Прескокни до содржина

Пренослив полнач

Компатибилен е со паметни телефони, таблет-уреди и Xperia™ уреди. Користете го за полнење на Cyber-shot™, Handycam® и Walkman®, во време и место по ваш избор. Изберете модел што одговара на вашите потреби.

Безбедно користење на преносливите полначи

Преносливи полначи од Sony за патувања и надворешна употреба.

Најдобар пренослив полнач за патувања и надворешна употреба

Преносливиот полнач е неопходна опрема кога батеријата на вашиот паметен телефон снемува енергија. Полнете ги електронските уреди за да бидат подготвени за употреба, без разлика каде ќе појдете.

Најдобра опрема за бизнисмени

Состаноци за продажба, деловни патувања, истражувања на пазари - каде и да појдете, понесете го преносливиот полнач од Sony за полесно деловно работење и за да не пропуштите можности кога ќе ви се исклучи телефонот или таблет-уредот.

Пренослив полнач од Sony за бизнисмени.

Безбедно полнење

Заштитете го вашиот уред. Заштитете го вашиот пренослив полнач. Заштитете се себеси.

Пренослив полнач од Sony што е отпорен на топлина.

Дизајн што е отпорен на топлина за безбедно полнење

Енергетски ефикасното електронско коло го минимизира создавањето топлина преку оптимизирани преклопници и оптимални делови. Исто така, распоредот на PCB и дизајнот на куќиштето спречуваат зголемување на температурата.

Интелигентен контролер за напојување

Оваа технологија ве заштитува од пожар, чад и експлозија. Заштитата од преголема струја безбедно го запира празнењето штом уредот побара абнормална струја за полнење. Заштитата од прегревање ја следи температурата на уредот и го запира полнењето доколку настане прегревање. Заштитата од краток спој веднаш го запира полнењето ако открие краток спој. Заштитата од прекумерно полнење го прекинува полнењето кога батеријата ќе се наполни целосно. Заштитата од прекумерно празнење веднаш го запира празнењето ако напонот на батеријата падне под одредена вредност. 

Пренослив полнач од Sony со интелигентен контролер за напојување.
Пренослив полнач од Sony со батерија од полимерски гел.

Безбедно полнење со батерија од полимерски гел

Лепливоста на материјалот ги елиминира гасовите што се создаваат во самата ќелија. Нејзината отпорност на набабрување, топлина и протекување овозможува безбедно полнење.

Тестирање за безбедност

Подложен на строги тестови за да обезбеди квалитет и безбедност од светска класа според стандардите на Sony.

Сите преносливи полначи од Sony имаат сертификат за безбедност

Преносливите полначи се заштитени со построги правила за испорака отколку во минатото и се во согласност со предусловите на тестот за транспорт на Обединетите Нации. Со нив се гарантира безбеден транспорт за воздушна и копнена испорака.

Тест за симулација на висина

Тест за симулација на висина

Тест за температура

Тест за температура

Вибрации・Тест за удари

Вибрации・Тест за удари

Тест за надворешен краток спој

Тест за надворешен краток спој

Тест за удар при слободен пад

Тест за удар при слободен пад

Тест за прекумерно полнење

Тест за прекумерно полнење

Тест за присилно празнење

Тест за присилно празнење

35 милиони докази за сигурност

Уште од почетокот на производството во 2003 година, полначите од Sony се користат за целосно полнење на батерии низ целиот свет, а до 2017 година се испорачани приближно 35 милиони. Тоа е доказ за доследната сигурност што ја потврдуваат корисниците

Ni-MH полнач

Ni-MH полнач

Пренослив полнач со AC влез

Пренослив полнач со AC влез

Пренослив полнач со цилиндрична батерија

Пренослив полнач со цилиндрична батерија

Пренослив полнач со полимерска батерија

Пренослив полнач со полимерска батерија

AC адаптер

AC адаптер