Прескокни до содржина

WF-1000X

МУЗИКА БЕЗ ШУМ

Елиминирајте го шумот и уживајте во чиста музика благодарение на поништувањето на шум што е водечко во индустријата*. Дискретен дизајн за слушање со вистинска безжична слобода.

Попаметно поништување на шум 

Паметното поништување на шум штотуку стана помало. WF-1000X се поставува сигурно и удобно во вашите уши и го елиминира шумот. 

Без кабли

Само вашата музика, без кабли што пречат.

Отстранете го шумот и каблите

Слушајте без кабли и несакан шум во заднина.

WF-1000X со вклучено поништување на шум
WF-1000X со исклучено поништување на шум
ИСКЛУЧЕНО
ВКЛУЧЕНО

Компактен дизајн, јасен звук, удобно вметнување

Одличен звук од мал звучник од 6 мм во компактни слушалки што се вметнуваат удобно и сигурно во вашите уши. 

  • Минимален дизајн
  • Звучник од 6 мм
  • Безбедно вметнување и проследување

Решете ги проблемите кај WF-1000X

Ако звукот се прекинува или нема звук од десниот звучник на слушалките со микрофон, кликнете на линкот подолу за да го решите проблемот со звукот. 

Ажурирање на фирмверот за WF-1000X

Кликнете на копчето подолу за да го ажурирате фирмверот на вашите безжични слушалки WF-1000X на брз и едноставен начин.

Паметното слушање со приспособлива контрола на звук се прилагодува кон тоа што го правите

Паметното слушање со приспособлива контрола на звук автоматски открива дали патувате, пешачите или чекате, па според тоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук. Прилагодете ги по ваша желба со апликацијата Sony I Headphones Connect. 

Паметно слушање со WF-1000X

Патување

Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.  

Паметно слушање со WF-1000X

Пеш

Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика. 

Паметно слушање со WF-1000X

Чекање

Слушајте важни соопштенија додека чекате, со помалку шум во заднина.  

Лого за SENSE ENGINE™

Прилагодете го звукот по ваша желба  

SENSE ENGINE™ ви овозможува да ја вклучувате и исклучувате вашата музика со еден допир.

Sony I Лого за Headphones Connect

Sony | Headphones Connect

Преземете ја апликацијата за да користите паметно слушање со приспособлива контрола на звук, да ги контролирате поставките за амбиентален звук и да ги прилагодувате нивоата на звукот преку еквалајзерот.

Имајте контрола врз содржините што ги слушате

WF-1000X со нормален амбиентален звук

Амбиентален звук (нормален)

Вклучете го нормалниот режим за да ги слушате сите неопходни звуци од опкружувањето. 

WF-1000X со амбиентален звук за глас

Амбиентален звук (глас)

Вклучете го режимот за глас за да не ги пропуштите соопштенијата. 

WF-1000X со еквалајзер

Еквилајзер

Пронајдете ја совршената боја на звукот за сите песни во однапред поставените параметри што лесно може да ги прилагодите по ваша желба со апликацијата Sony | Headphones Connect. Достапна од октомври 2017 година.

Едноставни разговори без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со едно притиснување.

Паметно напојување, полнете во движење

Не останувајте без енергија, каде и да сте. Автоматското вклучување/исклучување го запира празнењето на батеријата со можноста за паметно полнење во торбата за носење.

Торба за полнење на WF-1000X

Торба за носење и полнење

Не грижете се за издржливоста на батеријата, туку ставете ги слушалките во торбата за носење и полнете ги во движење.

Автоматско вклучување/исклучување на WF-1000X

Автоматско вклучување / автоматско исклучување

Се вклучуваат и исклучуваат автоматски за да заштедат батерија кога не се употребуваат.

WF-1000X со икона за батерија што трае 9 часа

Траење на батеријата до 9 часа

Батерија што трае до 9 ч. (со кутија за полнење), репродукција на музика до 3 ч. со едно полнење (15 мин. полнење за 75 мин. слушање).

Спецификации и функции
Компактно поништување на шум. Минимални слушалки за во уво што нудат безжична слобода преку проследување со BLUETOOTH®, паметно слушање со паметни автоматски поставки и полнење во движење.
  • Дигиталното поништување на шумот ви овозможува да слушате без пречки

  • Artboard 1

    Безжично слушање со непрекинато проследување преку BLUETOOTH®

  • Минимален дизајн што се вметнува сигурно во вашите уши

  • Паметното слушање со приспособлива контрола на звук го прилагодува звукот автоматски според вашата активност

  • Со режимот за амбиентален звук ќе ги слушате неопходните звуци од опкружувањето

Звучник
6 мм (тип на купола)
S-Master HX
Не
DSEE HX
Не
Влез(ови)
Не
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Пасивно функционирање
Не
NFC
Да (торбичка)

Што има во пакетот

Торбичка за носење: Торбичка за полнење, USB кабел: 1, Ушни влошки: Долги хибридни силиконски гумени ушни влошки (SS, S, M, L X2), потпори за поставување (M, L X2), ушни влошки со тројна удобност (S, M, L X2)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Награди

Награди