Прескокни до содржина
Сите електронски уреди

Водоотпорни фотоапарати

Насочете и снимете неверојатни фотографии со нашите најдобри водоотпорни фото апарати. Од компактни видео камери до елегантни таблет уреди, пронајдете модел кој ќе одговара на вашиот животен стил.

Нурнете се во случувањата

Нашите водоотпорни фото апарати, видео камери и одредени паметни уреди нудат комбинација од моќ – објективи од ZEISS®, Exmor сензори и брзи процесори – со издржлив дизајн која нуди ненадмината практичност при фотографирањето и сурфањето на интернет.

Маж во кајак користи водоотпорен фото апарат од Sony
Водоотпорен дигитален фото апарат од Sony под вода

Подготвени за сите предизвици во животот

Со нашите најдобри водоотпорни фото апарати може да снимате секаде и во секое време, за да не пропуштите ниту секунда од случувањата. Без разлика дали врне или сакате да го доловите вашето сурфање, направете го тоа со нашите водоотпорни фото апарати.

Започнете ја вашата авантура со акциона камера

Запознајте се со светот преку нашите акциони камери – видео камери дизајнирани за авантури. Тие се компактни и лесни, може да се постават во водоотпорно куќиште и лесно да се монтираат за снимање во прво лице. Вградени SteadyShot и Exmor сензори.

Маж во планина со водоотпорна акциона камера од Sony
Маж со водоотпорен паметен телефон од Sony

Победете ги природните елементи со паметниот телефон

Започнувајте и одговарајте на повици каде и да било со нашите паметни телефони. За разлика од другите телефони, моделите од Sony може да преживеат под вода во период до 30 минути, а ниту прскањето и дождот не претставуваат проблем.

Таблет уреди кои издржуваат најдолго

Нашите најнови таблет уреди се и едни од нашите најдобри водоотпорни фото апарати - може да снимате слики и да ги објавувате на интернет. Малку вода или влажни раце, исто така, се безопасни за таблет уредите, а можат да преживеат и 30 минути во вода.

Водоотпорен таблет уред од Sony
Најдобар фото апарат од Sony

Моќ. Издржливост. Практичност.

Нашата водоотпорна палета нуди совршен баланс помеѓу форма и функција, односно комбинација од стилски и издржлив дизајн со нашите најдобри технологии - вклучувајќи Exmor сензори, објективи од ZEISS® и врвни технологии за слика и звук.