СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S2

Убава атмосфера, кристално чист звук 

Исполнете го вашиот простор со кристално чист звук и амбиентално осветлување со звучник што е дизајниран да се вклопи беспрекорно во вашиот живот.

Направете пријатна атмосфера со звук и осветлување 

Кристално чист звук

Стаклениот звучник создава звук што ја исполнува просторијата преку цевката од органско стакло што нуди исклучително јасни високи тонови. 

Исполнете ги сите делови на просторијата со звук од 360 степени

Ставете го стаклениот звучник каде било во собата. Целата цевка од органско стакло ќе вибрира и ќе создаде исклучително јасен звук што се распространува во насока од 360 степени за да слушате јасен звук каде и да сте.


Дознајте за технологијата Advanced Vertical Drive

Слика од LSPX-S2 со органско стакло

Исклучителна острина од цевка од органско стакло

Три механизми за придвижување ја вибрираат цевката од органско стакло и ја претвораат целата површина во звучник. За разлика од звукот на стандардните високотонци што лесно се насочува, стаклената цевка создава прецизен и квалитетен звук од секој агол, благодарение на неговата цилиндрична форма.

Звук со Bисока Pезолуција

Уживајте во музика со висока резолуција преку стаклен звучник поврзан преку Wi-Fi или аудио влез. Звукот со висока резолуција овозможува кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD-дисковите за да уживате во најтивките нијанси на звукот со поголем квалитет од CD дисковите.

Слика од LSPX-S2

Јасни високи тонови

Високотонецот од органско стакло има голема површина за да може да емитува звук со голем дострел што ја исполнува просторијата. Органското стакло создава прекрасна атмосфера исто како стаклена ламба.

Среднотонец LSPX-S2

Балансиран звук со среден опсег

Вградениот звучник од 35 мм нуди моќен звук со среден опсег.

Бас LSPX-S2

Clear bass

Оптимизиран пасивен радијатор за јасни ниски тонови.

Совршено се вклопува во вашиот живот

Стаклениот звучник го збогатува стилот на вашиот дом - исто како и сите други прекрасно дизајнирани производи. 

Стилски дизајн што ќе одговара на вашиот ентериер  

Сместен во куќиште со сатенска завршна обработка и провидна цевка од органско стакло, стаклениот звучник е создаден да се усогласи со вашиот стил.

Променете ја атмосферата со дополнително осветлување

Пронајдете соодветно осветлување за вашата соба со 32-те достапни нивоа на осветлување и добијте совршена атмосфера.

Стаклен звучник во трпезаријата

За во трпезаријата

Стаклен звучник во спалната соба

За во спалната соба

Трепери исто како свеќа 

Во режимот за светлина од свеќи, осветлувањето трепери како свеќа - изберете помеѓу силно или слабо треперење во зависност од ситуацијата.

Уживајте во безжична музика

Со опциите за поврзување преку вградените Wi-Fi и BLUETOOTH® и батеријата што трае 8 часа, стаклениот звучник лесно ќе се вклопи во вашиот живот.

Икона за Bluetooth®

Поврзување преку Bluetooth®

Со технологијата NFC со еден допир и компатибилноста со LDAC ќе уживате во извонредно доживување при слушањето на едноставен начин.

Икона за Wi-Fi

Поврзување преку Wi-Fi

DLNA-врска. Репродуцирајте музика од вашиот домашен компјутер и сервер.

Икона за 8 часа

Траење на батеријата до 8 часа

Уживајте во слушањето со батеријата која трае до 8 часа во режим со Bluetooth® или, пак, приклучете го за да слушате подолго.

Пренесување на LSPX-S2

Носете го насекаде

Стаклениот звучник е лесно пренослив. Носете го со вас низ домот - стаклениот звучник нуди одличен звук без разлика каде ќе го ставите во просторијата.

Два безжично поврзани звучници LSPX-S2

Уживајте во поврзување уреди во повеќе простории

Со функцијата за слушање во повеќе простории може да ја слушате истата песна или различни песни во различни простории преку апликацијата Sony I Music Center - контролирајте сè со еден уред. Ако поврзете два стаклени звучници ќе можете безжично да уживате во јасно разделен стерео звук. Стерео режимот, пак, му овозможува на секој звучник да функционира како лев или десен канал.

Погледнете како тоа функционира

  • Напојување и јачина на звук
  • Други функции

Погледнете како тоа функционира

  • Напојување и јачина на звук
  • Други функции
Паметен телефон што го контролира LSPX-S2

Преземете ја контролата со апликацијата Sony | Music Center

Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за iOS и Android за далечинска контрола на светлината и музиката или за поставување тајмер за заспивање.

Спецификации и функции
Направете пријатна атмосфера каде и да сте со нежното осветлување и кристално чистиот звук на стаклениот звучник; дизајниран е да се вклопи совршено во вашето опкружување.
  • Високотонец со цевка од органско стакло за јасни високи тонови и звук од 360 степени

  • Вграден звучник од 35 мм за балансиран звук со среден опсег

  • Пасивен радијатор за јасни ниски тонови

  • 32 нивоа светлина и два режими за светлина од свеќи, трепери како вистинска свеќа

  • Push & Play за директен пристап до музика од Spotify

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина