Додека домашната забава станува сè позабавна, како можат телевизорите и производите за домашно кино да ја разубават дневната соба? Одговорот се крие во елементите вградени во различни производи кои се усогласуваат меѓусебно.
Кај телевизорите BRAVIA®, нашата потрага по дизајн што овозможува неверојатни доживувања при гледањето со кристално чиста слика започна во 2010 година со Monolithic Design и продолжи во 2013 година со Sense of Quartz. Следната етапа во 2014 година беше дизајнот Врвна геометрија. Основните квалитети на телевизорите добија форма на чисти и минималистички геометриски форми. Дизајнот инспириран од овие идеи го подобрува доживувањето при гледањето и гарантира дека телевизорите ќе го надополнат мебелот и другите геометриски форми во просторијата.
Домашната забава што ја нуди Sony станува сè подобра во 2015 година, бидејќи оваа естетика се пренесува од телевизорите на звучниците во вид на лента, Blu-ray Disc™ плеерите и други производи кои заедно создаваат „композиција“ на просторија. Тие нудат ново ниво на хармонија, а усогласената опрема е само почеток. Овие системи, исто така, можат да се усогласат со мебелот и да внесат кохерентност во собата како целина. Препознатливите квалитети на секој подобрен уред се очигледни, а нивните улоги или функции се претставени со геометриски форми. Постои моќно взаемно дејство помеѓу формите кое ги надминува различните категории на производи. Производите изгледаат како создадени едни за други, независно како или каде се поставени.
Тоа што ги истакнува практичните улоги на екраните, звучниците, држачите и другите елементи се контрастните текстури, како завршните обработки со брусен метал и кожна текстура. Овие препознатливи материјали оформуваат дел од дизајнот што го споделуваат овие производи, кој навлегува во детали како што е доследното заоблување на рабовите. Затоа производите изгледаат одлично кога се заедно, независно каде се поставени во просторијата.
Tako, главен уметички директор
Дизајнот е безначаен доколку тој не го содржи тоа за што се создадени елементите на производите – нивната намена. Нема потреба од претерани додатоци. Отстранете сè што не е неопходно за да можат елементите да ја исполнат својата улога и геометриските форми ќе станат неминовни. Едноставноста на оваа геометрија овозможува дури и различните форми да изгледаат сосема нормално кога се поставени едни покрај други. Формите изгледаат толку нормално кога се заедно што создаваат визуелна хармонија дури и со различни категории на производи.
Врвната геометрија веќе е поизразена кај палетата BRAVIA®, која ги одразува неопходните квалитети за телевизори. Ви го претставуваме новиот дизајн на BRAVIA®. Ја опфаќа целата дневна соба, без да ви пречи.
4K телевизорите BRAVIA® од 2015 година уште повеќе одговараат во дневната соба. Изгледот на сите елементи е подобрен според својата улога, поради што телевизорите изгледаат поедноставни. Тоа може да се заклучи по екранот - важен елемент кој е потенок и изгледа како обична тенка плоча. И држачот е потенок, но е многу цврст. Алуминиумскиот потпорен држач нуди стабилност за големи екрани со минимални допирни точки со подот. Рационализирањето е очигледно и кај останатите елементи, како лебдечкото интелигентно јадро под екранот кое е потенко и покомпактно. Овие темелни подобрувања ги прават телевизорите да изгледаат потенки.
Содржините изгледаат како да лебдат на тенкиот екран
Серија X900C
Екранот е навистина едноставен. Толку простран екран заслужува подеднакво минималистички и елегантни геометриски карактеристики, а серијата X900C ќе ви го понуди токму тоа. Панелот, кој е опкружен со најмалата можна рамка, има дебелина од само 4,9 мм на најтенкиот дел, благодарение на комбинацијата од новата структура и „технологијата за обложување рабови“ создадени од Sony. Содржините што ги гледате изгледаат како да лебдат во воздухот. Под екранот има алуминиумски држач кој е тенок, но многу цврст. Структурата која изгледа дека лебди соодветствува со лесниот екран. Кога екранот е поставен на ѕид, тој се потпира на ѕидот, како да е вграден во него. Екранот е оддалечен од ѕидот приближно 40 мм. Структурата на задната страна е практична и заштедува простор, нуди ефикасно организирање на каблите и вентилација, како и паметно позиционирање на приклучокот за држачот. А благодарение на стилската завршна обработка во вид на кожа, телевизорот изгледа привлечно од секој агол.
Врвен квалитет на слика, поставен врз моќен звук
Серија X930C
Во формите спаѓаат и правоаголната форма на 4K екранот и триаголниот држач, кој е доволно голем за во него да се сместат големи звучници. Кај X930C, екранот изгледа како да е сместен во куќиште создадено за одлични перформанси за звук. Странично, дизајнот го нагласува екранот со завршната обработка на клинот во вид на огледало со потемни и дискретни тонови. Завршната обработка на задната страна во вид на кожа потсетува на луксузни гарнитури, поради што телевизорот изгледа одлично во дневните соби. А, пак, алуминиумскиот држач долу овозможува стабилност и елегантна силуета. Тој нуди потпора за екранот и звучниците, наместо да им тежи. Внимателно пресметаната рамнотежа ги обединува контрастните форми на екранот и звучниците.
Пример за вистинска едноставност
Серија X850C
X850C, кој има наједноставна форма од новите модели на BRAVIA®, поставува нов стандард во дизајнот на 4K телевизорите. Тој е составен само од најнеопходните елементи – екран и држач – кои совршено одговараат во секоја дневна соба. Завршната обработка со брусена површина ги надополнува острите рабови, создавајќи привлечна комбинација од тенок екран и алуминиум. Како држач за телевизорот се користи лента од цврст алуминиум која е издржлива и лесна. Завршната обработка на држачот во вид на огледало го рефлектира опкружувањето во кое е поставен држачот за тој да изгледа подискретно.
Yokota, дизајнер
Новите BRAVIA® телевизори со потенки екрани изгледаат беспрекорно во дневната соба. Но, вложивме огромни напори во подобрувањето на сите елементи за да ги направиме телевизорите неверојатно лесни и да изгледаат дека лебдат. Кај моделите X900C вградивме нова и напредна „технологија за обложување рабови“ и испакнат алуминиумски држач кој е цврст и неверојатно тенок. Серијата X930C се одликува со професионално обликуван алуминиумски држач. Овој дизајн е резултат на професионално производство.
Дизајнот кој е присутен во различни категории создава неверојатна забава во дневната соба преку координирани слики и звуци од телевизорите, звучниците во вид на лента и Blu-ray Disc™ плеерите на Sony. Ова е нова перспектива што одново ги дефинира домашните кина.
Изглед кој е обединет со геометрија
Потрагата по нова естетика за производите за домашни кина кои ќе го надополнат мебелот и дневната соба, како и телевизорите BRAVIA®, нè доведе до врвната геометрија кај звучниците во вид на ленти и Blu-ray Disc плеерите. Ги рационализиравме основните квалитети, а функциите ги обликувавме во минималистички и геометриски форми. Како резултат добивме производи кои изгледаат обединети и усогласени со просториите, дури и при комбинирање производи од различни категории.
Секоја неопходна улога, на пример, репродукција на звук со суштина или прикажување слики кои оставаат впечаток, е усогласена со совршената геометриска форма и препознатливата завршна обработка. Кај звучниците во вид на лента, овие едноставни геометриски форми претставуваат елементи кои создаваат врвен звук, како што се звучниците и засилувачите. Кај Blu-ray Disc плеерите, тие претставуваат елементи поврзани со читање и контролирање дискови, како што е лежиштето за дискови и копчињата. Овие важни карактеристики се надополнети со завршни обработки во мат бои, сјајни бои или други препознатливи обработки. Доследните детали во сите категории на производи – како специфичното заоблување на рабовите за подобар звук или завршната обработка со кожна текстура на одредени површини – ги подобруваат системите како целина.
исто како звукот што го создава
HT-ST9
Високите стандарди за звук се очигледни во дизајнот на врвниот звучник во вид на лента со висока резолуција HT-ST9. Издолженото шестоаголно куќиште овозможува создавање на импресивно звучно поле и моќен звук. Кожната текстура на двете страни укажува на цврстина и создава елегантен изглед. Одликувајќи се со помалку паралелни површини, шестоаголното куќиште нуди и акустичка предност во однос на стерео системите во вид на кутија. Конструкцијата на испакнатиот алуминиумски држач го зголемува чувството на цврстина и луксуз што се очекуваат од врвни компоненти. Завршната обработка со кожна текстура ги разубавува страните. Не само што се усогласува со телевизорите BRAVIA®, туку претставува и знак за квалитет на звучникот. Практичната и технолошка предност на оваа завршна обработка е подобриот Wi-Fi® пренос.
Обликувани за практично поставување на два начина
HT-CT780 / HT-CT380
Препознатлив кога го гледате странично, паралелограмот што го формираат овие звучници во вид на лента овозможуваат лесно поставување на маса и на ѕид. И во двата случаи, HT-CT780 и HT-CT380 нудат доживување при слушањето за паметење. Ромбоидната форма на производите што најчесто се поставуваат пред телевизорите не дозволува големите звучници да ви пречат додека гледате во екранот. Тие се закосени нагоре, имаат низок профил и не пречат при гледањето. Кога звучникот во вид на лента е монтиран на ѕид, формата заштедува простор и ги насочува звучниците нанапред. Не само што овој дизајн нуди оптимално слушање додека гледате телевизија, туку овозможува и елегантно усогласување на звучниците во секоја дневна соба.
BDP-S6500 / BDP-S5500
Blu-ray Disc плеерите најчесто се поставуваат покрај телевизорите и звучниците. Примената на наједноставната форма на правоаголници создава идеална рамнотежа во комбинација со другите компоненти. Во минималистичкиот стил на BDP-S6500 и BDP-S5500, секоја функционална единица на плеерот зафаќа сопствен правоаголен блок во куќиштето. Овие привлечни коцки се разликуваат по завршната обработка - брусен метал околу лежиштето за дискови, сјајна завршна обработка околу копчињата и мат боја на основата. Заедно формираат прекрасна целина. Комбинацијата од едноставни геометриски облици - во овој случај, споени коцки – се олицетворение на врвната геометрија.
Oikawa, менаџер за дизајн
Дизајнот со врвна геометрија претставува многу повеќе од надворешен стил. Концептот е вграден и во самите функции на производот. Кај звучниците во вид на ленти, искрениот пристап кон идеалните акустички форми нè приближи до геометриските форми. За да го создадеме најдоброто забавно доживување, ни требаше дизајн кој ќе го отклучи целиот потенцијал на функциите на производот. Телевизорите и домашните кина од Sony ја делат истата естетика, така што дури и различните видови на производи можат да се надополнат меѓусебно во дневната соба.
Дизајн кој е присутен во различни категории и совршено одговара во вашата дневна соба. Со него се одликуваат телевизорите BRAVIA® и домашните кина од Sony. Сликите и звуците стануваат дел од вашата соба и нудат прекрасна забава што ќе ве воодушеви.
Соодветни производи
Дизајн од Sony Негативен простор
Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.