Попаметно доживување со Android TV

Пребарувајте ги омилените апликации брзо и едноставно, само со разговарање и без чекање. 

Над 5000 апликации, најмногу од сите телевизори

Пронајдете повеќе во Google Play store

Пронаоѓајте содржини лесно со гласовното пребарување

Пронаоѓањето омилени содржини е лесно, само кажете

Со гласовното пребарување, од апликациите, сериите, филмовите и другите содржини ве дели само едно прашање.

Приспособете го телевизорот со апликации

Прилагодете го вашиот телевизор по ваша желба

Приспособете го телевизорот со додавање омилени апликации - исто како на паметниот телефон.  

Побрзо пронаоѓање апликации, помалку чекање

Нема повеќе чекање

Апликациите се активираат брзо и нема чекање кога менувате апликации - Netflix се активира 3x побрзо од порано.

Извонредно доживување со Netflix

Препорачано од Netflix

Netflix ги препорачува телевизорите со Android TV

Netflix ви нуди лесен начин на препознавање телевизори со подобри перформанси, полесен пристап до апликации и функции што го подобруваат телевизорот. Со Netflix recommended TV ќе уживате во популарни серии и филмови преку наменско копче и гласовна контрола.

Netflix Calibrated Mode

Врвен квалитет со Netflix Calibrated Mode

Овој режим е специјално дизајниран за гледање оригинални содржини од Netflix и репродукција на слики на телевизорот со ист квалитет како во филмско студио. Со Netflix Calibrated Mode се зачувува вистинската замисла и намера на режисерот.

Dolby Vision и Dolby Atmos

Добијте максимално доживување со Dolby

Одредени телевизори со Android TV се компатибилни со Dolby Vision® и Dolby Atmos® и нудат неверојатно доживување при гледањето и звук што целосно ќе ве опкружи.

Почнете да живеете попаметно

Може да се користи со AppleAirPlay/AppleHomeKit

Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.

Може да се користи со Apple AirPlay / Apple
Испраќајте содржини на поголем екран со Chromecast built-in

Испраќајте содржини на поголем екран со Chromecast built-in

Chromecast ви овозможува да ги проследувате омилените видеоснимки, игри и апликации од мобилниот уред кон телевизорот со максимален квалитет. Сè што е потребно за да ги зголемите саканите содржини е еден допир на копчето за префрлување на екранот од уредот со Android или iOS. Проследувајте содржини, а потоа продолжете да пребарувате преку телефонот или таблет-уредот.