Притиснете го копчето EXTRA BASS за да започнете. Двата пасивни радијатори заедно со стерео звучниците со целосен опсег ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот - независно од компактната големина.
Погледнете како вашиот стилски безжичен звучник се истакнува со линиската светилка во една боја.
SRS-XB20 е компактен, безжичен и се преместува лесно. Благодарение на долгото траење на батеријата и површината која е отпорна на вода, може да го ставите каде што ќе посакате.
Без разлика дали слушате музика во домот или надвор од него, опуштете се бидејќи безжичниот звучник е отпорен на вода IPX5.
Репродуцирајте музика по цел ден со батеријата што трае до 12 часа. Гласовната функција ќе ве известува за преостанатата енергија во батеријата и за потребата од полнење.
Благодарение на компактната големина на звучникот, може да го подигнете, да го ставите во торба и да го носите насекаде.
Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain (проследување забава). Поврзете најмногу 10 безжични звучници преку технологијата Bluetooth® и синхронизирајте ја музиката и осветлувањето за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.
Поврзете два безжични звучници за да добиете поширок стерео звук.
Управувајте со музиката брзо и едноставно преку паметниот телефон со Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal). Инсталирајте ја апликацијата и преземете ја контролата врз музиката, светилките и многу повеќе.
LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање.
Едноставно допрете го вашиот паметен телефон кој поддржува NFC до звучникот и веднаш започнете да слушате музика.
Поврзете најмногу три уреди и избирајте омилени песни за репродукција.
Спецификации и функции
- ВИД НА ЗВУЧНИК
- целосен опсег
- ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
- Сателитски звучник: 42мм
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 12 ч.
- ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
- микро USB, Мини стерео приклучок (влез)
- ОПСЕГ НА ПРЕНОС НА ФРЕКВЕНЦИИ
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Што има во пакетот
Кабел за USB