SRS-XB22
Земете го SRS-XB22 со вас и продолжете да се забавувате на секое место и во секое време. EXTRA BASS™ со режимот ЗВУК ВО ЖИВО и светилките за забава создаваат совршен и пренослив музички фестивал.
SRS-XB22
Земете го SRS-XB22 со вас и продолжете да се забавувате на секое место и во секое време. EXTRA BASS™ со режимот ЗВУК ВО ЖИВО и светилките за забава создаваат совршен и пренослив музички фестивал.
Разиграјте ја забавата со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори и двата звучници со целосен опсег ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот.
Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.
Звучниците на SRS-XB22 се внимателно дизајнирани за да ви овозможат реално тродимензионално доживување. Сините линии покажуваат како звучниците поставени под агол со новата технологија DSP ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да се наоѓате.
Цврстиот и лесен конус на звучникот, изработен од влакна засилени со мика (MRC), го зголемува квалитетот на звукот.
Звучникот од 42 мм создава моќен звук и бас.
Компактниот SRS-XB22 може лесно да го складирате во вашата торба - за да продолжите со забавата каде и да одите.
Без светилки за забава нема забава. SRS-XB22 има трепкачки линиски светилки што се синхронизираат со ритамот.
Доколку функцијата е активна, тогаш со допирање на звучникот на различни места тој ќе репродуцира различни звуци - скреч, тапан, бас и ѕвоно. Контролирајте ја јачината на звукот според применетата сила - допрете нежно за тивок звук или удрете силно за гласен звук.
Уживајте во истата песна од повеќе звучници. Поврзете најмногу 100 звучници преку BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за да можат сите да танцуваат по истиот ритам. Поставете случајна шема или поставете ги светилките да трепкаат во круг.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Благодарение на ознаката IP67, звучникот може да го носите на плажа (солената вода не претставува проблем), во шума, во пустина или секаде каде што ќе посакате - SRS-XB22 ќе продолжи да репродуцира музика, без разлика колку прав има на површината.
Звучникот има ознака IP67 и може да се потопи во вода, а може слободно и да го миете.
Темелно го тестиравме SRS-XB22 за удари за да бидеме сигурни дека ќе ги издржи неизбежните потреси, паѓања и гребнатини што се дел од секојдневната употреба.
Батеријата што трае до 12 часа му овозможува на SRS-XB22 да ве забавува многу долго. Дури и кога е вклучен режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 10 часа.