WF-XB700

Внесете EXTRA BASS™ во сите ваши активности

Потполно безжичен стил во комбинација со длабок и моќен звук со EXTRA BASS. Подобрете го секојдневниот живот со WF-XB700.

СЛУШАЛКИ

Потполно безжични слушалки WF-XB700 со EXTRA BASS™

WF-XB700
WF-XB700 во црна боја

blueblack

Засилете ја вашата музика

Слушалките WF-XB700 нудат комбинација од потполно безжична слобода и модерен и препознатлив изглед. Ергономскиот дизајн овозможува удобно слушање со часови.

Достапноста на боите може да се разликува во зависност од регионот.

Икона за 18 часа
Батерија со голема издржливост и брзо полнење

Слушајте музика до 18 часа благодарение на практичната футрола за полнење. Доколку се брзате, со брзото полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција на музика до 60 минути.

Слика од ергономската структура со троен контакт
Сигурно вметнување со структура со троен контакт

Слушалките WF-XB700 се ергономски дизајнирани за да допрат во три точки на вашите уши и да овозможат сигурно и удобно вметнување.

Икона за IPX4
Отпорност на вода за секојдневно користење

Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.

Слика од стабилното поврзување преку Bluetooth®

(A) СТАРО: пренос од лево кон десно преку BT.
(B) НОВО: истовремен пренос до лево и десно уво преку BT

Стабилно и сигурно поврзување преку Bluetooth®

Чипот за Bluetooth® што го пренесува звукот до двете уши истовремено, заедно со оптимизираниот дизајн на антената, овозможува стабилна врска и неверојатно слушање. Малото доцнење на звукот придонесува и за одлично доживување при гледањето содржини.

Изберете големина што ќе ви биде соодветна

Вклучени се 4 големини на хибридни ушни влошки од силикон и гума за да ви овозможиме совршено вметнување во ушите, максимален квалитет на звукот и минимален надворешен шум.

Хибридни ушни влошки од силикон и гума во 4 различни големини
Бас кој ќе ве воодушеви

WF-XB700 се одликуваат со EXTRA BASS за сериозно моќен и длабок звук. Вашите омилени ритми со бас никогаш не звучеле подобро.

Преносливи и заштитени, со сета потребна моќ

Компактната футрола за полнење ги заштитува слушалките WF-XB700 и може да ги полни кога сте во движење. Футролата нуди едно целосно полнење за да уживате во слушање музика до 18 часа.

Едноставно ракување со копчињата

Копчињата на слушалките WF-XB700 не само што ви овозможуваат да репродуцирате, запирате или прескокнувате песни и да ја менувате јачината на звукот, туку нудат и лесен начин за пристап до гласовниот помошник на вашиот паметен телефон и за воспоставување и одговарање на повици без користење на рацете.

Икона за гласовен помошник
Компатибилност со гласовен помошник

Со притиснување на едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник за да добиете насоки, да слушате музика и да комуницирате со контактите.

Икона за повици без користење на рацете
Едноставни разговори без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете, благодарение на вградениот микрофон. Не е потребно ни да го извадите телефонот од вашиот џеб.

Спецификации и функции
Подобрете го секојдневниот живот со потполно безжичните слушалки WF-XB700. Се одликуваат со EXTRA BASS™ за длабок и моќен звук, батерија што трае долго, стабилна врска преку Bluetooth®, ергономски дизајн и ознака IPX4 за отпорност на вода.
  • EXTRA BASS за длабок и моќен звук

  • Потполно безжичен дизајн со безжична технологија BLUETOOTH®

  • Траење на батеријата до 9 часа или вкупно 18 часа со футролата за полнење

  • Ергономски дизајн за сигурно и удобно вметнување

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете и гласовен помошник

Звучник
12 мм
DSEE HX
Не
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (фреквенција на семплирање од 44,1 kHz)
Пасивно функционирање
Не
NFC
Не
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина