СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S2

Сите спецификации и функции

LSPX-S2

Звук

Вид на звучникот
Високотонец: Цилиндар од органско стакло, Вуфер: Прибл. 35 мм во дијаметар
Излезна моќност
Прибл. 11 W(вуфер, при хармонично изобличување од 1%, 1 kHz, 4 Ω)
Режими на звук
S-MasterHX, DSEE HX, засилување на басот

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. φ90 мм x 277 мм
Тежина
Прибл. 1,1 кг

Безжични врски

Wifi
ДА
NFC
ДА
DLNA
ДА
Sony | Music Center
ДА
Spotify Connect
Да, во одредени земји

Bluetooth®

ФУНКЦИЈА ЗА ДОДАВАЊЕ ЗВУЧНИК
ДА
поддржани кодеци
SBC, AAC, LDAC
Фреквентен опсег
60 Hz - 40.000 Hz

Осветлување

Светлина
32 чекори
Режим на светлина од свеќи
ДА

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Мини стерео приклучок (влез), микро USB B(DC-влез)

Општи карактеристики

Траење на батеријата
Прибл. 8 часа (режим со Bluetooth®, макс. осветлување)
Напојување
AC-напојување, вградена литиум-јонска батерија

Што има во пакетот

  • USB AC-адаптер, AC-кабел за напојување, ткаенина за чистење, микро USB-кабел, гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Исполнете ги сите делови на просторијата со звук од 360 степени

Ставете го стаклениот звучник каде било во собата. Целата цевка од органско стакло ќе вибрира и ќе создаде исклучително јасен звук што се распространува во насока од 360 степени за да слушате јасен звук каде и да сте.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Исклучителна острина од цевка од органско стакло

Три механизми за придвижување ја вибрираат цевката од органско стакло и ја претвораат целата површина во звучник. За разлика од звукот на стандардните високотонци што лесно се насочува, стаклената цевка создава прецизен и квалитетен звук од секој агол, благодарение на неговата цилиндрична форма.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Звук со Bисока Pезолуција

Уживајте во музика со висока резолуција преку стаклен звучник поврзан преку Wi-Fi или аудио влез. Звукот со висока резолуција овозможува кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD-дисковите за да уживате во најтивките нијанси на звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите. 

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Јасни високи тонови

Високотонецот од органско стакло има голема површина за да може да емитува звук со голем дострел што ја исполнува просторијата. Органското стакло создава прекрасна атмосфера исто како стаклена ламба.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Балансиран звук со среден опсег

Вградениот звучник од 35 мм нуди моќен звук со среден опсег.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Clear bass

Оптимизиран пасивен радијатор за јасни ниски тонови.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Стилски дизајн што ќе одговара на вашиот ентериер  

Сместен во куќиште со сатенска завршна обработка и провидна цевка од органско стакло, стаклениот звучник е создаден да се усогласи со вашиот стил.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Променете ја атмосферата

Пронајдете соодветна светлина за вашата соба со 32-те достапни нивоа на осветлување и добијте совршена атмосфера.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Трепери исто како свеќа 

Во режимот за светлина од свеќи, осветлувањето трепери како свеќа - изберете помеѓу силно или слабо треперење во зависност од ситуацијата.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

NFC со еден допир за брзо поврзување

Технологиите Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете го звучникот за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Траење на батеријата до 8 часа

Уживајте во слушањето со батеријата која трае до 8 часа во режим со Bluetooth® или, пак, приклучете го за да слушате подолго.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

LDAC™: за пренос на содржини со звук со висока резолуција

LDAC поддржува повеќе стапки на пренос во зависност од безжичното опкружување. Ќе ви овозможи да уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција, користејќи максимална стапка на пренос: 990 kbps (приближно три пати повеќе податоци од стандардниот Bluetooth® звук). LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика, така како што замислил изведувачот.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Носете го насекаде

Стаклениот звучник е лесно пренослив. Носете го со вас низ домот - стаклениот звучник нуди одличен звук без разлика каде ќе го ставите во просторијата.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Уживајте во поврзување уреди во повеќе простории

Со функцијата за слушање во повеќе простории може да ја слушате истата песна или различни песни во различни простории преку апликацијата Sony I Music Center - контролирајте сè со еден уред. Ако поврзете два стаклени звучници ќе можете безжично да уживате во јасно разделен стерео звук. Стерео режимот, пак, му овозможува на секој звучник да функционира како лев или десен канал.

Слика од Стаклен звучник LSPX-S2

Преземете ја контролата со апликацијата Sony | Music Center

Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за iOS и Android за далечинска контрола на светлината и музиката или за поставување тајмер за заспивање.