CAS-1

Прекрасни звучни полиња во просторот

Системот за звук CAS-1 со висока резолуција и два вградени засилувачи создаваат оригинални звучни полиња со голема прецизност преку стерео звучници или слушалки за да уживате во прекрасни доживувања.

СИТЕ БЕЗЖИЧНИ ЗВУЧНИЦИ

Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки

CAS-1
Слика од Аудио систем со висока резолуција и засилувач за слушалки
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Запознајте се одново со вашата омилена музика

Системот за звук CAS-1, кој располага со два засилувачи и посебни звучници, прецизно ги создава оригиналните звучни полиња за да уживате во прекрасни доживувања со звук со висока резолуција преку звучниците или слушалките. Секоја дискретна нота од вашата омилена музика ќе го исполни просторот со исклучително богати детали, дури и при мала јачина на звукот. Исто така, ќе уживате и во висококвалитетно проследување на звук преку Bluetooth® од вашите уреди.

Слика од звучниците
Слушање во поле со мал радиус

Уживајте во исклучително богати звучни полиња создадени прецизно на оддалеченост од 75 до 200 см од посебните звучници.

Слика од слушалки
Слушање преку слушалки

Независниот и висококвалитетен DAC и засилувачот за слушалки овозможуваат слушање звук со висока резолуција преку слушалки.

Уживајте во квалитет на звук што предизвикува морници

Звукот со висока резолуција го репродуцира секој здив, ритам и нота, а потполно дигиталниот засилувач S-Master HX™ ги намалува изобличувањата за да обезбеди доживување како во студио за снимање на вашата работна маса.

Пренос на 6,5x повеќе податоци со звукот со висока резолуција
Подобрување на вашата постоечка музика

DSEE HX™ ги подобрува постоечките извори на звук приближно до квалитет со висока резолуција, за да се чувствувате како да сте во студио за снимање или на концерт.

Два засилувачи за две доживувања

Независните системи за засилување ви нудат извонреден звук со висока резолуција според различните предуслови за засилување кај слушалките и звучниците.

Две доживувања со звук со висока резолуција

Звук со висока резолуција преку посебни звучници или слушалки

Независните засилувачи за звучниците и слушалките создаваат звук со висока резолуција преку посебните звучници или слушалките.

Маж слуша преку звучници
Слушање преку звучници
Маж слуша преку слушалки
Слушање преку слушалки
Слушнете ја секоја нота со неверојатна острина

Звук со висока резолуција преку звучници или слушалки

Независните засилувачи ја елиминираат дополнителната отпорност, создавајќи звук кој наликува многу повеќе на оригиналниот и преку слушалките и преку звучниците.

Уште поголема реалистичност, како никогаш досега

Технологијата на целосно дигиталниот засилувач S-Master HX™, создадена единствено за звук со висока резолуција, го намалува изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции за добивање на богат и сеопфатен звук.

Дигитално-аналогни конвертори
Рамнотежа помеѓу моќен и прецизен звук

Звукот од слушалките е резултат на независен засилувач за слушалки и дигитално-аналогна конверзија (DAC) од врвна класа.

Слушање во поле со мал радиус
Застанете во центарот на сцената

Динамичната акустика создава богати звучни полиња

Уживајте во вашата музика како да сте на настап во живо преку репродукцијата на стерео звук кој создава оригинални звучни полиња. Посебните звучници создаваат звук независно и го подобруваат насочувањето за да добиете прекрасно доживување при слушањето, дури и во мали простории.

Добијте ја најдобрата положба за слушање на лесен начин

Лесно поставување на звучниците за да добиете најдобро место за слушање

Ставете ги звучниците на растојание од 75 до 200 см за да добиете оптимална позиција за слушање. Испорачаните месингани шилци го прилагодуваат аголот на звучниците, а испорачаните основи за звучниците нудат стабилна акустика на секоја површина.

Перспектива на отворот за рефлективен бас
Моќен и продолжен бас

Прилагодениот отвор за рефлективен бас им овозможува на компактните звучници да репродуцираат длабок и задоволителен бас.

Страничен приказ на звучниците
Репродукција на звук со одлична рамнотежа

Месинганите шилци ги подигнуваат звучниците за придушување на високите фреквенции и ги поправаат разликите помеѓу вуферот и високотонецот.

Прекрасни звучни полиња при секоја јачина на звукот

Главниот уред CAS-1 и посебните звучници се дизајнирани за оригинални звучни полиња и овозможуваат слушање на кратки растојанија на работната маса, дури и при мала јачина на звукот.

Режимот за мала јачина на звукот е ВКЛУЧЕН
Режимот за мала јачина на звукот е ИСКЛУЧЕН
Режимот за мала јачина на звукот е ВКЛУЧЕН
Режимот за мала јачина на звукот е ИСКЛУЧЕН
Беспрекорни детали при секоја јачина на звукот

Технологиите како пулсирање при голема јачина на звукот и режимот за мала јачина на звукот создаваат звук со динамичен одзив при мала јачина на звукот, дури и во моменти кога други дигитални засилувачи не можат.

Слушање преку слушалки
Напредно слушање преку слушалки

Уживајте во поквалитетно слушање на различни видови слушалки

Засилувачот од висока класа го засилува звукот и кај слушалките за во уво и кај слушалките со поставување преку уво. Наменскиот засилувач на CAS-1 за слушалки и независниот DAC од висока класа го прилагодуваат излезот за поизолирано слушање преку слушалките. Користете го наменскиот прекинувач за промена на засилувањето на слушалките за да ја усогласите импедансата со слушалките и да го подобрите слушањето со слушалки со различни импеданси.

Слика од преклопникот за засилување
Прекинувач за промена на засилувањето

Прилагодливото засилување ви овозможува да ги користите омилените слушалки. Користете ги опциите HI/LOW за да ја усогласите импедансата со слушалките.

Слика од приклучокот за слушалки
Цврст приклучок за слушалки

Квалитетни метални делови за стабилно поврзување и помалку изобличувања. Мини приклучок за голема компатибилност.

Безжично проследување
Едноставно поврзување за безжично проследување

Поврзувајте мобилни уреди безжично со посебните звучници за поголема практичност и подобар звук. Проследувајте ја вашата музика со детали и острина преку Bluetooth® и висококвалитетните аудио кодеци LDAC.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на три пати повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.

Лого за Bluetooth®
Безжично проследување преку Bluetooth®

Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Bluetooth®.

NFC лого
Моментално поврзување со еден допир

Користете NFC за моментално впарување на CAS-1 со паметни телефони преку NFC со еден допир.

Дизајнирани за врвни перформанси
Дизајнирани за вашиот простор

Стилскиот и компактен дизајн на посебните звучници за слушање во поле со мал радиус ви овозможува да уживате во висококвалитетен звук во мали простории, оставајќи ви доволно простор за работа, учење и забава. Поставете ги моќните и компактни звучници на лесен начин за најдобро можно доживување при слушањето.

Висококвалитетни електронски кола

Куќиштето со цврста рамка и столбови содржи две посебни електронски плочи за независниот засилувач S-Master HX за звучниците и засилувачот DAC + за слушалките.

Рамка, куќиште и електронски плочи
Дизајнирани за јасност

Компактни посебни звучници со слушање во поле со мал радиус. Вградени во специјално обоени кутии од висока класа, посебните звучници CAS-1 создаваат идеално акустично поле на вашата работна маса.

Перспектива на звучник
Поврзување и контроли
Поврзете ги вашите уреди за музика

Репродуцирајте ја вашата музика на едноставен начин од секоја локација.

Поврзете го вашиот компјутер, Walkman®, паметен телефон или таблет-уред Xperia™ преку USB за звук со висока резолуција. Лесно поврзувајте мобилни уреди со еден допир за безжично проследување на музика со детали и острина преку NFC + Bluetooth® и LDAC. Новата технологија за звук од Sony која создава висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth® и LDAC како дел од решението за безжична репродукција на звук овозможуваат прекрасно слушање.

Контролирајте ја музиката и слушањето во повеќе простории со апликацијата SongPal
Обединете ја вашата музика

Едноставна контрола на проследувањето со апликацијата SongPal

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата SongPal во паметниот телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика и поставувањата на уредот.

Наградуван дизајн

iF НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН 2016

Жирито составено од 60 експерти му додели светска награда за квалитетен дизајн на CAS-1, на iF НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН 2016.

Спецификации и функции

Системот CAS-1 за на работна маса кој поддржува звук со висока резолуција има два различни вградени засилувачи кои ги создаваат оригиналните звучни полиња преку посебни звучници или слушалки со чувство на настап во живо.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX ја подобрува музиката речиси до квалитетот со висока резолуција

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Наменскиот засилувач и DAC ги засилуваат слушалките со голема моќност и прецизност

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

ВИД НА ЗВУЧНИК
Систем со 2 2-системски звучници, рефлективен бас
ГОЛЕМИНА НА ЗВУЧНИК
Високотонец: 14 мм, од тип мека купола, Вуфер: 62 мм, конусен тип
ВЛЕЗНИ И ИЗЛЕЗНИ ПРИКЛУЧОЦИ
USB A, USB B, Излез за слушалки, Излез на звучници
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди