СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S2
Исполнете го вашиот простор со кристално чист звук и амбиентално осветлување со звучник што е дизајниран да се вклопи беспрекорно во вашиот живот.
СТАКЛЕН ЗВУЧНИК LSPX-S2
Исполнете го вашиот простор со кристално чист звук и амбиентално осветлување со звучник што е дизајниран да се вклопи беспрекорно во вашиот живот.
Ставете го стаклениот звучник каде било во собата. Целата цевка од органско стакло ќе вибрира и ќе создаде исклучително јасен звук што се распространува во насока од 360 степени за да слушате јасен звук каде и да сте.
Дознајте за технологијата Advanced Vertical Drive
Три механизми за придвижување ја вибрираат цевката од органско стакло и ја претвораат целата површина во звучник. За разлика од звукот на стандардните високотонци што лесно се насочува, стаклената цевка создава прецизен и квалитетен звук од секој агол, благодарение на неговата цилиндрична форма.
Уживајте во музика со висока резолуција преку стаклен звучник поврзан преку Wi-Fi или аудио влез. Звукот со висока резолуција овозможува кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD-дисковите за да уживате во најтивките нијанси на звукот со поголем квалитет од CD дисковите.
Високотонецот од органско стакло има голема површина за да може да емитува звук со голем дострел што ја исполнува просторијата. Органското стакло создава прекрасна атмосфера исто како стаклена ламба.
Вградениот звучник од 35 мм нуди моќен звук со среден опсег.
Оптимизиран пасивен радијатор за јасни ниски тонови.
Сместен во куќиште со сатенска завршна обработка и провидна цевка од органско стакло, стаклениот звучник е создаден да се усогласи со вашиот стил.
Пронајдете соодветно осветлување за вашата соба со 32-те достапни нивоа на осветлување и добијте совршена атмосфера.
Во режимот за светлина од свеќи, осветлувањето трепери како свеќа - изберете помеѓу силно или слабо треперење во зависност од ситуацијата.
Со технологијата NFC со еден допир и компатибилноста со LDAC ќе уживате во извонредно доживување при слушањето на едноставен начин.
DLNA-врска. Репродуцирајте музика од вашиот домашен компјутер и сервер.
Уживајте во слушањето со батеријата која трае до 8 часа во режим со Bluetooth® или, пак, приклучете го за да слушате подолго.
Стаклениот звучник е лесно пренослив. Носете го со вас низ домот - стаклениот звучник нуди одличен звук без разлика каде ќе го ставите во просторијата.
Со функцијата за слушање во повеќе простории може да ја слушате истата песна или различни песни во различни простории преку апликацијата Sony I Music Center - контролирајте сè со еден уред. Ако поврзете два стаклени звучници ќе можете безжично да уживате во јасно разделен стерео звук. Стерео режимот, пак, му овозможува на секој звучник да функционира како лев или десен канал.
Преземете ја апликацијата Sony | Music Center за iOS и Android за далечинска контрола на светлината и музиката или за поставување тајмер за заспивање.