СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S3
Уживајте во совршено споен и кристално јасен звук преку органско стакло. Создадете убав амбиент со прилагодливото осветлување кое нуди и смирувачки ефект на свеќа.
СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S3
Уживајте во совршено споен и кристално јасен звук преку органско стакло. Создадете убав амбиент со прилагодливото осветлување кое нуди и смирувачки ефект на свеќа.
Независно дали се будите наутро или ја осветлувате дневната соба, стилскиот и модерен дизајн ќе се вклопи беспрекорно во сите опкружувања.
Технологијата Advanced Vertical Drive на LSPX-S3 користи три механизми за придвижување што го допираат едниот крај на органското стакло кое вибрира и го распространува звукот во сите насоки.
Ако сакате посилен бас, тогаш изберете го „Режимот за засилување на басот“ во апликацијата Music Center за да го засилите басот.
Независно каква музика сакате, високотонецот со цевка од органско стакло ќе ви понуди јасни високи тонови и ќе распространи квалитетен звук низ целата ваша просторија.
Ставете го стаклениот звучник каде било во собата. Целата цевка од органско стакло вибрира и создава исклучително јасен звук што се распространува во насока од 360 степени за да слушате јасен звук каде и да сте.
Во режимот на светлина од свеќа, светлината трепери исто како свеќа, а достапни се и два различни начини на осветлување: „Bright“ за општа употреба и „Delicate“ за вечерно релаксирање.
LSPX-S3 генерира нежна светлина што трепери како вистинска свеќа и затоа е совршен за создавање соодветен амбиент за одмарање или романтика во домот. Може да го синхронизирате и осветлувањето за да трепка според музиката.
Овој стилски звучник беспрекорно се вклопува во домовите благодарение на неговиот дискретен дизајн. Завршната обработка со минерална сребрена боја му придодава метален, полиран и минерален изглед на звучникот.
Стаклениот звучник е пренослив за да можете да го носите со вас насекаде и да ја збогатите секоја просторија со светлина, музика и амбиент.
Ако поврзете два стаклени звучници ќе можете безжично да уживате во јасно разделен стерео звук. Стерео режимот, пак, му овозможува на секој звучник да функционира како лев или десен канал.
Преземете ја апликацијата Sony l Music Center за iOS или Android за далечинска контрола на светлината и музиката или за поставување тајмер за заспивање.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува 5 проценти или помалку од пакувањето на LSPX-S3, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.