Звук

Вид на звучникот
Целосен опсег
Димензии на звучник
Сателитски звучник: 48 мм
Режими на звук
ЗВУК ВО ЖИВО, EXTRA BASS™, стандарден звук

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 238 x 84 x 83 (мм)
Тежина
Прибл. 900 гр.

Безжични врски

NFC
Да
Функција за ракување без користење на рацете
Да

Bluetooth®

Систем на комуникација
Bluetooth Specification верзија 4.2
Макс. опсег на комуникација
10 м
Компатибилни профили
A2DP / AVRCP / HSP / HFP / SPP
поддржани кодеци
SBC / AAC / LDAC
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Фреквентен опсег
2,4GHz фреквентен појас

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Мини стерео приклучок (влез), приклучок USB-A, микро USB

Општи карактеристики

Траење на батеријата
Прибл. 24 часа (стандарден режим / исклучено осветлување) Прибл. 14 часа (режим EXTRA BASS / вклучено осветлување)
Напојување
Внатрешна батерија на полнење

Опции на бои

redgreenbluegrayblack

Што има во пакетот

  • Кабел за USB
Placeholder

Функции

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Засилете ги песните со EXTRA BASS™️

Разиграјте ја забавата со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори заедно со двата звучници со целосен опсег ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Слушајте ја музиката како да се изведува во живо

Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Како функционира режимот за ЗВУК ВО ЖИВО 

Звучниците на SRS-XB32 се внимателно дизајнирани за да ви овозможат реално тродимензионално доживување. Сините линии покажуваат како звучниците поставени под агол со технологијата DSP ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да сте.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Конус на звучникот од влакна засилени со мика

Цврстиот и лесен конус на звучникот, изработен од влакна засилени со мика (MRC), го зголемува квалитетот на звукот.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Два звучници од 48 мм

Звучник од 48 мм за моќен звук и бас.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Осветлете ја забавата

Без светилки за забава нема забава. SRS-XB32 нуди разнобојни трепкачки светилки што се синхронизираат со ритамот и еднобојна трепкачка светилка. Бојата на линиската светилка што се протега околу звучникот може да ја промените според вашето расположение.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Внесете дополнителна енергија на забавата со Party Booster

Доколку функцијата е активна, тогаш со допирање на звучникот на различни места тој ќе репродуцира различни звуци - скреч, тапан, бас и ѕвоно. Контролирајте ја јачината на звукот според применетата сила - допрете нежно за тивок звук или удрете силно за гласен звук.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Уживајте во гласна музика со безжичниот Party Chain

Уживајте во истата песна од повеќе звучници со безжичното проследување забава. Поврзете најмногу 100 безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за сите да танцуваат во ист ритам. Поставете случајна шема или поставете ги светилките да трепкаат во круг

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Контролирајте ја забавата со апликацијата Sony | Music Center

Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Апликација Fiestable

Преземете ја апликацијата Fiestable и ќе можете да го контролирате осветлувањето на SRS-XB32, а ќе може и да користите гестикулации за контрола преку екранот на паметниот телефон.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Водоотпорен е и може целосно да се мие

Звучникот има ознака IP67 и може да се потопи во вода, а може слободно и да го миете.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Потполно отпорен на прав

Благодарение на ознаката IP67, звучникот може да го носите на плажа (солената вода не претставува проблем), во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате - SRS-XB32 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Создаден да трае

Темелно го тестиравме SRS-XB32 за удари за да бидеме сигурни дека ќе ги издржи неизбежните потреси, паѓања и гребнатини што се дел од секојдневната употреба.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Долгo траење на батеријата

Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на SRS-XB32 да ве забавува подолго отколку што може да издржите. Дури и кога е вклучен режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 14 часа.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Поставете го вертикално или хоризонтално

Без разлика каде и како сакате да го поставите SRS-XB32 - хоризонтално или вертикално - тој ќе стои сигурно и затоа е совршен за мали простории.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

Безжичен звук преку технологијата BLUETOOTH® и NFC™

NFC (поле за комуникации во близина) и технологијата Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете го звучникот за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.

Слика од Пренослив звучник XB32 со EXTRA BASS™ и BLUETOOTH®

USB-приклучок за полнење

Дали батеријата на паметниот телефон е слаба? Приклучете го во USB-приклучокот што е поставен на задната страна на SRS-XB32 за да ја наполните батеријата.