Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Слика од Дигитален диктафон SX2000 од серија SX
Совршени за музика и состаноци

Реалистични снимки со 3-насочен микрофон

Снимајте ги пробите на бендот со реалистичен звук со висока резолуција. Снимајте кристално јасни разговори и деловни состаноци. Овој дигитален диктафон со прилагодливи микрофони ги репродуцира сите детали прецизно.

Звук со Bисока Pезолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Извонреден звук, врвно снимање

Снимајте и преслушувајте со апсолутна прецизност. Снимајте песни и звучни проби со звук кој го надминува CD квалитетот и уживајте во сè што сте снимиле со звук со висока резолуција. 

Снимање на Linear PCM
Снимање на Linear PCM 

Снимајте звук со максимум 96 KHz/24 бита, што е сериозно подобрување од фреквенцијата од 44,1 KHz и 16-битната стапка кај CD дисковите.

FLAC
Бесплатен аудио кодек без загуби 

Уживајте во звук без загуби со јасност и динамика какви што замислил изведувачот, со поддршката за репродукција на flac.

S-Master HX
Реално засилување 

S-Master™ дигиталниот засилувач го елиминира изобличувањето и шумот низ широкиот опсег на фреквенции.

Уживајте во изненадувачки квалитет на звук

Исто како и конверзијата на видеоснимки со стандардна резолуција во HD, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3 песните, па дури и CD дисковите. Дигиталниот засилувач S-Master HX™ ги намалува потенцијалните изобличувања, за секогаш да уживате максимално во звукот - како што бил снимен во студио.

Звук со Bисока Pезолуција

3,2x повеќе пренесени податоци

Оптимизирано снимање на звук

Детално прилагодени снимки со прилагодлив 3-насочен микрофон

Без разлика дали снимате деловен состанок, проба на бендот или некој настан на отворено, звукот секогаш ќе биде оптимизиран. Прилагодливиот микрофон може да се постави под агол на три начини за да одговара на опкружувањето и совршено да ја сними музиката или гласовите, а може да снима и со детален звук со висока резолуција. 

Поставка за зумирање
Зумирање во деловни опкружувања

Во мала група на луѓе, како што се деловни состаноци или собири, опцијата за зумирање ги доловува разговорите со оптимална јасност за да не пропуштите ништо. 

XY поставки
XY за музика

За соло изведби или проби на мали бендови, изберете ја опцијата XY кога изведувачите се блиску до микрофонот, за да добиете природен звук и длабочина. 

Широк стерео звук
Широк стерео звук за отворен простор

На отворен простор, настани на отворено и конференции, опцијата за широк стерео звук снима најразлични звуци, создавајќи чувство на реалистичност и широк простор.

Контролирајте ги снимките безжично 

Едноставна контрола преку паметен телефон со REC Remote

Активирајте ги и запирајте ги снимките, прилагодувајте ги нивоата и поставките и ставајте ознаки на песните преку вашиот паметен телефон. Апликацијата REC Remote е достапна на Google Play за Android или на App Store за уреди со iOS и ви овозможува да го контролирате диктафонот од далечина преку Bluetooth®.

Преземете ја апликацијата
Зголемете го просторот за складирање

Со вградената меморија од 16 GB можете да снимате до 636 часа во MP3 формат во LP режим. Ако ви треба повеќе простор, додајте микро SDHC или MicroSDXC картичка преку отворот за MicroSD картички. 

Едноставна контрола и поврзување
Едноставна контрола и поврзување
Приклучете и репродуцирајте

Не губете време со кабли. USB Direct ви овозможува да го приклучите вашиот диктафон директно во компјутер за лесно префрлување и складирање на вашите снимки.

Спецификации и функции

Снимајте звук со висока резолуција и врвен квалитет, без разлика каде се наоѓате. Овој дигитален рекордер со 16 GB се одликува со прилагодливи микрофони што се поставуваат под агол за совршено снимање музика или гласови. Можете да го контролирате дури и снимањето преку вашиот паметен телефон со апликацијата за далечинско снимање.
  • Прилагодливи микрофони што снимаат повеќе звуци

  • Меморијата од 16 GB ви нуди време на снимање до 636 часа

  • Контролирајте преку вашиот паметен телефон со Bluetooth® со апликацијата за далечинско снимање

  • Снимајте звук со висока резолуција и врвен квалитет

  • Зголемете ја меморијата преку отворот за микро SD картички

Вградена меморија
16GB
Влезни и излезни приклучоци
Надворешен влез (мини стерео приклучок), компатибилност за напојување преку приклучок, минимално ниво на излезна моќ (прибл. 1,5 mV), слушалки (мини стерео приклучок), USB приклучок (тип A), отвор за картички (микро SD)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина