Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција
Слика од Walkman® со звук со висока резолуција

Функции

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Уживајте максимално во дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција овозможува беспрекорна репродукција на музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Слушалките со поништување на шум се фокусираат на вашата музика

Серијата NW-ZX100 содржи ексклузивни слушалки со поништување на шум , за да можете да ги елиминирате останатите звуци околу вас. Изберете некоја од многубројните поставки во зависност од вашето опкружување и уживајте повеќе во музиката со поништувањето на шумот кое го елиминира амбиенталниот шум, за подобро доживување при слушањето.

Врвни компоненти за врвен звук

NW-ZX100 се одликува со подобри електронски кола, оптимизирани за извонредна јасност и квалитетен звук. Рамката со голема цврстина, заедно со подобрената импеданса на лемот и електронската плоча со мала диелектрична вредност, создаваат комбинација која нуди извонредно и преносливо доживување на звукот.

Direct Stream Digital (DSD) репродукција за звук со висока резолуција

Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) - специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој 1-бит. формат применува низа високофреквентни 1-ци и 0-ли за создавање звучни бранови форми со поголема резолуција од стандардните кодеци. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција.

Дигитален засилувач S-Master HX: беспрекорна чистота на звукот

Уживајте во најдобриот звук со висока резолуција со дигиталниот засилувач S-master HX. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека на сигналот, S-Master HX ги репродуцира деталите и фреквентниот опсег кои се потребни за форматите во висока резолуција. За разлика од обичните засилувачи, тој го задржува дигиталниот сигнал сѐ до излезот преку звучникот, елиминирајќи го изобличувањето — за звук со висока резолуција, таков како што замислил изведувачот.

DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови

Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.

Можност за проширување на меморискиот простор за бескрајни листи за репродукција

Освен огромната меморија од 128 GB кај серија NW-ZX100, можете да користите и микро SD картичка, за да можете да ги понесете дури и најголемите музички збирки со вас додека патувате.

Поголема издржливост на батеријата за подолго слушање

Никогаш не останувајте без енергија кога сте во движење. NW-ZX100 има доволно енергија за репродукција на MP3 до 70 часа или, пак, за репродукција на FLAC до 45 часа, така што не треба да се грижите дали ќе најдете полнач додека сте во движење.

Повеќе формати за музика

Серијата NW-ZX100 поддржува формати за звук со висока резолуција, како и популарните формати MP3, WAV, AIFF, WMA, AAC, HE-ACC, FLAC и ALAC.

NFC со еден допир за брзо поврзување

Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување музика преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.

Проследување преку Bluetooth® со највисок квалитет: LDAC

Создаден од Sony, Bluetooth® LDAC кодекот нуди ново ниво на проследување музика. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®. Стапки на семплирање до 96kHz и поефикасно кодирање за безжичен звук со CD квалитет.

Спецификации

Серијата NW-ZX100 на Walkman® со звук со висока резолуција е дизајниран прецизно со врвни електронски кола, префинето алуминиумско куќиште и технологија за поништување шум, за да можете да се фокусирате само на музиката.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Капацитет од 128 GB со можност за проширување

  • Се испорачува со слушалки со поништување на шум

Големина на меморија
128GB
Големина на екранот (инчи)
3" (7,6 см)
Резолуција на екран
400x240 (WQVGA)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА - КОНТИНУИРАНА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА (АПЛИКАЦИЈА W.MUSIC)
45 часа (звук со висока резолуција), 70 часа (MP3)
Тежина
145 гр.
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина