Пренослив безжичен звучник со BLUETOOTH®
SRS-BTM8 е подготвен да оди насекаде со вас. NFC звучникот се поврзува со музичката збирка во вашиот паметен телефон со само еден допир и овозможува безжично слушање.
Поврзете се со вашата музика така што ќе го допрете вашиот уред кој поддржува NFC наспроти горната страна на звучникот. Нема потреба ниту од приклучок за напојување, бидејќи може да работи на батерии.
Елегантните облини и компактната форма на SRS-BTM8 имаат врвен стил. Рачката е беспрекорно интегрирана во куќиштето, а на средината има копчиња.
Системот со рефлексивен бас на звучникот максимално го засилува звукот со ниска фреквенција. Со излезната моќ од 4W RMS, ќе можете да уживате во високи тонови со неверојатни перформанси во секоја просторија.
Кога готвите, пишувате или одморате, одговарајте на повици без да ги користите рацете. Звучникот се одликува со вграден микрофон и може да се впари со телефони кои поддржуваат NFC или Bluetooth®.
Понесете го звучникот во дворот или во паркот. Тој може да работи на 4x AA/LR6 батерии и да обезбеди време на репродукција до 20 часа.
Спецификации и функции
Што има во пакетот
AC адаптер за напојување, Гарантен лист, Упатство за употреба, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот