SRS-XB21
Личен и пренослив музички концерт
Ставете го SRS-XB21 во торба, соберете ги пријателите и забавувајте се каде и да појдете. Со EXTRA BASS™, режимот за музика во живо и светилките за забава ќе можете да организирате пренослив мини концерт.
Ставете го SRS-XB21 во торба, соберете ги пријателите и забавувајте се каде и да појдете. Со EXTRA BASS™, режимот за музика во живо и светилките за забава ќе можете да организирате пренослив мини концерт.
Погледнете како SRS-XB21 ќе ве увери дека сте на настап во живо. Сè што ви треба се пријателите.
Засилете ги сите ритами и подобрете ја вашата забава со EXTRA BASS™.
Слушајте ја вашата музика на поинаков начин со режимот за ЗВУК ВО ЖИВО. Внесете енергија во забавата со уникатен тридимензионален звук - создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.
Звучниците на SRS-XB21 се внимателно дизајнирани за да ви овозможат реално тродимензионално доживување. Сините линии покажуваат како звучниците поставени под агол со новата технологија DSP ја распространуваат музиката на поголема површина, создавајќи атмосфера како на концерт каде и да се наоѓате.
Компактниот SRS-XB21 може лесно да го складирате во вашата торба. Може да го ставите и во држачот за шише на велосипедот, за да продолжите со забавата каде и да одите.
Без светилки за забава нема забава, а SRS-XB21 ја има вистинската опрема - нови трепкачки линиски светилки што се синхронизираат со ритамот на вашите омилени песни.
Со допирање на звучникот на различни места тој ќе репродуцира различни звуци - скреч, тапан, бас и ѕвоно. Контролирајте ја јачината на звукот според применетата сила - допрете нежно за тивок звук или удрете силно за гласен звук.
Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain (проследување забава). Поврзете најмногу 100 безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Centre - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Новиот дизајн не само што изгледа одлично, туку е и доволно цврст за да издржи во секакви ситуации.
SRS-XB21 е отпорен на 'рѓа, така што не само што изгледа добро, туку и може да го потопите во морска вода без проблем.
Ознаката IP67 укажува дека вашиот звучник може да се потопи во вода, а благодарение на висококвалитетниот материјал изработен во Јапонија може да се мие без никаков проблем.
Благодарение на ознаката IP67, звучникот може да го носите на плажа, планина, пустина или каде што ќе посакате - SRS-XB21 ќе продолжи со репродукција без разлика колку е правлива површината.
Батеријата што трае до 12 часа му овозможува на SRS-XB21 да ве забавува многу долго. Со вклучен EXTRA BASS може да се забавувате до 10 часа.
Системот го помина тестот за пад од 1,22 м врз иверка од 5см и го исполни стандардот MIL-STD 810 F Method 516.5-Shock.
Проследувањето преку BLUETOOTH® и поврзувањето преку NFC™ го олеснуваат проследувањето на вашите листи за репродукција.
Не мора да користите никаков уред за да ракувате со звучникот SRS-XB21. Користете ги само копчињата на вашиот звучник за сè што ви е потребно.
Што има во пакетот
Микро USB кабел