Најдобро доживување при играње игри
Совршен за PlayStation®

Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony ги прави игрите реални и создава живописни слики со тродимензионален и амбиентален звук.

Извонреден контраст за игри

Стандардните телевизори користат само еден ред LED-светилки; Full Array LED од Sony ги поставува низ целиот екран, а секоја зона се контролира посебно за да се овозможи затемнување на темните површини, осветлување на светлите површини и откривање на сите детали од алтернативниот универзум во кој ќе зачекорите.


DREAMS™ © година на издавање-тековна година Sony Interactive Entertainment Europe. Издадено од Sony Interactive Entertainment Europe Ltd. Создадено од Media Molecule. „DREAMS“ е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Sony Interactive Entertainment Europe. Сите права се задржани.

Движења во реално време

Контролирајте ги сите движења во реално време благодарение на неверојатно брзиот одзив и наменскиот режим за игри што го минимизира доцнењето на влезниот сигнал.

HDMI2.1 ќе стане достапен со понатамошно ажурирање на софтверот, само кај моделот XH90.



© 2016 Sony Interactive Entertainment Inc. Создадено од Polyphony Digital Inc. Производителите, автомобилите, имињата, брендовите и сличните слики присутни во оваа игра во некои случаи содржат заштитни знаци и/или материјали со авторски права на нивните соодветни сопственици. Сите права се задржани. Сите прикази или модели на вистински локации во светот, тела, компании или организации не се, ниту пак подразбираат, какво било спонзорство или поддршка на оваа игра од страна на тие лица или партии. Лого ознаките за „Gran Turismo“ се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Sony Interactive Entertainment Inc.

Повеќедимензионален звук

Нашата врвна технологија Acoustic Multi-Audio™ користи високотонци за позиционирање на звукот за да создаде прецизно контролиран и висококвалитетен звук, токму од местото каде што се случува нешто на екранот. Како резултат добивате реални и динамички игри, а сè што гледате е усогласено со звукот што го слушате.

Acoustic Multi Audio е достапен кај екрани од 55" и поголеми за XH95 и кај екрани од 65" и поголеми кај XH90.

Uncharted™4: A Thief’s End ©година на издавање-тековна година Sony Interactive Entertainment America LLC. Издадено од Sony Interactive Entertainment Europe.
Создадено од Naughty Dog LLC. „Uncharted“ е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Sony Interactive Entertainment Europe. Сите права се задржани.

BRAVIA® од Sony-создаден за гејмери
Серија XH90 - играјте како што замислил креаторот

Откријте ги деталите во сенките и уживајте во максимална светлина со Full Array LED; слушајте звук од местата на екранот каде што се случува нешто благодарение на нашата технологија Acoustic Multi-Audio™. Со XH90 може максимално да уживате во сите аспекти на игрите.

Acoustic Multi Audio е достапен само кај екрани од 55" и поголеми за XH90.

Нашиот најдобар 4K LCD-телевизор - серија XH95

Опремен со X1 UltimateTM - истиот моќен процесор што го вградуваме во нашите 8K-телевизори - XH95 нуди врвен квалитет на слика, а заедно со нашата технологија за генерирање звук од екранот навистина ќе се задлабочите во случувањата.

Серија A8 - моќен и прекрасен OLED-екран

Одликувајќи се со повеќе од 8 милиони самоосветлувачки и индивидуално контролирани OLED-точки, A8 ќе ви прикаже почисти светли тонови и подлабоки црни тонови, внесувајќи ново ниво на длабочина, текстура и реалистичност во игрите што ги играте.