Потонете во звук што ве опкружува. Толку е реален што ќе се чувствувате како на концерт во живо или како да сте со изведувачот во студио. Со 360 Reality Audio, музиката никогаш не била поубава и пореална. Со серијата NW-A100 ќе уживате во 360 Reality Audio.
A100 Walkman® од серија A
Новата палета h.ear нуди нова хармонија на бои, создавајќи неочекувани комбинации на бои каде што сите елементи имаат свое место и меѓусебно се надополнуваат.
Одликувајќи се со поддршка за Android™ и директно преземање и проследување преку Wi-Fi, привлечната серија NW-A100 е создадена за уживање во музиката на ваш начин.
Новата палета h.ear е достапна во бои што совршено ќе одговараат на вашиот животен стил. Тоновите се комбинираат со повеќе нијанси и различни бои. Носете ги со вашата омилена облека - совршена хармонија.
Од компатибилност со звук со висока резолуција до напредно дигитално подобрување на квалитетот - серијата NW-A100 е дизајнирана да извлече максимум од вашата музика.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Уживајте во сите детали од музиката со дигиталниот засилувач S-Master HX™ што нуди звук со висока резолуција и максимален квалитет, но со помалку изобличувања и шум.
DSEE Ultimate™ користи AI-технологија за да репродуцира детални акустични нијанси и јасни високофреквентни звуци што често се губат при компресија на звукот.
Уживајте во природниот звук и деталите на DSD-форматите за звук до 11,2 MHz, благодарение на висококвалитетната PCM-конверзија на серијата NW-A100.
Уживајте во квалитетна музика со звук со висока резолуција благодарение на LDAC, нашиот врвен безжичен кодек. Со 3x поголема бит-стапка од стандардната технологија BLUETOOTH® ќе уживате во неверојатно доживување при слушањето на вашата музика.
Bluetooth® и поле за комуникации во близина (NFC) овозможуваат брзо и лесно поврзување со вашата музика. Допрете го вашиот уред со NFC до серијата NW-A100 за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè. Достапна е компатибилност со LDAC и aptX™ HD-звук.
Сите материјали и компоненти на серијата NW-A100 се избрани за една цел - да се создаде извонредно доживување при слушањето.
Врвната алуминиумска конструкција нуди извонредна цврстина што придонесува за јасен и стабилен звук со мала импеданса и моќен бас.
Во блокот на засилувачот се користат висококвалитетни фолиски кондензатори за да ѝ помогнат на серијата NW-A100 во создавањето транспарентни и пространи високи тонови и природен звук.
Отпорникот за врвен звук, што е монтиран на површината, овозможува рамномерно и ефикасно распределување на напојувањето до компонентите на електронската плоча заради доследен квалитет на звукот.
Со одвојување на блокот за звук (во црвена боја) и блокот за напојување/дигиталниот блок (во сина боја), распоредот на електронската плоча е оптимизиран за да обезбеди квалитетен шум без дигитален шум.
Извонредната спроводливост на златото овозможува минимални загуби на сигналот. За да добиете појасни вокали и звук, батеријата и електронската плоча на серијата NW-A100 се поврзани со врвен лем без олово од класа за звук со мало количество на злато.
Одликувајќи се со поддршка за Android™ и Wi-Fi, NW-A100 ви нуди повеќе начини за слушање музика. Уживајте во омилените апликации за проследување и музика преку вашиот Walkman® или поврзете го со компјутер за да пристапите до вашата музичка збирка.
Ергономската и практична серија NW-A100 го подобрува доживувањето при слушањето музика кога сте во движење.
Одликувајќи се со елегантни заоблени површини и мат завршна обработка, NW-A100 е дизајниран за удобно држење во рака.
NW-A100 има поголем екран од својот претходник NW-A50, а сепак нивните куќишта се речиси исти по големина. Тоа ќе ви овозможи полесен пристап до вашата музика без компромиси во удобноста.
Добро обмислениот дизајн на страничните контроли ќе ви овозможи да ги избирате омилените песни и да ја прилагодувате јачината на звукот без да го вадите уредот од џеб.
Серијата NW-A100 има приклучок USB Type-C ™ за лесно поврзување со различни уреди.
Надополнете ја веќе големата меморија на вашата серија NW-A100 со microSD-картичка - ставете картичка во отворот за да уживате во бесконечни листи за репродукција или во најголемите музички збирки додека патувате.
Кога е целосно наполнет може да репродуцирате MP3-музика со 128 kbps до 26 часа. Совршен за секојдневни патувања или прошетки.
Внесете ги топлината и карактерот на грамофонските плочи во дигиталните песни. Уживајте во детална репродукција на нискофреквентна резонанца, отпорност на рачката за тон и површински шум што овозможуваат реалистично доживување при слушањето.
Серијата NW-A100 може да репродуцира и декодира датотеки MQA™ за да можете да слушате уште повеќе музика без загуби во квалитетот.
Специјалната футрола, што е дел од пакетот за 40-годишнината на Walkman®, не само што го заштитува Walkman® NW-A100 од прав и гребнатини, туку и изгледа како TPS-L2 - оригиналниот Walkman® од 1979 година. Особено во комбинација со корисничкиот интерфејс во вид на касета.
Кутијата е направена според оригиналното пакување на TPS-L2 и во неа има Walkman® од серијата NW-A100 со лого за 40-годишнината на задната страна и специјална мека футрола во стил на незаборавниот TPS-L2. Вклучени се и две налепници за 40-годишнината на Walkman®.
Во чест на незаборавниот TPS-L2, серијата NW-A100 има специјален кориснички интерфејс во вид на касета и заштитник за екранот. Интерфејсот во вид на касета се прикажува на екранот на Walkman® и се менува според кодекот на музиката што ја слушате.