Звук

Вид на звучникот
Систем со 2 2-системски звучници, рефлективен бас
Димензии на звучник
Високотонец: 14 мм, од тип мека купола, Вуфер: 62 мм, конусен тип

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Главен уред: Прибл. 55x178x210 мм; Звучник: Прибл. 95x178x172 мм
Тежина
Главен уред: Прибл. 1,3 кг (со батерија); Звучник: Прибл. 1,5 кг

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB A, USB B, Излез за слушалки, Излез на звучници

Bluetooth®

Фреквентен опсег
Фреквенција од 2,4 GHz (2,4000 GHz - 2,4835 GHz)

Општи карактеристики

Далечински управувач:
RMT-AA140UB
Потрошувачка на енергија
29 W (при работа) / AC

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,3 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,5 W (Bluetooth®) / 2,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Притиснете го и задржете го копчето (BLUETOOTH) PAIRING на уредот во исто време подолго од 4 секунди

Опции на бои

black

Функции

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Звук со Bисока Pезолуција

Од изворот до звучниците, Sony обедини повеќе технологии за да ви овозможи врвно аудио доживување. Дигиталниот засилувач и специјализираните високотонци ги репродуцираат сите детали од фајловите со звук со висока резолуција, за да можете да ја слушнете секоја нота така како што ја замислил изведувачот.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

DSEE HX ги подобрува вашите музички фајлови

Зголемувајќи го уживањето во звукот во однос на CD квалитетот, DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналните снимки што се губат при процесот на компресија, DSEE HX создава богато звучно доживување со неверојатен квалитет за целата ваша музика.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Создадете оригинални звучни полиња на вашата работна маса

CAS-1 создава оригинални звучни полиња, почнувајќи од музички студија па сè до настапи во живо, создавајќи илузија на слушање настапи во живо. Уживајте во репродукција на музика со нефилтриран звук, таков како што изведувачите би сакале да слушате.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Два засилувачи

Двата различни системи за засилување ви нудат извонреден звук со висока резолуција, без разлика на кој начин слушате. Во компактното куќиште се сместени две независни електронски плочи за засилувачите за звучниците и слушалките. Земајќи ги предвид различните излезни моќности и растојанието до звучниците, слушалките и звучниците имаат различни предуслови за засилување. Потполно дигиталниот засилувач S-Master HX ги засилува посебните звучници и овозможува репродукција на динамичен и моќен звук и покрај ограничувањата на компактниот дизајн. Засилувачот за слушалките и посебниот врвен дигитално-аналоген конвертор се наменети за поизолирано слушање со слушалки и создаваат моќен и прецизен звук преку слушалките.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Дизајн на куќиштето

CAS-1 се одликува со засилена рамка на куќиштето (надворешната површина и рамката) и потпорни столбови дизајнирани да спречат оштетување на куќиштето и електронските кола и да го подобрат квалитетот на звукот. Основната структура е составена од комбинација на врвни сериски компоненти и метални плочи кои нудат голема прецизност. Панелот од лиен алуминиум нуди голема цврстина и мала резонанса, не ја оптоварува подлогата кога е прикачен и го оптимизира протокот на топлината во спротивна насока од компонентите, поради што се зголемува квалитетот на звукот и се намалуваат димензиите.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Потполно дигитален засилувач S-Master HX

Овој новодизајниран потполно дигитален засилувач е производ на технолошкиот развој на дигитални засилувачи на Sony кој трае повеќе од десет години. Со редизајнирањето на електронското коло за напојување и обликување на шумот, ние постигнавме значително намалување на шумот за да уживате во репродукција на чист звук и извонредни детали ексклузивни за звукот со висока резолуција.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Пулсирање при голема јачина на звукот

CAS-1 ги задржува деталите од оригиналниот звук дури и при помали јачини на звукот, за да обезбеди динамичен звук дури и во помали простории. Стандардните дигитални засилувачи (десно) ги уништуваат податоците од оригиналната музика при намалување на јачината на звукот. Пулсирањето при голема јачина на звукот (лево) го прилагодува напонот на напојувањето за да ги задржи податоците од звукот со голема густина при намалување на јачината на звукот. Пулсирањето при голема јачина на звукот го намалува шумот од напојувањето (линијата со црвени точки) создаден при мала јачина на звукот, создавајќи почист звук од стандардните дигитални засилувачи.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Режим за мала јачина на звук

Стандардните компактни звучници за на работна маса имаат тенденција за губење на рамнотежата помеѓу високите тонови и басот од оригиналниот звук при помала јачина на звукот. Режимот за мала јачина на звук ги оптимизира овие својства и го репродуцира звучниот ефект на реалната рамнотежа на оригиналниот звук при мали јачини на звукот.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Посебни звучници

Инженерите за снимање ги поставуваат левите и десните звучници за да формираат рамнострани триаголници заради оптимално следење на звукот. Дизајнот на CAS-1 за поле на кратко растојание ви овозможува да го добиете истиот распоред во домот за да уживате во идеален стерео звук.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Конусни вуфери од 62 мм од карбонски влакна со голема цврстина

Поцврсти и полесни од стаклените влакна, карбонските влакна со голема цврстина кај конусите нудат комбинација од моќни магнетни електронски кола кои создаваат моќен бас. Главниот уред CAS-1 се одликува со обликувана рамка која ги намалува изобличувањата, ги елиминира вибрациите и создава висококвалитетен звук.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Цевка за рефлективен бас од долната страна

Широкиот отвор на излезот за рефлективен бас го намалува шумот во цевката, така што басот е моќен и нема изобличувања дури и блиску до звучниците.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Високотонец со мека купола од 14 мм

Високотонците со мека купола имаат дизајн со широко распространување кој е специјално создаден за репродукција на звук со извонредно висока фреквенција во формати за звук со висока резолуција. Уживајте во дополнителна реалистичност при репродукција на дискретни тонови и звучни текстури кои не можат да се репродуцираат преку стандардни звучници за на маса.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Обоено дрвено куќиште од висока класа

Предната плоча MDF со дебелина од 12 мм ефикасно ги запира вибрациите, а фурнирот од бреза со кој е обвиткана создава прекрасни и контролирани акустички хармонични вибрации. Потпирачите го засилуваат куќиштето, а материјалот кој апсорбира звук ги контролира вибрациите во куќиштето. Дури и бојата, која создава сјаен изглед, е специјално избрана за дополнително елиминирање на несаканите хармонични вибрации.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Агол на звучниците од 8º

Поставувањето на звучниците под нагорен агол од 8º овозможува квалитетен звук кога слушателот седи на оддалеченост од 75 до 200 см. Кога ќе ги закосите посебните звучници CAS-1 во оптимална положба, тие се дизајнирани да обезбедат подобар звук директно до вашите уши без несакани рефлектирања или пречки.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Основа на звучниците и месингани шилци

Аудио системот CAS-1 содржи ексклузивна галантерија за звучници специјално дизајнирана за избегнување на пречките и создавање звук со висока резолуција на мала оддалеченост - растојание од 75 до 200 см од посебните звучници. Поставете ги испорачаните месингани шилци за да ги подигнете звучниците на идеален нагорен агол од 8 ° и за да можете да го насочите звукот директно кон вашите уши и искористете ги испорачаните челични додатоци од 5 мм за основата на звучниците за намалување на вишокот рефлектирања. Оваа галантерија која се поставува лесно ви овозможува да добиете одлична акустика во мали простории без сложени прилагодувања. CAS-1 содржи сè што ви е потребно за да уживате во оригинално звучно поле на вашата работа маса. Само додајте ја омилената музика и направете сопствен звучен простор.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

D/A конвертор (PCM1795)

CAS-1 го користи истиот 32-битен дигитално-аналоген конвертор (DAC) со голема прецизност што се вградува во препознатливиот аудио плеер со висока резолуција HAP-Z1ES од Sony. Овој DAC ги извлекува деталните информации за звучното поле со висока резолуција од изворите на звук и нуди подобар и побогат звук за создавање на оригиналното звучно поле.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Контрола на јачината на звукот (NJW1194)

За контрола на јачината на звукот, CAS-1 користи електронска јачина на звукот (NJW1194 ) со висококвалитетен звук. NJW1194 ги минимизира изобличувањата и шумот при помали јачини на звукот, заради помало намалување на квалитетот на звукот. Уживајте во висококвалитетен звук кој е верен на оригиналното звучно поле, без несакани изобличувања.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Засилувач за слушалки (TA6120A)

CAS-1 го користи истиот одличен засилувач IC за слушалки што го користи преносливиот засилувач за слушалки/DAC за звук PHA-2 со висока резолуција со голема прецизност од Sony за засилување на звукот од слушалките со голема моќност и прецизност. Одликувајќи се со одлична моќност во споредба со стандардните оперативни засилувачи, овој засилувач за слушалки може лесно да засилува дури и слушалки со голема импеданса за ефикасна репродукција на висококвалитетен звук.

Вклучувајте ја и исклучувајте ја излезната моќност преку реле

Сите аспекти беа земени предвид во потрагата по беспрекорно аудио доживување кај CAS-1. Наместо прекинувач со полупроводник, вградивме електронско коло за избор на излезната струја кое користи реле со мала отпорност при контакт и одличен звук.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Дизајн со идеален распоред на четирислојните електронски плочи

Главниот уред CAS-1 содржи четирислојни електронски плочи кои овозможуваат идеално пренасочување на заземјувањето и напојувањето. Распоредот на компонентите е дизајниран по симетричен шаблон врз основа на врвните модели за почист звук со помал шум.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Прекинувач за промена на засилувањето

Со прилагодлива контрола на засилувањето, ќе уживате во најдобриот можен звук користејќи ги вашите омилени слушалки. Засилувањето кај засилувачите за слушалки ја претставува максималната вредност со која засилувачот го засилува сигналот. CAS-1 има наменски прекинувач за промена на засилувањето на слушалките кој овозможува усогласување со импедансата на вашите слушалки, подобрувајќи го доживувањето при слушањето со слушалки со различна импеданса.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Цврст приклучок за слушалки

На предната страна на CAS-1 има мини приклучок за слушалки од 3,5 мм изработен од висококвалитетни метални делови. Употребата на квалитетни метални делови ви гарантира дека приклучокот за слушалки ќе овозможи цврсто и сигурно приклучување во секое време, нема да дозволи движења за да обезбеди стабилна врска и за да спречи изобличување, како и да обезбеди звук со беспрекорен квалитет. Употребата на универзален мини приклучок од 3,5 мм овозможува голема компатибилност, за да можете да ги користите истите слушалки што ги употребувате во домот за вашиот Walkman® или паметен телефон.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Висококвалитетно безжично проследување

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на тројно повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

USB-B и USB-A

Поврзете го вашиот Walkman® или компјутер во USB-B приклучокот на задната страна за да репродуцирате извори на звук со висока резолуција. Поврзете Walkman® или USB уреди за складирање во предниот USB-A приклучок за да репродуцирате музика со висока резолуција со помош на апликацијата SongPal или испорачаниот далечински управувач. Исто така, од тука можете да го полните вашиот iPhone или други мобилни уреди.

Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

Обединете ја вашата музика со SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Треба само да се поврзете преку Bluetooth® за да репродуцирате музика преку USB и да гледате информации за песните во Walkman® плеерот или USB уредот за масовно складирање поврзан преку приклучокот USB-A. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.