Големина и тежина

Тежина
Прибл. 8,5 гр. x 2

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворени, динамички
Звучник
6 мм, во вид на купола (звучна намотка CCAW)
Магнет 
Неодимиум
Фреквентен одзив (активен режим) 
-
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Чувствителности (dB/mW)
-
Контрола на јачина на звук
-
Должина на кабел
-
Приклучник
-
Отпорност на вода
-
NFC
Да (торбичка)
DSEE HX
Да
Пасивно функционирање
-

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 1,5 часа
Метод за полнење на батеријата
Полнење преку USB (со торбичката)
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
Макс. 6 часа (вклучен NC) / макс. 8 часа (исклучен NC)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
Макс. 4 часа (вклучен NC) / макс. 4,5 часа (исклучен NC)
Траење на батеријата(време на мирување)
Макс. 9 часа (вклучен NC) / макс. 15 часа (исклучен NC)

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Спецификација на Bluetooth® верзија 5.0
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Автоматско AI поништување на шум
-

Торбичка за полнење

Време на полнење на батеријата
Прибл. 3,5 часа
Тежина
Прибл. 77 гр.
Димензии
-

Опции на бои

silverblack

Што има во пакетот

  • USB кабел: USB Type-C TM (прибл. 20 см)
Placeholder

Функции

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Поништување на шум што е водечко во индустријата

Технологијата за поништување на шум во слушалките WF-1000XM3 е нашата најнапредна технологија што досега е вградена во потполно безжични слушалки, заедно со нашиот процесор QN1e за HD-поништување на шум. Сето ова ќе ви помогне да потонете целосно во вашата музика.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Технологија за два сензори за шум

Двата микрофони - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Процесор QN1e за HD-поништување на шум

Штом наменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум открие амбиентален звук, тој веднаш се активира. Не само што поништува значително повеќе шум при сите фреквенции, туку и троши помалку енергија.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Звучник од 6 мм

Малиот и моќен звучник од 6 мм вграден во слушалките создава богат, јасен и распространувачки звук.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Извонреден звук со минимално изобличување

Повеќенаменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум нуди комбинација од дигитално поништување на шум, обработка на 24-битни аудио сигнали и дигитално-аналоген конвертор со засилувач за слушалки. Резултатот? Неверојатен звук со минимално изобличување.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Подобрете го квалитетот на дигиталната музика со DSEE HX

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните дигитални музички датотеки до квалитет сличен на звукот со висока резолуција. 

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Најголема слобода при слушањето

Новиот чип за Bluetooth® и оптимизираниот дизајн на антената нудат непрекината стабилна врска за висококвалитетно безжично проследување.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Совршени за серии, филмови и многу повеќе

Дали гледате видео содржини на вашиот паметен телефон или таблет-уред? Напредната безжична врска на WF-1000XM3 прецизно ги синхронизира сликите со звуците што ги слушате преку слушалките за поголемо уживање при гледањето.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Извонредно слушање со нов чип за Bluetooth®

Наместо да проследува звук од едното уво до другото, новосоздадениот чип за Bluetooth® го пренесува звукот до левото и десното уво истовремено за да овозможи неверојатно доживување при слушањето.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Оптимизиран дизајн на антената

Позиционирањето на антената за Bluetooth® на слушалките е оптимизирано за да се овозможи поголема покриеност. На тој начин се зајакнува сигналот за непрекинато проследување.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Ергономска структура со троен контакт за сигурно вметнување

Слушалките што поништуваат шум се ергономски дизајнирани за да допрат во три точки на вашите уши и да овозможат сигурно и удобно вметнување.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Слушалките се вметнуваат сигурно и не се поместуваат

Гумената површина со висок фактор на триење ги прицврстува слушалките со поништување на шум во вашите уши за да спречи ненамерно испаѓање.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Време на слушање до 24 часа

Кога слушалките се целосно наполнети, тие нудат енергија за 6 часа, а практичната футрола за полнење нуди 3 дополнителни полнења што се доволни за целодневно користење. Така добивате 24 часа за слушање без шум. Ако е исклучено поништувањето на шум, батеријата трае подолго - енергија за 8 часа при целосно полнење, а со 3-те дополнителни полнења од футролата за полнење добивате енергија за репродукција до 32 часа.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Опција за брзо полнење кога се брзате

Понекогаш ви треба музика, веднаш. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути во футролата за полнење ќе добиете енергија за репродукција до 90 минути. 

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Практична магнетна футрола за полнење

Вратете ги слушалки со поништување на шум во футролата за полнење и тие ќе се позиционираат на место благодарение на магнетната внатрешност. USB-C-кабелот овозможува брзо и лесно полнење на футролата, за да бидете подготвени за слушање за следниот ден.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Разговарајте со функцијата за брзо стишување

Ако го ставите прстот врз слушалката, јачината на звукот ќе се намали и ќе почнете да слушате амбиентални звуци. На тој начин може веднаш да почнете да разговарате со некого без да ги извадите слушалките.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Автоматска пауза и репродукција

Сензорот за близина во секоја слушалка може да открие дали носите една или две слушалки и соодветно да ја приспособи репродукцијата. Извадете една слушалка и музиката автоматски ќе се паузира на двете страни. Вратете ја слушалката и музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Имајте контрола врз содржините што ги слушате

Со апликацијата Sony | Headphones Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги прилагодувате нивоата на звукот според вашата музика.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Гласовна контрола преку гласовен помошник

Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Треба само да му кажете што сакате на Google Assistant.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Појасни повици без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Слушалките WF-1000XM3 репродуцираат појасни гласови, а на повиците може да одговарате преку која било слушалка или двете слушалки истовремено. На тој начин ќе можете да ги полните наизменично или јасно да го слушате соговорникот во бучни опкружувања.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Контрола на дофат на вашите прсти

Слушалките WF-1000XM3 имаат поставки за интуитивна контрола на допир - на пример, допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук или, пак, допрете ја десната слушалка двапати за да преминете на следната песна.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Приспособливи контроли на допир

Прилагодете ги контролите на допир на едноставен начин. Апликацијата Sony | Headphones Connect ви овозможува да доделувате алтернативни опции, како што е Google Assistant, на двете слушалки.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Модерен и класичен стил

Од слушалките со чист и минималистички изглед до футролата за полнење со врвна завршна обработка со текстура - добивате елегантен и дискретен стил.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Изберете ја вашата боја

Слушалките WF-1000XM3 и футролата за носење се достапни во различни бои што можат да се усогласат со вашиот стил.

Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

Сè што ви е потребно

Во кутијата се вклучени кабел за полнење со USB-C-приклучок и два вида на ушни влошки достапни во различни големини.