Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Слика од Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
Безжичен звучник кој може да се носи насекаде

Слушајте музика безжично

Цврст. Компактен. Пренослив. Отпорен на прскање . SRS-BTS50 е безжичен звучник кој можете да го носите насекаде. Само поврзете го со вашиот паметен телефон преку NFC или Bluetooth® и уживајте во музиката.

Каде ќе го понесете вашиот звучник?

Благодарение на дизајнот отпорен на прскање и цврстата конструкција, SRS-BTS50 е создаден за надворешна употреба - без разлика дали планинарите или одморате покрај базенот.

Слушање со еден допир преку NFC
Слушање со еден допир преку NFC

Само допрете го вашиот паметен телефон со NFC наспроти звучникот за да ги поврзете.

Безжично проследување со Bluetooth®
Безжично проследување преку Bluetooth®

Впарете го со вашиот паметен телефон со Bluetooth® и уживајте во музиката.

Траење на батеријата до 10 часа
10 часа непрекината музика

Вградената батерија на полнење трае до 10 часа кога е целосно наполнета.

Врвен стил

SRS-BTS50 не е само цврст и отпорен на прскање, туку има и врвeн стил. Иако е мал, тој е совршено обликуван и се испорачува во повеќе бои, во зависност од вашиот стил.

Да споделувате или не?

Двата интуитивни режими, нормален или опкружувачки, ќе ве остават да одлучите како сакате да ја слушате музиката.

Звук кој може да се насочува
Споделете ја музиката

Завртете го вертикално и режимот за опкружувачки звук автоматски ќе се вклучи.

Опкружувачки звук
Завртете ја музиката кон вас

Поставете го звучникот странично за да го насочите звукот кон вас.

Повици без користење на раце

Кога имате дојдовен повик, заборавете на паметниот телефон. Само притиснете го копчето за звучник на SRS-BTS50 за да ја паузирате музиката и да одговорите на повикот.

Спецификации и функции

  • Дизајн кој е отпорен на прскање за безгрижно користење

  • Поврзување преку Bluetooth® со NFC / безжично проследување на звук преку Bluetooth®

  • Повеќенасочен звук од 360°

  • Траење на батеријата до 10 часа

  • Избор на бои кои ќе одговараат на вашиот стил

Вид на звучникот
2-кан. звучник (пасивен звучник)
Димензии на звучник
39 мм x2
Излезна моќност
5 W (2,5 W + 2,5 W)
Траење на батеријата
10 часа
Влезни и излезни приклучоци
Влезен мини стерео приклучок
Фреквентен опсег на пренос
20Hz - 20.000Hz

Што има во пакетот

AC адаптер за напојување, Упатство за употреба, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина