WF-1000XM3

Само музика. Ништо друго.

Паузирајте го светот околу вас - најважно е да се поврзете со вашата музика. Нема шум, нема кабли, нема пречки. Само прекрасен звук, напредно поништување на шум и слобода при слушањето со часови.

ПОТПОЛНО БЕЗЖИЧНИ

Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

WF-1000XM3
Слика од Безжични слушалки со поништување на шум WF-1000XM3

platinumsilverblack

Главни карактеристики на WF-1000XM3
Напредно поништување на шум

Технологијата за поништување на шум во слушалките WF-1000XM3 е нашата најнапредна технологија што досега е вградена во потполно безжични слушалки, заедно со нашиот процесор QN1e за HD-поништување на шум. Сето ова ќе ви помогне да потонете целосно во вашата музика.

Слики и компонентен приказ на слушалките WF-1000XM3
Технологија за два сензори за шум

Двата микрофони - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата. 

Процесор QN1e за HD-поништување на шум

Штом наменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум открие амбиентален звук, тој веднаш се активира. Не само што поништува значително повеќе шум при сите фреквенции, туку и троши помалку енергија.

Дел од електронска плоча на која се гледа процесорот QN1e за HD-поништување на шум
Звук со извонреден квалитет

Опремени со напредна технологија за звук, слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум не само што овозможуваат слушање без шум, туку и нудат звук со неверојатен квалитет.

Слика одблиску од слушалките WF-1000XM3 на која се гледа звучникот од 6 мм
Звучник од 6 мм

Малиот и моќен звучник од 6 мм вграден во слушалките создава богат, јасен и распространувачки звук.

Лого за процесорот QN1e за HD-поништување на шум од Sony
Процесор QN1e за HD-поништување на шум

Повеќенаменскиот процесор QN1e за HD-поништување на шум нуди комбинација од дигитално поништување на шум, обработка на 24-битни аудио сигнали и дигитално-аналоген конвертор со засилувач за слушалки. Резултатот? Неверојатен звук со минимално изобличување.

Лого на DSEE HX
Подобрете го квалитетот на дигиталната музика со DSEE HX

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните дигитални музички датотеки до квалитет сличен на звукот со висока резолуција. 

Потполно безжична технологија

Благодарение на безжичната технологија Bluetooth® и ергономското вметнување за целодневна удобност, слушалките WF-1000XM3 со поништување на шум нудат максимална безжична слобода.

Совршени за серии, филмови и многу повеќе

Дали гледате видео содржини на вашиот паметен телефон или таблет-уред? Напредната безжична врска на WF-1000XM3 прецизно ги синхронизира сликите со звуците што ги слушате преку слушалките за поголемо уживање при гледањето.

Слушалки WF-1000XM3, магнетна футрола за полнење и паметен телефон Xperia на кружна дрвена маса, ставени покрај книга и очила, бокал и керамичка вазна
Слика на која се гледа како новиот чип за Bluetooth® го пренесува звукот до левото и десното уво истовремено

(A) Пренос од лево кон десно преку BT со WF-1000X.
(B) Истовремен пренос до лево и десно уво преку BT со WF-1000XM3

Стабилно и сигурно поврзување преку Bluetooth®

Чипот за Bluetooth® што го пренесува звукот до двете уши истовремено, заедно со оптимизираниот дизајн на антената, овозможува стабилна врска и неверојатно слушање. Малото доцнење на звукот придонесува и за одлично доживување при гледањето содржини.

Оптимизиран дизајн на антената

Позиционирањето на антената за Bluetooth® на слушалките е оптимизирано за да се овозможи поголема покриеност. На тој начин се зајакнува сигналот за непрекинато проследување.

Слика на која е прикажан оптимизираниот дизајн на антената на слушалките WF-1000XM3.
Дизајнирани за сигурно и стабилно вметнување
Слика на која е прикажана ергономската структура на слушалките WF-1000XM3 со троен контакт.
Ергономска структура со троен контакт

Слушалките што поништуваат шум се ергономски дизајнирани за да допрат во три точки на вашите уши и да овозможат сигурно и удобно вметнување.

Слика на која е прикажана гумената површина со висок фактор на триење на слушалките WF-1000XM3.
Гумена површина со висок фактор на триење

Гумената површина со висок фактор на триење ги прицврстува слушалките со поништување на шум во вашите уши за да спречи ненамерно испаѓање.

Слика од слушалките WF-1000XM3 со футрола за полнење, USB-C-кабел и различни ушни влошки.
Сè што ви е потребно

Вклучени се 3 големини на ушни влошки за тројно поголема удобност и 4 големини на долги хибридни ушни влошки од силикон и гума за совршено вметнување во ушите, максимален квалитет на звукот и минимален надворешен шум. Вклучен е и USB-C-кабел за полнење.

Икона за траење на батеријата до 24 часа
Време на слушање до 24 часа   

Кога слушалките се целосно наполнети, тие нудат енергија за 6 часа, а практичната футрола за полнење нуди 3 дополнителни полнења што се доволни за целодневно користење. Така добивате 24 часа за слушање без шум. Ако е исклучено поништувањето на шум, батеријата трае подолго - енергија за 8 часа при целосно полнење, а со 3-те дополнителни полнења од футролата за полнење добивате енергија за репродукција до 32 часа.

Икона за брзо полнење од 10 мин./репродукција до 90 мин.
Опција за брзо полнење кога се брзате

Понекогаш ви треба музика, веднаш. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути во футролата за полнење ќе добиете енергија за репродукција до 90 минути. 

Слика на која е прикажано како се ставаат слушалките WF-1000XM3 во магнетната футрола за полнење.
Практична магнетна футрола за полнење

Вратете ги слушалки со поништување на шум во футролата за полнење и тие ќе се позиционираат на место благодарение на магнетната внатрешност. USB-C-кабелот овозможува брзо и лесно полнење на футролата, за да бидете подготвени за слушање за следниот ден.

Слика од рака и прст што допира копче
Разговарајте со функцијата за брзо стишување

Ако го ставите прстот врз слушалката, јачината на звукот ќе се намали и ќе почнете да слушате амбиентални звуци, за да разговарате со некого без да ги вадите слушалките. Интуитивна контрола на допир - допрете ја левата слушалка за да преминете од режим за поништување на шум во режим за амбиентален звук. Може да доделите и други опции, како Google Assistant, Amazon Alexa и контрола на јачината на звукот, на двете слушалки преку Sony | Headphones Connect.

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.

Слика од приспособлива контрола на звук, со икони од такси и автобус и зборот „Transport“, функцијата за поништување шум е означена
Патување

Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.

Слика од приспособлива контрола на звук, со икони за пешачење и зборот „Walking“, функцијата за амбиентален звук20 е означена
Пеш

Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.

Слика од приспособлива контрола на звук, со икони за седење и стоење и зборот „Staying“, а функцијата за поништување шум е означена
Чекање

Слушајте важни соопштенија додека чекате, со намален шум во заднина.

Слушалки што реагираат на вас

Сензорот за близина во секоја слушалка може да открие дали носите една или две слушалки и соодветно да ја приспособи репродукцијата.

Слика од човек кој вади ушна влошка од увото
Паузирајте ја музиката

Извадете една слушалка и музиката автоматски ќе се паузира на двете страни.

Слика од некој кој става слушалка во уво
Продолжете со репродукција

Вратете ја слушалката и музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.

Лого за Sony | Апликација Headphones Connect
Имајте контрола врз содржините што ги слушате

Со апликацијата Sony | Headphones Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги прилагодувате нивоата на звукот според вашата музика.

Попаметно користење со вашиот омилен гласовен помошник

Google Assistant и Amazon Alexa и Siri

Организирајте го денот разговарајќи со вашиот омилен гласовен помошник. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

Лого ознаки за вграден Google Assistant и Alexa
Икона за повици без користење на рацете
Појасни повици без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Слушалките WF-1000XM3 репродуцираат појасни гласови, а на повиците може да одговарате преку која било слушалка или двете слушалки истовремено. На тој начин ќе можете да ги полните наизменично или јасно да го слушате соговорникот во бучни опкружувања.

Модерен и класичен стил

Од слушалките со чист и минималистички изглед до футролата за полнење со врвна завршна обработка со текстура - добивате елегантен и дискретен стил.

Слика од футролите за полнење на WF-1000XM3 во повеќе бои.
Изберете ја вашата боја

Слушалките WF-1000XM3 и футролата за носење се достапни во различни бои што можат да се усогласат со вашиот стил.

Сертифицирани слушалки за персонализирано слушање

Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect, оптимизирајте го слушањето преку анализа на формата на вашите уши, а потоа уживајте во врвно доживување.

Прилагодено филмско доживување

Со BRAVIA XR™ и безжичниот предавател WLA-NS7

Уживајте во возбудливо доживување со Dolby Atmos® и 360 Spatial Sound што се приспособува кон вашите уши благодарение на BRAVIA XR и овие слушалки со безжичен предавател WLA-NS7.  

Маж седи на кревет во дневна соба и користи слушалки преку безжичен предавател
360 Spatial Sound Personalizer

Уживајте во звук што е оптимизиран за вас благодарение на Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, овозможувајќи им на слушалките да создадат уникатно звучно поле за вас кога ќе ги впарите со телевизорите BRAVIA XR.

Безжичен предавател WLA-NS7 со слушалки оставени врз орман, предавателот е приклучени во телевизор BRAVIA монтиран на ѕид
Уживајте со Dolby Atmos

Ако го приклучите безжичниот предавател WLA-NS7 од Sony во телевизор BRAVIA XR, тогаш слушалките ќе создадат фантомски звучници во идеален распоред околу вас за да уживате со Dolby Atmos. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.

Artist_connection
Слушнете исечоци од музика на демо плеерот со преземање на Artist Connection

Спецификации и функции

Потполно безжичните слушалки WF-1000XM3 нудат комбинација од напредно поништување на шум со висококвалитетен звук, паметни функции за слушање, поврзување преку Bluetooth® и NFC, батерија што трае цел ден и долготрајна удобност при слушањето.
  • Дигитално поништување на шум со процесор QN1e за HD-поништување на шум и технологија за два сензори за шум

  • Потполно безжичен дизајн со безжична технологија BLUETOOTH®

  • Траење на батеријата до 24 часа за целодневно слушање

  • Функцијата за брзо стишување овозможуваат практични разговори без отстранување на слушалките

  • Модерен и класичен дизајн што се вметнува сигурно во вашите уши

ЗВУЧНИК
6 мм, во вид на купола (звучна намотка CCAW)
DSEE HX
Да
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
-
ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
-
NFC
Да (торбичка)
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
-
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди