Пренослив безжичен звучник XB13 со EXTRA BASS™
pinkyellowbluecreamblacklightblue
Пренослив безжичен звучник XB13 со EXTRA BASS™
SRS-XB13 е издржлив, пренослив и има специјален ремен што го прави попрактичен за патување. Нека не ве залажуваат малите димензии - овој звучник со Extra Bass™ и процесор за дифузија на звук има огромна моќ.
Пасивниот радијатор, заедно со звучникот со целосен опсег, ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот.
Издржливата надворешност и ременот го прават звучникот подготвен за сè. Закачете го на ранецот, на рачниот зглоб, па дури и на чадорот за сонце кога се сончате, а звучникот завртен надолу ќе го проектира звукот надолу кон вас.
Не дозволувајте да ве залаже неговата компактна форма, овој мал звучник нуди опкружувачки звук со голема моќ. Процесорот за дифузија на звукот го распространува звукот во сите простории, благодарение на технологијата DSP.
Звучникот е отпорен на вода и прав со ознака IP67, па затоа може да го користите и внатре и надвор. Земете го со вас на базен, покрај река или во парк и слушајте музика додека уживате под сонцето со вашите пријатели.
Добијте енергија од батеријата за забава до 16 часа. Новиот индикатор за батеријата, што се прикажува на вашиот паметен телефон, ве известува кога треба да ја полните батеријата.
Дали треба да се јавите? Нема проблем. Без разлика дали сте дома или надвор, со вградениот микрофон може да воспоставувате повици без користење на рацете, директно преку звучникот.
Спецификации и функции
- Димензии на звучник
- Дијаметар на звучникот (моно звучник): 46 мм
- Траење на батеријата
- Прибл. 16 H
- Влезни и излезни приклучоци
- USB Type-C®
- Фреквентен опсег на пренос
- 20 Hz - 20.000 Hz (фреквенција на семплирање од 44,1 kHz)