Дали сакате да се нурнете во возбудливиот (и понекогаш обземачки) свет на звукот со висока резолуција? Постојат премногу информации за звукот со висока резолуција, но жаргонот би можел да ви личи на супа со букви полна со акроними и збунувачки термини.
Не грижете се. Нашата цел во Sony е да ве опремиме со целото знаење за звукот со висока резолуција што ви е потребно за да станете експерт за звук, за да уживате во најдоброто можно музичко доживување.
Ова е листа на основните термини во врска со звукот со висока резолуција кои одекнуваат во денешниот свет на зависниците од музиката и нивните дефиниции:
Звук со висока резолуција:
Звук кој користи поголема стапка на семплирање од CD дисковите и MP3 песните за кодирање и репродукција на музиката. Одликувајќи се со извонредна јасност и детали, звукот со висока резолуција внесува реалистичност во вашите омилени песни преку задржување повеќе податоци отколку при конверзијата на оригиналната снимена музика во MP3 фајлови. Во форматите на аудио фајловите со висока резолуција спаѓаат WAV, DSD, ALAC, FLAC и AIFF.
DSD наспроти PCM:
Има два основни начини за обработка/кодирање на звукот во дигитално употребливи формати - PCM и DSD. PCM е полесен за уредување. Меѓутоа, DSD е главниот формат за архивирање кој се користи во музичките студија, но постојат мислења дека DSD нуди најсличен квалитет на дигиталните примероци на фајловите со оригиналниот аналоген извор. Ова се спецификациите за двата:
DSD:
Direct-Stream Digital користи кодирање со модулација на густината на импулсите за да ги складира звучните сигнали во дигитални медиуми за складирање. Стапката на семплирање на оваа технологија е или 2,8224 MHz или 5,6448 MHz, што значи 64 пати или 128 пати поголема од стапката на семплирање кај CD дисковите.
PCM:
Pulse Code Modulation е технологија која ги претвора стандардните аудио сигнали во дигитален звук. Таа претставува стандардна форма на дигиталниот звук кај компјутерите и CD дисковите. Од амплитудата на сигналот се зема примерок во рамномерни интервали, а потоа секој примерок се ограничува на најблиската вредност со помош на неколку дигитални чекори.
Со загуби:
Компресијата со загуби резултира со губење на податоците и квалитетот на оригиналната верзија и се поврзува со MP3 и AAC фајловите. Добиениот фајл зазема многу помалку простор од оригиналната верзија, но се жртвува голем дел од квалитетот.
Без загуби:
Компресијата без загуби овозможува речиси совршена реконструкција на оригиналните податоци од компресираните податоци, што се постигнува со помош на посебна група алгоритми. Големината на фајловите за податоците без загуби најчесто се поголеми од фајловите со загуби, но квалитетот на звукот е значително подобар. Примери за формати на фајлови од ваков вид се FLAC и Apple Lossless.
Некомпресиран:
Самото име говори дека звукот не е компресиран - оригинални податоци без компресија. Воглавно, најдобриот квалитет на звукот произлегува од форматите на некомпресираните аудио фајлови како WAV и AIFF. Меѓу недостатоците на некомпресираниот звук се вбројуваат големиот простор што го зафаќа и пропусниот опсег кој е потребен за да се отвораат и да се репродуцираат овие фајлови.
kHz/bit:
Ова е стандардното означување на фреквенцијата на семплирање во однос на бит-длабочината.
Бројот на килохерци (kHz)
е мерка за фреквенцијата на семплирање, која означува колку пати во една секунда се зема примерок од звукот. Значи, колку е повисок бројот на kHz, толку е подобар квалитетот на звукот.
Бит-длабочина
е мерка за тоа колку битови (или количина на податоци) се наоѓаат во секој примерок. Бит-длабочината соодветствува на резолуцијата на секој примерок. Колку е поголема бит-длабочината, толку е подобар квалитетот на звукот.
Сега кога сте опремени со нов вокабулар од областа на звукот со висока резолуција, одвојте малку време да ги доживеете овие термини во вистинскиот живот.
Слушајте песни со кристално јасен звук со висока резолуција на вашите врвни слушалки MDR-1A/B со звук со висока резолуција.
Уживајте во предностите на DSD кој може да се репродуцира на вашиот дигитален музички плеер Walkman® со 64GB и звук со висока резолуција.
Можете да ги пронајдете сите ваши омилени песни со звук со висока резолуција.