Прескокни до содржина
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци
Слика од Два микро USB 3.0 приклучоци

Создаден за споделување

Префрлувајте фајлови помеѓу компјутерот и паметниот телефон на лесен начин

Лесно споделување фотографии, видео снимки и музика помеѓу компјутери, паметни телефони и таблет-уреди со извонредно компактниот USM-SA3, која има два USB и микро USB приклучоци.

Поврзете го уредот од страната која ви одговара повеќе

Двата USB приклучоци овозможуваат директно поврзување со голем број различни уреди.

Дајте им слобода за движење на вашите податоци

Правете резервни копии и споделувајте податоци помеѓу таблет-уреди и паметни телефони со Android на едноставен начин. Микро USB приклучокот и бесплатната апликација File Manager овозможуваат најбрзо префрлување фајлови помеѓу мобилни уреди.

Брзо и флексибилно складирање

Добијте ја големата брзина и големиот капацитет кои ви се потребни.

High speed USB 3.0

Префрлувајте големи медиумски фајлови во вашиот компјутер за неколку секунди. Со повеќе од 10x поголема брзина на запишување и 6x поголема брзина на читање од стандардните USB 2.0 уреди, времето на чекање ќе се намали за да можете да уживате повеќе.

Капацитет до 64GB

Складирајте музика, фотографии, видеоснимки, документи и многу повеќе. Големиот капацитет од 16 GB до 64 GB ви нуди слобода да зачувувате и менувате фајлови во движење.

Изберете попаметно решение

Копирајте, бришете и гледајте фајлови од вашиот паметен телефон¹ или таблет-уред со Android. Или, пак, архивирајте ги контактите од паметниот телефон¹ во USM-SA3. Податоците автоматски се класифицираат во музика, фотографии, видеоснимки и документи.

Дизајн кој одговара насекаде

Ставете го во џеб и носете го насекаде. Тој е тенок и компактен, со цврсто метално куќиште за заштита на вашите фајлови од секојдневните опасности.

Извонредна компактност

Тенкиот и џебен дизајн нема да Ви тежи. Може да се закачи и на клучеви.

Секојдневна издржливост

Изработен од метал за да трае, со заштитно капаче на микро USB приклучокот и гаранција од две години.

Дали поседувате соодветен уред?

Проверете кои паметни телефони и таблет-уреди функционираат со USM-SA3.

Спецификации и функции
Преземете контрола врз вашите содржини. Копирајте, бришете и гледајте фајлови од вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android. Или, пак, архивирајте ја листата на контакти од паметниот телефон во вашиот USM-SA3. Податоците автоматски се класифицираат во музика, фотографии, видеоснимки и документи.
  • Архивирајте и споделувајте податоци од вашиот паметен телефон, таблет уред или компјутер

  • USB 3.1 Gen 1 приклучок; компатибилен со USB 2.0

  • Компатибилност со USB со стандард A и микро USB приклучоци

  • Стилски и извонредно компактен со должина од само 1,25 инчи

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина