Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Проследувајте песни безжично до 12 часа и почувствувајте повеќе од ритамот со моќниот бас. Преносливиот мини звучник SRS-X11 со Bluetooth® нуди моќен звук сместен во мала коцка - чувајте еден покрај компјутерот, ставете друг на масичката покрај паметниот телефон или, пак, ставете два во вашата соба за да добиете моќен стерео звук и максимално да ја раздвижите забавата.
Слушајте ја вашата музика со моќ од 10 W, надополнет со два пасивни радијатори за солидно балансиран бас.
Воспоставете врска за момент преку Bluetooth® со NFC со еден допир за безжично споделување на музика.
Понесете ја вашата музика со вас, благодарение на лесниот дизајн и батеријата која трае 12 часа.
Уживајте во музиката на секое место и во секое време. Коцкестиот дизајн создава моќен звук со двата пасивни радијатори за длабок бас и има вкупна излезна моќност од 10 W.
Двата пасивни радијатори репродуцираат длабок и резонантен бас и покрај исклучително малиот дизајн на звучникот.
Ако поврзете два SRS-X11 звучници преку Bluetooth®, тогаш може да изберете стерео режим за репродукција на јасно разделен стерео звук, или двоен режим за иста репродукција преку двата звучници во исто време.
Уживајте во распространет звук како што би можеле да добиете со посебни стерео звучници со користење на два SRS-X11 звучници во стерео режим - секој звучник ќе има улога на лев или десен канал.
Раздвижете ја забавата со два SRS-X11 звучници во двоен режим - репродуцирајте идентичен звук на поголема површина и распространете ја музиката во секој агол.
Ако треба да патувате, вашата музика може да патува со вас. Со издржливоста на батеријата до 12 часа може да слушате музика надвор или во затворени простории.
Моќен звук во коцка со димензии од 61 мм x 61 мм x 61 мм (2,4 x 2,4 x 2,4 инчи) 215 гр. (0,47 lbs.) која може да ја држите во вашата дланка - со SRS-X11 секогаш ќе имате квалитетен звук при рака.
Репродуцирајте музика преку целиот ден - батеријата на полнење нуди репродукција до 12 часа со едно целосно полнење. Носете го уредот на патувања или на забави, за да слушате соодветна музика за вашите авантури.
Уживајте во безжичен пристап со еден допир, поврзување со најразлични уреди кои имаат аналоген влез, приклучување во USB заради полнење и добијте дури и комуникации без користење на рацете кога ќе поврзете паметен телефон.
SRS-X11 е дизајниран да ја надополни секоја просторија со елегантност и да внесе музика во вашата кујна, дневна соба или спална.
Создаден да ве импресионира, SRS-X11 го обединува стилот со квалитетот. Неговиот нагласен периметар е препознатлив знак за дизајнот со дефинирана контура, кој создава елегантна форма која хармонично се вклопува во вашиот простор.
Изразете се. Изберете боја која одговара на вашиот стил - избор од црна, бела, црвена, розова или сина.
Спецификации и функции
- Вид на звучникот
- Комплетна палета
- Димензии на звучник
- Прибл. 45 мм во дијаметар x 1
- Излезна моќност
- 10W
- Траење на батеријата
- 12 часа
- Влезни и излезни приклучоци
- Влезен мини стерео приклучок, Микро USB приклучок
- Фреквентен опсег на пренос
- 20 – 20.000 Hz (со семплирање од 44,1 kHz)
- AirPlay
- Не
Што има во пакетот
Микро USB кабел, Ременче, Водич за запознавање, Референтен водич