Слика од Видео Walkman
Слика од Видео Walkman
Музика, без одвлекување на вниманието

Доживејте ја E580 серијата на WALKMAN®, со технологија за поништување на шум и репродукција на музика од 77 часа, така што ништо нема да се испречи помеѓу вас и вашата музика. Слушнете ги сите детали со режимот ClearAudio+ и гледајте видео на LCD екранот од 5см. Со себе понесете до 16GB музика, видео и фотографии во уред со лесен и компактен дизајн.

Ништо друго освен вашата музика

Отстранете до 98% од шумот од околината

Стишајте го надворешниот свет со помош на технологијата за дигитално поништување на шум. Елиминирајте го звукот на утринскиот воз или блокирајте ја бучавата на авионот и слушајте ја само музиката. Различните опкружувања создаваат различни видови на шум – ќе можете да го изберете најефикасното намалување на шум за вашата околина.

За подолготрајна музика

Не дозволувајте кусото траење на батеријата да ви создава проблеми. Наполнете го вашиот Walkman® E580 и добијте најмногу 77 часа континуирана репродукција на музика.

Репродукција на музика од 77 часа
ClearAudio+ режим
Чист звук и ништо друго

Слушнете ја разликата со ClearAudio+

ClearAudio+ е комбинација од нашите технологии Clear Stereo и Clear Bass кои нудат остар и неизобличен звук со богат бас. Дополнителниот процесор за подобрување на дигитален звук ги обновува компресираните фајлови речиси до оригиналниот квалитет.

Динамички нормализатор
Динамички нормализатор

Се изедначува нивото на јачината на звукот помеѓу песните за да се минимизираат несаканите промени.

Технологија Virtual Phones™
Технологија Virtual Phones™

VPT нуди акустичен ефект како во студио, настап во живо или ноќен клуб.

Еквалајзер со 5 појаси
Еквалајзер со 5 појаси

Поставете го квалитетот на звукот да одговара на музичкиот жанр со пет однапред поставени опции.

Едноставно префрлување

Прикачете го вашиот WALKMAN® преку USB на PC или Mac и располагајте со целата ваша музика од едно место. Едноставно копирајте песни со повлекување од Windows® или iTunes. Уживајте во сите ваши омилени песни, видео снимки и фотографии благодарение на меморијата до 16GB.

Компактен дизајн
Тенок и елегантен

Уживајте во компактното куќиште со дебелина од 7,9мм со металик дизајн.

Режими на звук
Извлечете повеќе од вашата музика

Уживајте во удобни слушалки за во уво со поништување шум.

Спецификации

  • ClearAudio+ режим

  • Дигитално поништување на шумот

  • Репродукција на музика од 77 часа

  • Динамички нормализатор

  • Еквалајзер со 5 појаси

Големина на екранот (инчи)
2" (5,1 см)
Резолуција на екран
320x240 (QVGA)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
77 часа
Тежина
49 гр.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина