Прескокни до содржина

Серија NW-A30

Повеќе од музиката што ја сакате

Уживајте во бесконечни листи за репродукција од омилените песни со најновиот Walkman®. Одликувајќи се со звук со висока резолуција и привлечен дизајн, серијата NW-A30 нуди подеднакво добар изглед и звук. 

MP3 ПЛЕЕРИ

Walkman® со звук со висока резолуција

NW-A30 SERIES

Слика од Walkman® со звук со висока резолуција

16GB|16 GB со слушалки|redpinkyellowblueblack

Лого h.ear

Слушање со прекрасни бои

Палетата h.ear од Sony нуди звук со висока резолуција и одличен и препознатлив дизајн. Живописниот звук никогаш не изгледал толку добро. 

Изразете се со звук

Стилските бои, префинетите материјали и препознатливиот дизајн ја прават серијата NW-A30 навистина уникатна. Пронајдете го совршениот модел за вас.  

Минимален дизајн

Инспирирана од едноставност, серијата NW-A30 е одличен пример за „помалку е подобро“. Со јасни линии и едноставна форма, таа е дизајнирана да стане дел од вашиот личен стил.

Погледнете го видео записот

Прекрасни бои

Серијата NW-A30 е достапна во различни стилски бои - секоја од нив е внимателно избрана земајќи предвид различни карактери. Која е вашата боја?

  • Лиметна боја
  • Зелено-сина боја
  • Јаглен-црна боја
  • Бордо розова боја
  • Румено црвена боја
Екран на допир

Интуитивен допир

Висококвалитетниот екран од 7,9 см (3,1”) е чувствителен на допир за да можете да ги користите функциите со едноставно допирање на иконата. Толку е интуитивен што користењето изгледа многу лесно. 

Слушајте ги само важните звуци

Се испорачува со слушалки со поништување на шумот

Уживајте уште повеќе во музиката со слушалки со поништување на шум кои ексклузивно се испорачуваат во пакет со серијата NW-A30. Блокирајте го шумот и фокусирајте се само на музиката.  

Врвен стил во комбинација со врвен звук

Добијте го најдоброто од секоја песна

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Звук со Bисока Pезолуција
DSEE HX

Репродукција на DSD

Уживајте во висококвалитетна репродукција на содржини конвертирани со PCM (Pulse Code Modulation) со истиот топол звук како кај оригиналниот DSD.

S-Master HX

S-Master HX

Дигиталниот засилувач S-Master HX го елиминира изобличувањето и шумот низ широк опсег на фреквенции за добивање богат и сеопфатен звук.

DSD

DSEE HX

Слушнете го она што досега не сте можеле. DSEE HX ја подобрува вашата постоечка музика до квалитет со висока резолуција.



Проследување преку Bluetooth® со највисок квалитет

Уживајте во проследување на висококвалитетна музика со LDAC - нашиот врвен безжичен кодек. Со 3x поголема бит-стапка од стандардниот Bluetooth®, можете да уживате во извонредно доживување при слушањето на сета ваша музика.

Век на траење на батеријата

Долгo траење на батеријата

Уживајте во репродукција до 45 часа со зголеменото траење на батеријата. Трошете помалку време за полнење, а повеќе време за слушање на музиката што ја сакате

Меморија за складирање

Повеќе листи за репродукција

Серијата NW-A30 овозможува зголемување на капацитетот за складирање. Само додадете microSD картичка и никогаш нема да ви снема музика.  

Спецификации и функции
Уживајте во бесконечни листи за репродукција од омилените песни со најновиот Walkman®. Одликувајќи се со звук со висока резолуција и привлечен дизајн, серијата NW-A30 нуди подеднакво добар изглед и звук.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • S-Master HX дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Се испорачува со слушалки со поништување на шум

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина