Жена носи безжичен звучник со лента за на врат SRS-NB10 во црна боја
Приказ на три четвртини од безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во црна боја
Приказ на три четвртини од безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во бела боја
Приказ од предната страна на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во црна боја
Приказ од горната страна на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во црна боја
Подобар начин за работа од дома

Воспоставувајте конференциски повици. Слушајте музика. Шетајте во потполна удобност. Безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 нуди подобро доживување додека работите од дома.

Слушајте јасен звук во текот на целиот работен ден

Благодарение на звучникот со целосен опсег што е закосен нагоре заради оптимизација на звукот за вашите уши, јасно ќе ги слушате зборовите, а другите нема ни да го забележат тоа. Пасивниот радијатор во задниот дел на уредот го засилува басот зада обезбеди балансиран звук за непречено одржување состаноци.

Приказ на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10, деталите ја покажуваат локацијата на звучникот со целосен опсег
Приказ на три четвртини од звучникот со лента за на врат SRS-NB10, со детали што ја покажуваат локацијата на микрофоните
Бидете слушнати, дури и ако има врева во домот

Без разлика што се случува околу вас, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови. Склопот за висококвалитетно просторно филтрирање со два микрофони, заедно со напредната обработка на сигнали за звук, му овозможува на SRS-NB10 да ја минимизира појавата на повратни сигнали и ехо, за да создаде кристално чисти и квалитетни гласови за соговорниците за време на повиците.

Допрете за да зборувате, допрете за да слушате

Понекогаш зборувате, понекогаш слушате, понекогаш го исклучувате вашиот звук заради приватност. Контролирајте го лесно вашиот микрофон за време на конференциските повици преку апликациите за комуникација со кликнување на копчето „MIC Mute“.

Слика одблиску од копчето за MIC Mute на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10
Слика одблиску од копчето за јачина на звук на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10
Јачина на звук по ваша желба

Гласни гласови, тивки гласови - повиците содржат мешавина од различни тонови. Јачината на звукот може лесно да ја прилагодите на ниво што ќе ви одговара со допирање на копчето за јачина на звук поставено странично на звучникот со лента за на врат од Sony. Исто така, може да ја активирате и паузирате репродукцијата на музиката.

Работете цел ден, носете го цел ден

Овој безжичен звучник со лента за на врат е лесен, удобен и е дизајниран за целодневно работење - од првиот состанок до последниот повик. Удобно се поставува околу вратот и нежно се потпира врз рамената за да можете да го носите и откако ќе престанете да работите - совршен за слушање музика додека правите вечера или чистите.

Приказ од предната страна на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во бела боја
Уживајте во удобноста

Толку се лесни што ќе заборавите дека ги носите. Флексибилната лента за на врат на задната страна овозможува совршено поставување.

Жена носи безжичен звучник со лента за на врат SRS-NB10 во бела боја
Внимавајте

Дизајнот од отворен вид ви овозможува да ги слушате повиците, а воедно и да бидете свесни што се случува околу вас.

Моќен и практичен

Дури и највредните работници не треба да се грижат за траењето на батеријата. Овој безжичен звучник со лента за на врат е подготвен за цел ден со деловни повици, листи за репродукција на музика, серии и многу повеќе.

Икона за траење на батеријата до 20 часа
Доволно енергија за цел ден

Батеријата што трае до 20 часа ви овозможува да продолжите да работите, без разлика колку виртуелни состаноци имате.

Икони што прикажуваат дека брзо полнење од 10 минути овозможува користење до 60 минути
Дополнителна моќ кога ви е потребна

Ако се испразни батеријата, со брзо полнење од 10 минути преку USB Type-C ќе добиете доволно енергија за работа или забава до еден час.

Концентрирајте се на работата. Опуштете се со музика.

Поврзете два уреда истовремено, како лаптопот и паметниот телефон. Aко добиете повик на лаптопот додека слушате музика од паметниот телефон, ќе можете да одговорите со кликнување на копчето Play/Call од левата страна на лентата за на врат. Штом заврши повикот, ќе продолжите да ја слушате омилената листа - не е потребно поврзување.

Слика од безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 поврзан со паметен телефон и лаптоп во исто време
Заштита од прскање. Безгрижно користење.

Дизајнот отпорен на прскање со ознака IPX4 ви овозможува да уживате во омилените серии и песни, дури и при извршување на секојдневните обврски како перење.

Музика и филмови, само за вас

Овој звучник со лента за на врат нуди јасен звук, дури и при мала јачина на звукот. Поврзете го вашиот телевизор, паметен телефон или музички плеер преку технологијата Bluetooth® и уживајте во омилените филмови, серии и листи за репродукција без да им пречите на соседите, цимерите или другите членови на семејството.

Прекрасен и дискретен

Благодарение на елегантниот и едноставен дизајн со завршна обработка од висококвалитетна ткаенина, ќе ви биде задоволство да го имате овој лесен звучник.

Приказ од горната страна на безжичниот звучник со лента за на врат SRS-NB10 во црна боја
Почувствувајте го квалитетот

Звучниците обложени со ткаенина придонесуваат за врвен изглед на лентата за на врат.

Приказ на три четвртини од два звучници со лента за на врат SRS-NB10, еден во црна боја, другиот во бела боја
Изберете ја вашата боја

Овој звучник што може да се носи е достапен во јаглен-сива боја или бела боја за да одговара на ентериерот на вашата домашна канцеларија.

Три чинии со различни материјали снимени од горна страна: дрво и растителни влакна, парчиња провидно стакло и разнобојни парчиња пластика
Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува 10 проценти или помалку од материјалот за пакување на SRS-NB10, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Спецификации и функции

Безжичен звучник со лента за на врат што се потпира на вашите рамена за удобно работење од дома. Дизајниран за конференциски повици и слушање музика.
  • Технологијата за прецизно откривање гласови јасно го пренесува вашиот глас

  • Звучникот со целосен опсег нуди висококвалитетен звук само за вас

  • Лесен и удобен дизајн што може да се носи цел ден

  • Траење на батеријата до 20 часа и брзо полнење од 10 минути за репродукција до 1 час

  • Дизајн отпорен на прскање со вода IPX4

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина