Прескокни до содржина

WF-SP700N

Музика без никакви пречки

Извлечете максимум од сите вежби со потполно безжичните слушалки WF-SP700N. Поништувањето на шум ги блокира пречките за да се фокусирате на музиката, а режимот за амбиентален звук ви овозможува да слушате музика и звуци од опкружувањето. 

СЛУШАЛКИ

Безжични слушалки со поништување на шум за спорт

WF-SP700N

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум за спорт

pinkyellowwhiteblack

Вежбајте со стил

Сега се достапни во четири нови бои - изберете ја бојата што одговара на вашиот стил. Потполно безжичните ушни влошки WF-SP700N ви овозможуваат да ги слушате омилените песни преку Bluetooth® и NFC, без кабли што ќе ве ограничуваат.

Дигитално поништување на шум за елиминирање пречки

Кога ви е потребна специјалната листа за репродукција за да вежбате понапорно, поништувањето на шумот ќе ги блокира пречките како што се звуците од салата за вежбање или звуците на улица. Ќе го слушате само ритамот на музиката. 

Бидете свесни за опкружувањето со режим за амбиентален звук

Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Спојте ја музиката што ја сакате со звуците од вашето опкружување за да уживате во омилените песни и да го слушате партнерот за вежбање или да слушате сè околу вас додека трчате.

Создадени за движење

Овие компактни и сигурни слушалки се подготвени за користење во секоја прилика. 

WF-SP700NPX4 со отпорност на пот

Да за музиката, не за потењето

Со рејтинг IPX4, благодарение на заштитниот материјал, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките, ниту вашето вежбање.

WF-SP700N со сигурно и удобно вметнување

Вие се движите, но не и вашите слушалки

Овие ушни влошки се темелно тестирани при вистинско вежбање и се испорачуваат во четири големини за сигурно вметнување што се прилагодува кон вашите уши. Освен тоа, слојот од силикон овозможува удобно носење без изместување.

Лого за EXTRA BASS

Посилен бас со EXTRA BASS™

Изберете EXTRA BASS™ за моќен звук со ниски фреквенции за да добиете инспирација што ќе ве мотивира да продолжите да се забавувате.  

WF-SP700N со апликација Sony | Headphones Connect

Совршени поставки со две допирања на копче

Изберете ги омилените поставки за звук во поставките за брзо прилагодување на звукот во апликацијата Sony | Headphones Connect, а потоа активирајте ги моментално со две допирања на копчето од левата страна.

Разговори без користење на рацете 

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со едно притиснување. 

Безбедни, сигурни и доволно моќни

Слушалките може да репродуцираат музика до три часа. Компактната торбичка за носење ги заштитува вашите слушалки и содржи енергија за две целосни полнења од три часа за да не ви се испразни батеријата во движење. Тоа е вкупно 9 часа за репродукција на музика, така што може да слушате цел ден. 

Слушалките стануваат попаметни со Google Assistant

Слушалките WF-SP700N ќе се оптимизираат за Google Assistant преку ажурирање. Поставувајте прашања, кажете му да направи нешто - тоа е ваш сопствен помошник од Google кој секогаш е подготвен да ви помогне.

Спецификации и функции
Извлечете максимум од сите вежби со потполно безжичните слушалки SP700N. Со технологијата за поништување шум може да ги блокирате пречките за да се фокусирате на музиката или, пак, изберете режим за амбиентален звук за да ги слушате омилените песни и звуците од вашето опкружување.
  • Дигиталното поништување на шумот ви овозможува да слушате без пречки

  • Потполно безжично користење и проследување преку Bluetooth®

  • Ушните влошки се вметнуваат сигурно и се позиционираат удобно во вашите уши

  • Со режимот за амбиентален звук ќе ги слушате неопходните звуци од опкружувањето

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете со притиснување на копче

Звучник
6 мм (тип на купола)
S-Master HX
Не
DSEE HX
Не
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Пасивно функционирање
Не
NFC
Да (торбичка)

Што има во пакетот

Торбичка за полнење(1), Заоблен прицврстувач (M/L), Долги хибридни ушни влошки (SS/S/M/L), Микро USB кабел

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина