
  • Како функционира
Осветлете ја забавата

Без светилки за забава нема забава. SRS-XB33 има светилка во звучникот и линиска светилка во разни бои што трепкаат во синхронизација со звучникот. Можете дури и да ја промените бојата на линиската светилка според вашето расположение.

SRS-XB33 со светилки за забава
SRS=XB33 на маса покрај други компатибилни модели со Bluetooth®
Уживајте во гласна музика со Party Connect

Уживајте во истата песна од повеќе звучници со Party Connect. Поврзете најмногу 100 компатибилни безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат. Поставете случајна шема или поставете ги светилките да трепкаат во круг.

Контролирајте ја забавата со апликацијата Sony | Music Center

Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.

Лого на Sony | Music Center
Слика од Апликацијата Fiestable на екран на телефон
Апликација Fiestable

Преземете ја апликацијата Fiestable и ќе можете да го контролирате осветлувањето на SRS-XB33, а ќе можете и да користите гестикулации за контрола со движење преку екранот на паметниот телефон.

Лого за Преземете од Google Play
Fiestable за Android
Едноставно користење

SRS-XB33 е дизајниран да биде практичен за да можете да уживате во музика во секое време и на секое место, без пречки.

  • Звучник на телефонот
  • Распоред со повеќе елементи
  • BLUETOOTH® и NFC™
  • USB Type-C® и USB 
Спецификации и функции
SRS-XB33 нуди комбинација од цврст и издржлив дизајн со батерија што трае долго, звук со длабок бас и трепкачки светилки. Добијте слобода за да се забавувате насекаде и во секое време.
  • Звук со EXTRA BASS™ и режим за ЗВУК ВО ЖИВО

  • Отпорност на вода, прав (ознака IP67) и удари

  • X-Balanced Speaker Unit за јасен и моќен звук

  • Траење на батеријата до 24 часа (EXTRA BASS™: до 14 часа)

  • Збогатете ја забавата со трепкачки светилки

Вид на звучникот
Целосен опсег
Траење на батеријата
Прибл. 24 часа
Влезни и излезни приклучоци
USB A (само за DC-излез)
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина