Најдобро доживување при играње игри

Подгответе се за PlayStation®5

Започнува нова ера на играњето игри. Добијте 4K-резолуција со 120 fps - новитет што го нуди PS5 со компатибилни BRAVIA-телевизори од сериите ZH8 и XH90/92.

4K 120 слика
Со 4K/120 fps ќе бидете победник

Трансформирајте го доживувањето на игрите. 4K-телевизорите со HDMI-влез со голема брзина од 120 fps овозможуваат рамномерни, јасни движења и брз одзив при играњето.

PlayStation®5 и ZH8/XH90 поддржуваат игри во 4K при 120 fps.

Направете ги случувањата пореалистични со 8K

Неверојатно високата резолуција на нашите 8K-телевизори ви овозможуваат да се задлабочите во неверојатната длабочина и во деталите.

8K-резолуцијата е достапна со PlayStation®5 и ZH8.

Споредба на глава од лав во 4K и 8K-резолуција.
Извонреден контраст за игри

Стандардните телевизори користат само еден ред LED-светилки; Full Array LED од Sony ги поставува низ целиот екран, а секоја зона се контролира посебно за да се овозможи затемнување на темните површини, осветлување на светлите површини и откривање на сите детали од алтернативниот универзум во кој ќе зачекорите.

Повеќедимензионален звук

Нашата врвна технологија Acoustic Multi-Audio™ користи високотонци за позиционирање на звукот за да создаде прецизно контролиран и висококвалитетен звук, токму од местото каде што се случува нешто на екранот. Како резултат добивате реални и динамички игри, а сè што гледате е усогласено со звукот што го слушате.

Acoustic Multi Audio е достапен кај екрани од 55" и поголеми за XH95 и кај екрани од 65" и поголеми кај XH90.

Разгледајте ги моделите
подготвени за PlayStation 5
Серија XH90 - играјте како што замислил креаторот

Откријте ги деталите во сенките и уживајте во максимална светлина со Full Array LED; слушајте звук од местата на екранот каде што се случува нешто благодарение на нашата технологија Acoustic Multi-Audio™. Со XH90 може максимално да уживате во сите аспекти на игрите.

Acoustic Multi Audio е достапен само кај екрани од 55" и поголеми за XH90.

* Достапноста на функцијата зависи од моделот.* Потребна е игра за PS5™ што поддржува 8K-резолуција.* Прикажувањето слики од игри во 8K-резолуција преку PS5™ ќе стане достапно преку понатамошно ажурирање на фирмверот на телевизорот BRAVIA.  

ZH8- Внесете реалистичност во случувањата со 8K

Погледнете колку се реални игрите на ZH8 со извонредна резолуција 8K. Full array LED ги прикажува најситните детали со реални бои и длабок контраст, а со технологијата Acoustic Multi Audio, звукот се репродуцира директно од екранот за да се усогласи со акцијата.

Совршен за PlayStation®

Користејќи напредни технологии за слика и звук, BRAVIA® од Sony ги прави игрите реални и создава живописни слики со тродимензионален и амбиентален звук.

Совршен за Playstation

ФУНКЦИИ ЗА ИГРИ

Нашиот најдобар 4K LCD-телевизор - серија XH95

Опремен со X1 UltimateTM - истиот моќен процесор што го вградуваме во нашите 8K-телевизори - XH95 нуди врвен квалитет на слика, а заедно со нашата технологија за генерирање звук од екранот навистина ќе се задлабочите во случувањата.  11

Серија A8 - моќен и прекрасен OLED-екран

Одликувајќи се со повеќе од 8 милиони самоосветлувачки и индивидуално контролирани OLED-точки, A8 ќе ви прикаже почисти светли тонови и подлабоки црни тонови, внесувајќи ново ниво на длабочина, текстура и реалистичност во игрите што ги играте.