Слика од производот DLC-HX10

Спецификации

Овој врвен HDMI-кабел со голема брзина со врвен HDMI-сертификат поддржува пренос на податоци со голема брзина до 18 Gbps - што е потребно за пренос на видеоснимки 4K и 4K HDR со 60p. Уживајте во видеоснимки со висока резолуција, широка палета на бои и голем контраст, а добијте и функции за напреден пренос на податоци преку HDMI.
  • Врвен HDMI-сертификат за пренос на податоци до 18 Gbps, видеоснимки 4K и 4K HDR со 60p и YCbCr 4:2:2 со 12 бита / 4:4:4 со 8 бита.

  • Сигурен пренос на податоци со бакарен лицнаст кабел AWG 30 и трослојна заштита.

  • HDMI-приклучок од тип A со лиен приклучок од цинк и внатрешна метална заштита за изолација од шум на сигналот.

  • Поддржува аудио сигнали ARC (повратен аудио канал) и HEC (канал за етернет преку HDMI), а нуди поддршка и за 3D-сигнали.

  • Стрелките (→→) јасно ја посочуваат насоката на сигналот за да ви овозможат да извлечете максимум од кабелот.

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт