WF-1000XM3

Само музика. Ништо друго.

Паузирајте го светот околу вас и поврзете со вашата музика. Нема шум, нема кабли, нема пречки. Само прекрасен звук, поништување на шумот што е водечко во индустријата и слобода за долготрајно слушање со часови.

СЛУШАЛКИ

Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

WF-1000XM3

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

silverblack

Главни карактеристики на WF-1000XM3

Поништување на шум што е водечко во индустријата

Технологијата за поништување на шум во слушалките WF-1000XM3 е нашата најнапредна технологија што досега е вградена во потполно безжични слушалки, заедно со нашиот процесор QN1e за HD-поништување на шум. Сето ова ќе ви помогне да потонете целосно во вашата музика.

Слики и компонентен приказ на слушалките WF-1000XM3

Технологија за два сензори за шум

Двата микрофони - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата. 

Процесор QN1e за HD-поништување на шум

Штом наменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум открие амбиентален звук, тој веднаш се активира. Не само што поништува значително повеќе шум при сите фреквенции, туку и троши помалку енергија.

Дел од електронска плоча на која се гледа процесорот QN1e за HD-поништување на шум

Звук со извонреден квалитет

Опремени со напредна технологија за звук, слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум не само што овозможуваат слушање без шум, туку и нудат звук со неверојатен квалитет.

Слика одблиску од слушалките WF-1000XM3 на која се гледа звучникот од 6 мм

Звучник од 6 мм

Малиот и моќен звучник од 6 мм вграден во слушалките создава богат, јасен и распространувачки звук.

Лого за процесорот QN1e за HD-поништување на шум од Sony

Процесор QN1e за HD-поништување на шум

Повеќенаменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум нуди комбинација од дигитално поништување на шум, обработка на 24-битни аудио сигнали и дигитално-аналоген конвертор со засилувач за слушалки. Резултатот? Неверојатен звук со минимално изобличување.

Лого на DSEE HX

Подобрете го квалитетот на дигиталната музика со DSEE HX

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните дигитални музички датотеки до квалитет сличен на звукот со висока резолуција. 

Потполно безжична технологија

Благодарение на безжичната технологија Bluetooth® и ергономското вметнување за целодневна удобност, слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум нудат максимална безжична слобода.

Слика од маж кој ги носи потполно безжичните слушалки WF-1000XM3.

Најголема слобода при слушањето

Новиот чип за Bluetooth® и оптимизираниот дизајн на антената нудат непрекината стабилна врска за висококвалитетно безжично проследување.

Совршени за серии, филмови и многу повеќе

Дали гледате видео содржини на вашиот паметен телефон или таблет-уред? Напредната безжична врска на WF-1000XM3 прецизно ги синхронизира сликите со звуците што ги слушате преку слушалките за поголемо уживање при гледањето.

Слика од жена која ги користи слушалките WF-1000XM3 за да ужива во видео содржини на нејзиниот паметен телефон.
Слика на која се гледа како новиот чип за Bluetooth® го пренесува звукот до левото и десното уво истовремено

(A) Пренос од лево кон десно преку BT со WF-1000X.
(B) Истовремен пренос до лево и десно уво преку BT со WF-1000XM3

Извонредно слушање со нов чип за Bluetooth®

Наместо да проследува звук од едното уво до другото, новосоздадениот чип за Bluetooth® го пренесува звукот до левото и десното уво истовремено за да овозможи неверојатно доживување при слушањето.

Оптимизиран дизајн на антената

Позиционирањето на антената за Bluetooth® на слушалките е оптимизирано за да се овозможи поголема покриеност. На тој начин се зајакнува сигналот за непрекинато проследување.

Слика на која е прикажан оптимизираниот дизајн на антената на слушалките WF-1000XM3.

Дизајнирани за сигурно и стабилно вметнување

Слика на која е прикажана ергономската структура на слушалките WF-1000XM3 со троен контакт.

Ергономска структура со троен контакт

Слушалките што поништуваат шум се ергономски дизајнирани за да допрат во три точки на вашите уши и да овозможат сигурно и удобно вметнување.

Слика на која е прикажана гумената површина со висок фактор на триење на слушалките WF-1000XM3.

Гумена површина со висок фактор на триење

Гумената површина со висок фактор на триење ги прицврстува слушалките со поништување на шум во вашите уши за да спречи ненамерно испаѓање.

Батерија што трае цел ден

Слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум не запираат да репродуцираат музика.

Икона за траење на батеријата до 24 часа

Време на слушање до 24 часа   

Кога слушалките се целосно наполнети, тие нудат енергија за 6 часа, а практичната футрола за полнење нуди 3 дополнителни полнења што се доволни за целодневно користење. Така добивате 24 часа за слушање без шум. Ако е исклучено поништувањето на шум, батеријата трае подолго - енергија за 8 часа при целосно полнење, а со 3-те дополнителни полнења од футролата за полнење добивате енергија за репродукција до 32 часа.

Икона за брзо полнење од 10 мин./репродукција до 90 мин.

Опција за брзо полнење кога се брзате

Понекогаш ви треба музика, веднаш. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути во футролата за полнење ќе добиете енергија за репродукција до 90 минути. 

Слика на која е прикажано како се ставаат слушалките WF-1000XM3 во магнетната футрола за полнење.

Практична магнетна футрола за полнење

Вратете ги слушалки со поништување на шум во футролата за полнење и тие ќе се позиционираат на место благодарение на магнетната внатрешност. USB-C-кабелот овозможува брзо и лесно полнење на футролата, за да бидете подготвени за слушање за следниот ден.

Попаметно слушање

Благодарение на иновативната технологија SENSE ENGINE™, слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум го подобруваат доживувањето при слушањето со многубројни паметни функции.

Слика од маж кој ја активира функцијата за брзо стишување на слушалките WF-1000XM3.

Разговарајте со функцијата за брзо стишување

Ако го ставите прстот врз слушалката, јачината на звукот ќе се намали и ќе почнете да слушате амбиентални звуци. На тој начин може веднаш да почнете да разговарате со некого без да ги извадите слушалките.

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.

Слика од маж кој ги користи слушалките WF-1000XM3 во јавен превоз.

Патување

Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.

Слика од маж кој пешачи и ги носи слушалките WF-1000XM3

Пеш

Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.

Слика од маж кој чека на станица и ги носи слушалките WF-1000XM3

Чекање

Слушајте важни соопштенија додека чекате, со намален шум во заднина.

Слушалки што реагираат на вас

Сензорот за близина во секоја слушалка може да открие дали носите една или две слушалки и соодветно да ја приспособи репродукцијата.

Слика од жена која вади една слушалка WF-1000XM3 од нејзиното уво.

Паузирајте ја музиката

Извадете една слушалка и музиката автоматски ќе се паузира на двете страни.

Слика од жена која ја враќа слушалката WF-1000XM3 во нејзиното уво.

Продолжете со репродукција

Вратете ја слушалката и музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.

Слика од маж кој ја користи апликацијата Sony | Headphones Connect на неговиот паметен телефон.

Имајте контрола врз содржините што ги слушате

Со апликацијата Sony | Headphones Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги прилагодувате нивоата на звукот според вашата музика.

Гласовна контрола преку гласовен помошник

Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Треба само да му кажете што сакате на Google Assistant.

Слика од жена која користи гласовен помошник на слушалките WF-1000XM3.
Слика од маж кој ги користи слушалките WF-1000XM3 за разговори без користење на рацете.

Појасни повици без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Слушалките WF-1000XM3 репродуцираат појасни гласови, а на повиците може да одговарате преку која било слушалка или двете слушалки истовремено. На тој начин ќе можете да ги полните наизменично или јасно да го слушате соговорникот во бучни опкружувања.

Слика од жена која ги користи поставките за контрола на допир на слушалките WF-1000XM3.

Контрола на дофат на вашите прсти

Слушалките WF-1000XM3 имаат поставки за интуитивна контрола на допир - на пример, допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или, пак, допрете ја десната слушалка двапати за да преминете на следната песна.

Слика од жена која ги носи слушалките WF-1000XM3 со приспособливи контроли на допир.

Приспособливи контроли на допир

Прилагодете ги контролите на допир на едноставен начин. Апликацијата Sony | Headphones Connect ви овозможува да доделувате алтернативни опции, како што е Google Assistant, на двете слушалки.

Модерен и класичен стил

Од слушалките со чист и минималистички изглед до футролата за полнење со врвна завршна обработка со текстура - добивате елегантен и дискретен стил.

Слика од магнетни футроли за полнење на WF-1000XM3 во повеќе бои.

Изберете ја вашата боја

Слушалките WF-1000XM3 и футролата за носење се достапни во различни бои што можат да се усогласат со вашиот стил.

Слика од слушалките WF-1000XM3 со футрола за полнење, USB-C-кабел и различни ушни влошки.

Сè што ви е потребно

Во кутијата се вклучени кабел за полнење со USB-C-приклучок и два вида на ушни влошки достапни во различни големини.

Спецификации и функции
Потполно безжичните слушалки WF-1000XM3 нудат комбинација од поништување на шум што е водечко во индустријата и висококвалитетен звук, паметни функции за слушање, поврзување преку Bluetooth® и NFC, батерија што трае цел ден и долготрајна удобност при слушањето.
  • Дигитално поништување на шум со процесор QN1e за HD-поништување на шум и технологија за два сензори за шум

  • Потполно безжичен дизајн со безжична технологија BLUETOOTH®

  • Траење на батеријата до 24 часа за целодневно слушање

  • Функцијата за брзо стишување овозможуваат практични разговори без отстранување на слушалките

  • Модерен и класичен дизајн што се вметнува сигурно во вашите уши

Звучник
6 мм, во вид на купола (звучна намотка CCAW)
DSEE HX
Да
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Фреквентен одзив (активен режим) 
-
Пасивно функционирање
-
NFC
Да (торбичка)
Должина на кабел
-
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина