WF-SP700N

Музика без никакви пречки

Извлечете максимум од сите вежби со потполно безжичните слушалки WF-SP700N. Поништувањето на шум ги блокира пречките за да се фокусирате на музиката, а режимот за амбиентален звук ви овозможува да слушате музика и звуци од опкружувањето. 

ПОТПОЛНО БЕЗЖИЧНИ

Безжични слушалки за спорт WF-SP700N со поништување на шум

WF-SP700N
Слика од Безжични слушалки за спорт WF-SP700N со поништување на шум

pinkyellowwhiteblack

Вежбајте со стил

Сега се достапни во четири нови бои - изберете ја бојата што одговара на вашиот стил. Потполно безжичните ушни влошки WF-SP700N ви овозможуваат да ги слушате омилените песни преку Bluetooth® и NFC, без кабли што ќе ве ограничуваат.

Останете задлабочени, а истовремено свесни
WF-SP700N дигитално поништување на шум и режим за амбиентален звук
Дигитално поништување на шум за елиминирање пречки

Кога ви е потребна специјалната листа за репродукција за да вежбате понапорно, поништувањето на шумот ќе ги блокира пречките како што се звуците од салата за вежбање или звуците на улица. Ќе го слушате само ритамот на музиката.

Бидете свесни за опкружувањето со режим за амбиентален звук

Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Спојте ја музиката што ја сакате со звуците од вашето опкружување за да уживате во омилените песни и да го слушате партнерот за вежбање или да слушате сè околу вас додека трчате.

Создадени за движење

Овие компактни и сигурни слушалки се подготвени за користење во секоја прилика.

WF-SP700NPX4 со отпорност на пот
Да за музиката, не за потењето

Со ознака IPX4 благодарение на заштитниот материјал, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките, ниту вашето вежбање.

WF-SP700N со сигурно и удобно вметнување
Вие се движите, но не и вашите слушалки

Овие ушни влошки се темелно тестирани при вистинско вежбање и се испорачуваат во четири големини за сигурно вметнување што се прилагодува кон вашите уши. Освен тоа, слојот од силикон овозможува удобно носење без изместување.

Лого за EXTRA BASS
Посилен бас со EXTRA BASS™

Подобрете ги ритамите и вашиот настап. EXTRA BASS™ нуди моќен звук со ниски фреквенции што ќе ве инспирира да се забавувате.

WF-SP700N со апликација Sony | Headphones Connect
Совршени поставки со две допирања на копче

Изберете ги омилените поставки за звук во поставките за брзо прилагодување на звукот во апликацијата Sony | Headphones Connect, а потоа активирајте ги моментално со две допирања на копчето од левата страна.

Разговори без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со едно притиснување.

Потполно безжични ушни влошки со копче за повици без користење на рацете
Безбедни, сигурни и доволно моќни

Слушалките може да репродуцираат музика до три часа. Компактната торбичка за носење ги заштитува вашите слушалки и содржи енергија за две целосни полнења од три часа за да не ви се испразни батеријата во движење. Тоа е вкупно 9 часа за репродукција на музика, така што може да слушате цел ден. 

Бидете попаметни со гласовниот помошник

Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот1. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе2.

Лого ознаки за Google Assistant и Alexa built-in
Решете ги проблемите кај WF-SP700N

Ако звукот се прекинува или нема звук од десниот звучник на слушалките со микрофон, кликнете на линкот подолу за да го решите проблемот со звукот.

Спецификации и функции

Извлечете максимум од сите вежби со потполно безжичните слушалки SP700N. Со технологијата за поништување шум може да ги блокирате пречките за да се фокусирате на музиката или, пак, изберете режим за амбиентален звук за да ги слушате омилените песни и звуците од вашето опкружување.
  • Дигиталното поништување на шумот ви овозможува да слушате без пречки

  • Потполно безжично користење и проследување преку Bluetooth®

  • Ушните влошки се вметнуваат сигурно и се позиционираат удобно во вашите уши

  • Со режимот за амбиентален звук ќе ги слушате неопходните звуци од опкружувањето

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете со притиснување на копче

Звучник
6 мм (тип на купола)
S-Master HX
Не
DSEE HX
Не
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Пасивно функционирање
Не
NFC
Да (торбичка)

Што има во пакетот

Торбичка за полнење(1), Заоблен прицврстувач (M/L), Долги хибридни ушни влошки (SS/S/M/L), Микро USB кабел

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина