Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Моќен звук

Почувствувајте ја музиката со излезна моќност од 30 W, дигитален засилувач S-Master, 2.1 канали и два пасивни радијатори.

Безжично поврзување

Воспоставете врска за момент преку Bluetooth® со NFC со еден допир за безжично споделување на музика.

Пренослив дизајн

Понесете ја вашата музика со вас, благодарение на лесниот дизајн и батеријата која трае 8 часа. 

Создадени за исклучителен звук

Спој на хардвер, софтвер и страст.

Уживајте во излезна моќност од 30 W со компактен профил, вграден вуфер и два пасивни радијатори за реалистичен бас со голема моќ.

Преработен звук

Со елиминирање на аналогните компоненти во повратната фаза, засилувачот S-Master обезбедува јасност и зголемена ефикасност.

Софистицирано зголемување на резолуцијата

Создадена за компензација на компресијата кај голем број дигитални аудио фајлови, DSEE ја подобрува музиката со обновување на високите тонови.

Оптимизирана репродукција

ClearAudio+ го оптимизира звукот, за да ја слушате музиката со острина и отсечност.

Подобрете ги сите содржини што ги слушате

DSEE го обновува квалитетот кај компресираните аудио фајлови

Нашата технологија за подобрување на дигитален звук (DSEE) беше создадена за да го обнови звукот со висок опсег кој се изгубил во процесот на компресија на MP3 фајловите. Таа нуди богат и природен звук, кој го враќа оригиналниот изворен CD звук.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.

Одлично поврзување

Уживајте во безжичен пристап со еден допир, поврзување со најразлични уреди кои имаат аналоген влез, приклучување во USB заради полнење и добијте дури и комуникации без користење на рацете кога ќе поврзете паметен телефон.

Дизајн кој говори сам по себе

Дизајн со дефинирана контура

Создаден да ве импресионира, SRS-X55 го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантна форма која хармонично се усогласува во вашиот простор.

Паметен стил, врвен звук

Комбинирајќи компактна елегантност и минималистички дизајн, SRS-X55 докажува дека за моќен звук не секогаш се потребни големи звучници.

Совршено се вклопува насекаде

Без разлика дали е во вашата кујна, дневна соба или спална, стилскиот дизајн на SRS-X55 претставува елегантно надополнување на секоја просторија.

Спецификации и функции

Уживајте во музиката со проследување преку Bluetooth® и NFC со еден допир. Сите песни ќе се репродуцираат на најдобар можен начин благодарение на дигиталниот засилувач S-Master и процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE). Слушајте ги песните зачувани во вашиот паметен телефон, таблет-уред, компјутер или пренослив аудио уред со звук со префинети перформанси кој можете да го пренесете во секоја просторија.
  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот на компресираните фајлови

  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC™ со еден допир

  • Музика со одличен звук со ClearAudio+

  • Траење на батеријата до 10 часа

Вид на звучникот
2.1кан.
Димензии на звучник
Целосен опсег: Прибл. 38 мм во дијаметар x 2; Сабвуфер: Прибл. 58 мм во дијаметар x1
Излезна моќност
30W
Траење на батеријата
10 часа
Влезни и излезни приклучоци
USB, Влезен мини стерео приклучок
Фреквентен опсег на пренос
20 Hz – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
AirPlay
Не

Што има во пакетот

AC адаптер за напојување, Водич за запознавање, Референтен водич, Гарантен лист

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина